Author: geosfera

Во период на 11 години постоење на Геосфера реализирани се десетина обуки за наставниот кадар и неколку теренски истражувања (rgdgeosfera.tripod.com), а за учениците се реализирани серија од едукативни предавања на повеќе актуелни теми (geosfera-edukacija.webs.com). Исто така, во соработка со ученици од географските и еколошките секции во училиштата организирани се мали ученички проекти на еколошки теми: мапирање на дивите депонии во град Битола и еколошки проблеми на населението од населбата Баир, каде живее претежно ромско население.
  • Реализирана едукативна работилница

    Регионалното географско друштво „Геосфера“ – Битола на 30.08.2017 год. за наставниците по географија од регионот на Битола, Ресен и Демир Хисар организираше едукативна работилница на тема: „Примена на ИКТ во наставата по географија во функција на формативното оценување на учениците – Educaplay“. Предавачи: м-р Мите Ристов и Даниела Ристова.

  • ОДРЖАНИ РЕГИОНАЛНИТЕ НАТПРЕВАРИ ПО ГЕОГРАФИЈА ЗА 2017 ГОД. ВО РЕГИОНОТ НА БИТОЛА

    Регионалното географско друштво ГЕОСФЕРА – Битола ги организира регионалните натпревари по географија за 2017 год. Истите се одржаа на 01.04.2017 год. во ОУ „Св. Климент Охридски“ – Битола и на нив учествуваа 42 ученици и околу 20 ментори наставници. Повеќе информации на http://geosfera.webs.com/

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор