Author: Здружение на граѓани „Младински образовен форум Скопје“.

МОФ е младинска заедница која ги остварува своите цели преку информирање, едукација, дискусија, соработка и преку мотивирање и поддршка на младите.
  • Колку вреди студентското достоинство?

    Студентското организирање во Македонија отсекогаш било синоним за достоинство, револуционерност и автентична борба за правда. Платото на УКИМ, најголемиот универзитет во земјава, со децении претставува свет простор на студентската мисла и отпор. Тоа е местото каде што генерации студенти храбро се спротивставуваа на неправдите, го креваа својот глас и храбро се бореа за своите права, често плаќајќи висока цена за своите идеали.
    Денес, по повод трагедијата во Кочани, студентите повторно се собраа на ова плато да изразат болка, револт и солидарност. Но наместо да бидат чуени, нивните гласови беа замолчувани од оние кои треба да ги застапуваат. Студентите иссвиркуваа, одбивајќи да бидат пасивни слушатели на монолози, во моменти кога нивната болка е погласна од сè! Огромниот број на студенти кои се појавија на платото на УКИМ, не за еден поединец, туку за нивните пријатели, колеги и познаници. За тагата и гневот кои ги чувствуваат како млади луѓе кон системот, кон трулото секојдневие и кон сè што тоне.
    Да си студентски лидер значи многу повеќе од формална функција или титула. Тоа значи да бидеш гласот на илјадници млади луѓе кои ти ја дале својата доверба. Тоа значи да ја браниш нивната слобода, достоинство и глас.
    Ви се обраќаме на вас, на студентските претставници! Вие не сте таму заради популарноста, а ниту заради министрите, ниту заради ректорите или политичарите. Вашето место не е во нивна сенка, туку во првите редови на студентската борба! Никој од центрите на моќ – ниту ректоратот, ниту министерството, ниту политичарите – никогаш нема да го чуваат вашиот грб. А вие не сте таму заради нив. Вие сте таму само и единствено само, заради студентите. Тие се вашата сила, и вашата единствена вистинска поддршка!
    Историјата нè учи дека секогаш кога студентските движења биле независни од политиката, постигале значајни победи. Од моменти кога била газена студентската автономија, до моменти кога студентите требале да покажат каде им е навистина местото. Токму затоа платото на УКИМ е свето место. Сведок и симбол на сите битки кои студентите ги воделе за подобро општество.
    Денешниот собир не смееше и ниту еден нареден не смее да биде политизиран. Студентите не може и не смее да бидат предмет на калкулации или интереси.
    Студентскиот збор вреди онолку колку што ќе го браниме со страст, достоинство и непоколебливост. Затоа денес јавно прашуваме: Колку вреди студентското достоинство?
    Пред само еден месец одбележавме пет години откако го создадовме студентското организирање заедно со студентите. Движење кое произлезе од искрената желба за вистинско претставничко тело, што ќе ги застапува студентските интереси низ лавиринтите на факултетите, универзитетите и министерствата. Денес повеќе од кога било, е јасно дека ова тело мора повторно да биде она што беше замислено – независен глас кој ќе биде верен само на студентските идеали.

  • Јавен повик за учество во „трката“ за „МОФ награда за медиумска извонредност кај младите“

    Младински образовен форум (МОФ) објавува јавен повик за сите млади поединци и групи на возраст од 15 до 30 години од Македонија кои активно се занимаваат со медиуми, новинарство или медиумска писменост, да се пријават за „МОФ награда за медиумска извонредност кај младите“. 
    Избери една од темите:

    Улогата на младите на Западен Балкан – Истражи и прикажи како младите придонесуваат кон општествените промени и регионалната соработка, со кои предизвици се соочуваат и како можат да ги искористат постоечките можности. Креирај креативен медиумски производ што ќе ги прикаже нивните искуства и идеи.
    Иновативен пристап кон медиумската писменост и дигитален активизам – Истражи како младите можат да користат дигиталните платформи за критичко размислување, информирање и иницирање општествени промени. Создај мултимедијален производ што ќе поттикнува одговорно користење на медиумите, препознавање дезинформации и активна онлајн граѓанска ангажираност.
    Интеркултурен дијалог – Истражи како младите од различни култури и етнички заедници во Западен Балкан градат мостови на соработка, разбирање и солидарност. Креирај мултимедијален производ кој ќе ги прикаже нивните приказни, иницијативи и успешни примери на културна размена и заедничко дејствување.

    Пријави се со:

    Труд во кој било мултимедијален формат – подкаст, есеј, напис, мим, видео, фотографија или кој било друг формат. Право на учество имаат поединци или групи на возраст од 15 до 30 години од Македонија
    Испрати ја пријавата на мејлот: info@mof.org.mk со назнака „Апликација за МОФ награда за медиумска извонредност кај младите“, најдоцна до 16 февруари  2025 година, до 23:59 часот.

    Ќе се оценува:

    Оригиналност и иновативност на мултимедијалниот производ,
    Релевантност на темата медиумска писменост,
    Влијание врз заедницата и публиката,
    Квалитет на производот и содржината.

    Победникот/победничката ќе добие:

    Признание и плакета МОФ за медиумска извонредност,
    Објава на трудот на платформите на МОФ,
    Парична награда во износ од 24.000 денари.

    Победниците ќе бидат известени преку е-пошта до 20 февруари  2025 година. Резултатите исто така ќе бидат објавени на веб-страницата и социјалните мрежи на МОФ. За сите дополнителни прашања, може да нѐ контактирате на мејлот info@mof.org.mk со назнака „Информации за МОФ награда за медиумска извонредност кај младите“.

  • MOФ ќе биде домаќин на Европското дебатно првенство во 2026 година!

    Младинскиот образовен форум (МОФ) ќе бидедомаќин на Европското дебатно првенство за средношколци, кое ќе се одржи во Скопје, во февруари 2026 година. Овој настан претставува признание за долгогодишните напори и посветеност на дебатерите, тренерите и координаторите кои се дел од дебатната програма на МОФ.
    Пред 20 години, во 2005 година, Македонија беше домаќин и на Светското дебатно првенство коесе одржа во Струга, а тоа беше можност за создавање нови пријателства и размена на идеи што инспирираа идни генерации. Оттогаш па до денес, дебатната програма на МОФ постојано расте и напредува, од зацврстување на локалните клубови до остварување меѓународни успеси.Дополнително, МОФ има организирано три меѓународни дебатни првенства.
    Што носи 2026 година?
    Во 2026 година, Младинскиот образовен форум, повторно ќе ги отвори вратите за тимови од цела Европа, нудејќи им ја уникатната прилика да го искусат македонското гостопримство и енергијата на Скопје. Подготовките за овој голем настан веќе се во тек, а нашата цел е да организираме првенство кое ќе постави нови стандарди, ќе се памети долго и ќе придонесе кон уште поголемомеѓународно етаблирање на нашата дебатна заедница. Дополнително, целта ни е да ги инспирираме младите дебатери и да ја промовираме дебатата како алатка за критичко размислување, аргументирано изразување и градење позитивни промени во општеството.
    Дебатната програма на МОФ нуди бесплатна годишна програма за средношколци, со неделни предавања во Дебатни клубови, водени од обучени предавачи врз основа на стандардизиран курикулум. Средношколците учат за основите на дебатата, аргументирањето, критичкото размислување, тимската работа и јавното говорење преку Средношколски дебатен формат.На годишно ниво се одржуваат турнири на кои најдобрите тимови и говорници добиваат можност за учество на меѓународни натпревари. Во рамките на програмата е вклучена и универзитетска дебата, со акцент на студентските формати и Британската парламентарна дебата. Целта е да се поттикне култура на дијалог, критичко анализирање на општествените прашања и развивање наораторските способности кај младите.

  • Повик за програмски координатор на програмата Младински активизам во Младински образовен форум (МОФ)

    Младински образовен форум (MOФ) објавува Повик за програмски координатор на програмата Младински активизам во Младински образовен форум Координаторот на програмата Младински активизам работи со мандат од 18 месеци и има право […]
    The post Повик за програмски координатор на програмата Младински активизам во Младински образовен форум (МОФ) appeared first on МОФ.

  • [ПРОДОЛЖЕН РОК] ОТВОРИ ГО УМОТ ЗА НОВИ ПЕРСПЕКТИВИ – ПРИЈАВИ СЕ НА СТУДЕНТСКА ДЕБАТА!

    Рокот за пријавување во клубовите за студентска дебата е продожен до 18-ти октомври 2024 година. Младински образовен форум (МОФ) отвoра повик за членови на студентски дебатни клубови. Дебатните клубови ќе се […]
    The post [ПРОДОЛЖЕН РОК] ОТВОРИ ГО УМОТ ЗА НОВИ ПЕРСПЕКТИВИ – ПРИЈАВИ СЕ НА СТУДЕНТСКА ДЕБАТА! appeared first on МОФ.

  • MOФ и Сојуз на средношколци: Училиштата мора да бидат безбедни, секој сигнал на насилство треба да се пријави!

    На почетокот на учебната година, Младински образовен форум и Сојузот на средношколци потсетуваат дека училиштата треба да бидат безбедни и сигурни места за сите млади. Просветните работници, родителите/старателите, институциите, организациите, […]
    The post MOФ и Сојуз на средношколци: Училиштата мора да бидат безбедни, секој сигнал на насилство треба да се пријави! appeared first on МОФ.

  • Викендов беа избрани најдобрите дебатери почетници

    Младински образовен форум викендов го организираше Националното дебатно првенство за почетници на кое се натпреваруваа стотина дебатери од Скопје, Велес, Тетово, Прилеп, Струга и Куманово. Победници на овој турнир беа дебатерките: Калина Михајловска, Христина Цветановска и Бисера Шегмановиќ, кои доаѓаат од училиштата Никола Карев, Јосип Броз – Тито и Васил Антевски…

  • Младински образовен форум го организира Националното дебатни првенство за почетници дебатери

      Националното дебатно првенство за почетници е најзначајниот и најголемиот дебатен турнир кој Младински образовен форум го организира за новите дебатери, членови на МОФ. На овој турнир дебатерите имаат прилика за прв пат во пракса да ги применат вештините за дебата и аргументирано изразување кои ги стекнуваат на неделните предавања…

  • Преку фестивалот „Movies That Matter“ се славеа човековите права

    Со проекцијата на „Tickling Giants“ и дискусија за слободата на изразување и медиумските слободи, синоќа заврши филмскиот фестивал на документарен филм „Movies that Matter“ (Филмови кои вредат), фестивал кој ги слави човековите права, а организиран од Младински образовен форум заедно со Амбасадата на Кралството Холандија. Оваа недела меѓу 11 и 16 декември јавни…

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор