Author: Здружение за заштита и унапредување на животната средина ЕКО ЛОГИК

  • Млади еко-херои: Како ги инспирираме претприемачите на иднината

    Во светот во кој промената станува нужност, а не избор, младите сè почесто поставуваат прашања за одржливост, екологија и својата улога во решавање на големите еколошки предизвици. Одговорот? Екопретприемништво.Преку нашето партнерство во проектот Games, Resources, Environment, Entrepreneurship and Education, заедно со SYNTHESIS од Кипар, Danilo Dolci од Италија, Sprijin si Dezvoltare од Романија и СОУ „Димитрија Чуповски“ од Велес, работиме на создавање нова генерација на млади лидери кои не само што сонуваат за подобра иднина – туку активно ја градат.Наставната програма за Ecopreneurship е иновативна алатка која комбинира учење преку работа, креативно размислување и истражување на пазарот – сето тоа на разбирлив начин за ученици од основно и средно образование.Што е всушност „екопретприемништво“?На едноставен начин, тоа значи да се започне бизнис кој носи корист и за заедницата и за планетата. Во првите часови учениците учат што значи да се биде еко-свесен претприемач, зошто е важно да се вклучат иновации и како социјалната одговорност игра централна улога во секој одржлив бизнис модел.Од идеја до акцијаНаставната програма е поделена во 9 модули, почнувајќи од основите на еко-претприемништвото, преку истражување на пазарот и развој на идеи, па сѐ до анализа на вистински еколошки трендови, изработка на деловен план, и развој на реални проекти. На пример, нашите ученици учат:🔍 Како да направат истражување на пазарот за еко-производи📈 Како да анализираат трендови поврзани со рециклирање или одржлива мода💡 Како да создадат иновативен производ што е и практичен и еколошки🌍 Како да планираат раст на својот бизнис без да го загрозат животната срединаЗошто ова е важно?Оваа програма не создава само знаење – таа гради карактер. Учениците не само што добиваат вештини за економска писменост и иновација, туку стануваат свесни граѓани, подготвени да се вклучат во решавање на реални општествени и еколошки предизвици.📣 Преку активности како анализа на успешни еко-бизниси, развој на сопствени идеи и учење за важноста на пазарните податоци, младите се оспособуваат да донесуваат одговорни одлуки – за себе и за околината.Горди сме што сме дел од променатаВо Еко Логик, веруваме дека едукацијата е темел на секоја трансформација. Преку ова партнерство, го поддржуваме создавањето на нови генерации еко-претприемачи – луѓе кои знаат дека успехот не мора да биде на сметка на планетата.Сакаме оваа програма да допре до што повеќе млади луѓе. Ако сте наставник, родител или организација која работи со млади – ве повикуваме да се вклучите. Заедно можеме да инспирираме повеќе еко-херои да ја променат играта.

  • Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Здружение за заштита и унапредување на животната средина Еко Логик Скопје и ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје

    Во насока на зајакнување на нашите активности во областа на образованието на возрасните, со особено внимание кон одржливиот развој и еколошката писменост, на 30.05.2025 година потпишавме Меморандум за соработка со Јавната установа Центар за образование на возрасните – Скопје.Овој чекор претставува важен момент за Еко Логик, бидејќи преку стратешко партнерство со релевантна институција, отвораме нови можности за заеднички активности, развој и имплементација на локални и европски проекти, како и спроведување на политики во дејностите образование и наука.Потпишувањето го формализираа:Никола Нешкоски, директор на Здружението за заштита и унапредување на животната средина Еко Логик – Скопје

    Садудин Садики, директор на ЈУ Центар за образование на возрасните – СкопјеСо Меморандумот, страните се обврзуваат на соработка врз основа на взаемна доверба, разбирање и заедничка визија, и ќе работат заедно во рамките на утврдени начела и постапки, со фокус на градење поодржлива, еколошки свесна и образована заедница.Преку ова партнерство, ќе развиваме нови едукативни програми, активности и ресурси што ќе ги доближат темите за екологија, циркуларна економија и климатски промени до пошироката јавност – особено до возрасната популација.Благодарни сме за довербата и со нетрпение очекуваме да ги споделиме резултатите од оваа соработка!

  • Со спортска страст и визија за иднината: Успешно ја затворивме завршната конференција на проектот “Good Governance and Sustainability in Sport Practice”

    Со огромна чест и инспирација ја затворивме интернационалната завршна конференција на проектот Good Governance and Sustainability in Sport Practice, организирана од Еко-Логик во соработка со партнери од Италија, Шпанија, Србија, Унгарија и Германија .Оваа конференција обедини повеќе од 70 учесници – спортисти, спортски менаџери, тренери, волонтери, претставници на клубови, локални спортски здруженија, федерации, како и претставници од Македонскиот олимписки комитет. Заедно, ја споделивме нашата заедничка посветеност кон одржлив развој во спортот и унапредување на доброто управување.Темите што ги дискутиравме беа клучни и актуелни – транспарентност, инклузивност, и долгорочна одржливост во спортските практики. Преку инспиративни презентации од партнерите на проектот, динамични дискусии со говорници од различни спортски профили и интерактивни работилници, се развија идеи за нови иницијативи и проекти кои ќе продолжат да го градат патот кон еден поодржлив спортски систем.Голема благодарност до сите учесници, говорници и соработници кои дадоа свој придонес во оваа успешна приказна. Вашата енергија, знаење и ентузијазам се основата врз која ќе продолжиме да градиме одржливи спортски заедници.Особена благодарност упатуваме до Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при УКИМ, кој беше домаќин на конференцијата. Со голема почит му се заблагодаруваме на проф. д-р Влатко Неделковски, декан на факултетот, за неговата отвореност, поддршка и топло гостопримство.Овој настан уште еднаш покажа дека академската заедница има важна улога во унапредување на принципите на добро управување и одржливост во спортот. Заедно, преку меѓусекторска и меѓународна соработка, можеме да создадеме подобра иднина за спортот – иднина каде што вредностите, одговорноста и одржливоста се во срцето на секое спортско делување.

  • Градинарење со срце: Еко-настан во Бостание во рамки на ГЕА проектот

    На 10 мај оваа година, имавме можност да го поминеме денот учејќи и дружeјќи се со вистински љубители на земјата, растенијата и заедничкото создавање. Настанот беше дел од едукативната серија во рамки на Еразмус+ проектот ГЕА, кој има за цел да ја подигне еколошката свест кај возрасните 🌍.Овојпат, ни се придружија Филип од Градината на Филип, Димитар, како и граѓаните-градинари од општествената градина Бостание 🌱. Со нив споделивме искуства, совети, насмевки – и научивме нешто многу вредно: дека секој може да почне со градинарење, без разлика дали има голем двор или само мал балкон.Совет за почетници? Почнете со ротквички!Тие растат брзо и ве наградуваат со првите резултати од вашиот труд уште на самиот почеток. Освен тоа, научивме да садиме според сезоната, да садиме со љубов и да се грижиме да има што повеќе зеленило и плодови – дури и во срцето на градот.🙏 Огромна благодарност до нашите инспиративни предавачи и до сите учесници кои дојдоа од различни делови на Скопје. Посебна благодарност до љубопитните и великодушни градинари од Бостание, кои несебично ги споделија своите приказни, совети и топлина со сите присутни .Овој настан беше дел од серијата активности кои Еко Логик ги реализира во рамки на ГЕА проектот во текот на април и мај. Се гледаме наскоро на следниот настан!

  • Еко-едукација за возрасни: Посета на Отворената Градска Лабораторија во рамки на ГЕА проектот

    На 7 мај имавме чест да одржиме уште еден од едукативните ГЕА еко-настани за возрасни, овој пат на едно навистина инспиративно место – Отворена Градска Лабораторија. Настанот беше дел од нашата посветеност за еколошка едукација и вклучување на возрасната популација во теми одржливи заедници и иновации.За време на посетата, учесниците имаа можност одблизу да се запознаат со просторот и активностите кои се реализираат во оваа уникатна лабораторија. Највпечатливо беше запознавањето со учениците кои редовно ја користат лабораторијата за учење, експериментирање и развивање на сопствени еколошки и технолошки решенија. Преку нивните приказни, видовме колку е важно младите да имаат пристап до вакви современи образовни алатки.Искрена благодарност до сите учесници за нивниот интерес и ангажман, и особено до тимот од првата биотехничка лабораторија кој несебично го сподели своето знаење и искуство.Овој настан беше организиран во рамки на Еразмус+ проектот ГЕА, кој има за цел да ја подигне еколошката свест кај возрасните преку низа активности и едукативни настани. Тој е дел од пролетната серија активности кои Еко Логик ги спроведува во април и мај.Продолжуваме со нови настани и еко-иницијативи – следете нè за повеќе информации и приклучете се во градење на поодржливо општество!

  • Петочко Хуманитарно Готвење: Заедно за Поддршка и Свесност

    Минатата недела ја завршивме со исклучително значаен и инспиративен настан – петочко хуманитарно готвење организирано во рамки на иницијативата „Ретвитни оброк – Retweet a meal“. На овој настан, група посветени и прекрасни луѓе се собраа со една заедничка цел: да помогнат на оние што имаат потреба од поддршка и да поттикнат поголема свест за хуманоста и активизмот.За време на настанот, споделивме не само топли оброци, туку и важни пораки за значењето на хуманоста кон луѓето и кон природата. Потсетиме колку е важно граѓанското учество во локалните акции и како секој од нас може да направи промена во својата заедница.Резултатот беше импресивен – безмалку 150 топли оброци беа зготвени и веднаш поделени. Повеќе од тоа, настанот создаде посвесни сограѓани кои сфатија дека помошта не е само индивидуална работа, туку колективна одговорност.Особена благодарност до неуморните пензионерки од Чаир кои својот труд и време го вложија во реализацијата на оваа хуманитарна акција, како и до сите други учесници кои ни се придружија и дадоа свој придонес.Овој настан беше организиран во рамки на Еразмус+ проектот ГЕА, кој има за цел да ја подигне еколошката свест кај возрасните. Настанот е дел од серија едукативни активности што Еко Логик ги спроведува во периодот април-мај, со цел да ја поттикне одговорноста кон животната средина и заедницата.Ваквите иницијативи се потсетник дека секој од нас може да биде дел од промена – со мал гест, со отворено срце и со посветеност кон другите. Само така, заедно, можеме да создадеме поздраво и повнимателно општество.

  • Новите прирачници за искуствено учење во областа на животната средина и климатските промени се достапни на веб-страницата на БРО

    Два нови прирачници изработени од Еко Логик во соработка (ко-креација) со Бирото за развој на образованието (БРО), чии автори се Кирил Арсовски – Пржо, Никола Нешкоски, Славица Несторовска, Билјана Арсовска и м-р Иванка Мијиќ, од минатата недела се официјално објавени на веб-страницата на БРО.Сите основни училишта во Македонија добија задолжение да спроведат дел од активностите содржани во прирачниците заедно со своите ученици, со цел унапредување на свеста за одржлив развој и подготвеност за климатските предизвици преку искуствено учење.Во прилог ги споделуваме и самите прирачници, објавени и на веб-страницата на Еко Логик: Прирачник за наставници – Интегрирање на искуствено учење за животна средина и климатски промени во наставата по природни науки од прво до петто одделение во основното образованиеДостапен на македонски и англиски јазик Прирачник за воспитувачи – Интегрирање на искуственото учење за животната средина и климатските промени во реализацијата на програмата за рано учење и развојДостапен на македонски и англиски јазикОвие прирачници се дел од програмата „Охрабрување на децата и младите во Македонија да станат двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедниците од климатските промени“, реализирана во партнерство со УНИЦЕФ и БРО, со финансиска поддршка од Владата на Шведска.За повеќе информации и преземање на прирачниците, посетете ја: bro.gov.mk

  • Едукативна работилница за биоотпад: Учениците од ООУ „Владо Тасевски“ активно учествуваат во создавање одржлива иднина

    Изминатата недела, учениците од ООУ „Владо Тасевски“ – Скопје имаа можност да бидат дел од инспиративна и едукативна работилница, која се одржа во Биотехнолошката лабораторија. Настанот беше организиран во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, кој има за цел да ја зголеми свеста и вклученоста на младите во темите поврзани со одржливо управување со отпадот и заштита на животната средина.На работилницата, учениците активно учествуваа во практична демонстрација на експерименти со биоотпад. Преку интерактивен пристап и работа во мали групи, тие научија како органскиот отпад може да се реупотреби и рециклира, и каква улога има секој поединец во создавање на поодржлива заедница. Наставниците и модераторите ги поттикнаа учениците да размислуваат критички, да поставуваат прашања и да изведуваат заклучоци базирани на набљудување и анализа.Овој настан е дел од поширока иницијатива што го спроведува Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Македонија, во партнерство со организациите Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија. Проектот е финансиски поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика Мобилитас, која има за цел да ги поттикне активното граѓанство и зајакнување на заедниците во Македонија.Зошто е ова важно?Работилницата не само што придонесе кон зголемување на знаењето кај учениците за темите како што се циркуларната економија и управувањето со органски отпад, туку и ги мотивираше да станат активни чинители во процесот на промена. Со вакви иницијативи, младите генерации се охрабруваат да ја преземат одговорноста за животната средина и да бидат дел од решението.Поглед кон иднинатаСо надеж дека вакви иницијативи ќе станат сѐ почести во образовниот систем, веруваме дека учениците од „Владо Тасевски“ ќе продолжат да ја шират пораката за еколошка одговорност и одржливост. Тие се пример за тоа како знаењето, кога е поддржано со практична примена и вистинска мотивација, може да биде двигател на вистински промени.

  • Инспиративен GREEEN настан во Скопје!

    🎉 Инспиративен GREEEN настан во Скопје! 🌍📍 30 април | Младински Центар МатичноПод мотото „Пријави се. Поврзи се. Инспирирај се. Научи. Сподели. Развивај се себе и учениците“, Еко Логик и ССОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес го организираа мултипликаторниот настан за промоција на резултатите од проектот GREEEN – Games, Resources, Environment, Entrepreneurship and Education Network.👥 На настанот беа споделени:Прирачник за претприемништво – со нови идеи за претприемачки предизвици.Прирачник за воннаставни активности – креативни решенија за учење надвор од училница. Онлајн лекции – 80 нови дигитални ресурси од областа на природни и општествени науки, уметност  технологија, кои ќе го збогатат искуството на наставникот. Презентација на најдобрите еколошки иницијативи и претприемачки проекти – извонредни примери на иновации и еколошки проекти во кои учениците активно учествуваa. Статии од онлајн весник, создадени од учениците- повеќе од 100 написи кои се фокусирани на еколошки прашања и претприемништвоПрезентација на стрип – визуелно инспиративно согледување на еколошките проблеми.Учениците зборуваа за своето искуство од нивното учество преку подготвка на статии, стрип и проекти📣 Што велат учесниците?✔️ Одлична организација и корисна содржина✔️ Практични и иновативни примери, особено стрипот како едукативна алатка✔️ Доволно време за дискусија и размена на искуства✔️ Силна желба за повторна соработка и идни активностиОвој настан го потврди значењето на креативниот пристап во едукацијата и важноста на соработка помеѓу ученици и наставници. Продолжуваме со уште поголема мотивација! 💡🌿

  • Прв билтен на GreenLead: Почеток на активностите за зелена транзиција

    Date:
    28/04/2025

    Горди сме да го споделиме првиот билтен на проектот GreenLead, кој содржи информации за првите активности спроведени од шесте партнери од Шпанија, Словенија, Грција и Македонија. Меѓу активностите се вклучени: партнерскиот состанок во Теруел (Шпанија), спроведеното истражување и изготвениот извештај за состојбата на зелената транзиција на малите и средни претпријатија во четирите земји​. Проектот е […]

    Горди сме да го споделиме првиот билтен на проектот GreenLead, кој содржи информации за првите активности спроведени од шесте партнери од Шпанија, Словенија, Грција и Македонија. Меѓу активностите се вклучени: партнерскиот состанок во Теруел (Шпанија), спроведеното истражување и изготвениот извештај за состојбата на зелената транзиција на малите и средни претпријатија во четирите земји​.Проектот е ко-финансиран од Европската Унија преку програмата Еразмус+ и има за цел да ја поддржи зелената транзиција на европските МСП преку развој на нови профили на „Зелен лидер“ и иновативна обука за едукатори и бизниси.Македонскиот партнер во проектот е Еко Логик, кој активно учествува во сите активности и придонесува кон градење на поодржлива и поконкурентна економија во Европа.Следете нè за повеќе информации и наредните чекори на GreenLead!

    OTHER Publications for adults

    Во свет каде што одржливоста станува сè поважна, Eco Logic со гордост е дел од проектот „Тренери за одржливост“ – кофинансиран од програмата Еразмус+. Во партнерство со организации од Германија (WNB e.V.), Италија (CSCI Novara) и Кипар (Synthesis), работиме на развој на иновативни образовни материјали и алатки кои ќе ги поттикнат идните генерации да станат […]
    Read more

    Програмата за обука е прилагодена за општинските вработени ширум Европа. Тој е дизајниран да ги опреми поединците од различни сектори во општините со знаења и вештини потребни за ефективно да се поттикнат иницијативите за одржливост и зелена транзиција. Преку модулите, учесниците ќе ги истражуваат клучните концепти и практични стратегии за спроведување на одржливи практики во […]
    Read more

    The GREEEN project is more than just an initiative—it’s a movement that equips young minds with the tools to create lasting environmental change. Coordinated by Eco Logic and supported by partner organizations across Europe, this project is actively shaping the next generation of eco-entrepreneurs, educators, and sustainability advocates. Building Capacity for a Greener Future At […]
    Read more

    По повеќе од две години посветена соработка, проектот InterGreen успешно се завршува, оставајќи значајно влијание врз општините во шест европски земји: Франција, Италија, Португалија, Грција, Кипар и Македонија. Овој проект, ко-финансиран од Европската Унија преку програмата Еразмус+, имаше за цел да ги зајакне зелените вештини и да овозможи поодржливи локални заедници. Главни резултати: Интерактивна едукативна […]
    Read more

    Со влегувањето во 2025 година, проектот InterGreen продолжува со активностите за промоција на одржливоста и зајакнување на зелените вештини на општинските службеници во шест европски држави: Португалија, Италија, Франција, Грција, Кипар и Македонија. Овој проект е ко-финансиран од Европската Унија во рамки на програмата Еразмус+, а неговата цел е да им помогне на општините да […]
    Read more

    Во рамки на ГЕА проектот, беше подготвен краток водич кој има за цел да ги поттикне возрасните на создавање и практикување одржливи навики. Овој водич содржи практични совети кои преку едноставни промени можат да придонесат за поодржлива иднина за сите нас. Што содржи водичот? Водичот ги опфаќа следниве теми: Достапност и јазици Водичот е достапен […]
    Read more

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор