Author: Здружение на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје

Центарот за граѓански комуникации е формиран во април 2005 година како невладино, непрофитно и непартиско здружение на граѓани. Во своето седумнаесетгодишно дејствување, ЦГК ја фокусира својата работа врз две групи од меѓусебно поврзани активности: (1) мониторинг на државните институции и врз основа на тоа, препорачување мерки и политики за унапредување на работењето, доброто владеење, економскиот развој и за намалување на просторот за корупција и (2) унапредување на способноста на новинарите и на посебната улога на медиумите и на невладините организации во борбата против корупцијата и зголемувањето на транспарентноста, одговорностаа и отчетноста на државните институции.
  • „Инјекција“ од 112 милиони евра од Владата за општините во годината на локалните избори

    СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА Денеска, 09 февруари 2026 година, Центарот за граѓански комуникации ги објави извештајот и базата на податоци од следењето на доделувањето пари од Владата за инфраструктурни проекти во општините во 2024 и 2025 година, со следниве клучни наоди: Од октомври 2024 до октомври 2025 година, Владата испланира 250 милиони евра за инфраструктурни проекти на општините, и од тие пари им одобри 112 милиони евра преку шест министерства. Со првата одлука од октомври 2024…

  • Тематски форум за користење на податоците за вистинските сопственици во борбата против корупцијата

    СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ САМО ЗА ДВА МЕСЕЦА, 3.000 ФИРМИ ШТО ДОБИЛЕ ТЕНДЕРИ ГИ ОБЕЛОДЕНИЛЕ СВОИТЕ ВИСТИНСКИ СОПСТВЕНИЦИ НА ЕЛЕКТРОНСКИОТ СИСТЕМ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ Скопје, 28 јануари 2026 година  |  Повеќе од 30 претставници на клучни јавни институции, граѓански организации, медиуми и меѓународни организации денеска дискутираа за можностите и начините на користење на податоците од Регистарот за вистински сопственици на правните субјекти како алатка за борба против корупцијата. Швајцарскиот амбасадор во земјава, Н.Е. Кристоф Сомер истакна…

  • За новогодишно украсување општините потрошиле 785 илјади евра, 78% од вредноста е концентрирана кај една фирма

    Според истражувањето вкупната вредност на веќе склучените и објавени договори за украсување за новата 2026 година изнесува 48.297.986 денари, односно 785.333 евра. Тендери за новогодишно украсување имале 36 општини. Најмногу пари потрошила Општина Штип, 81 илјада евра. Градот Скопје и пет други скопски општини заедно потрошиле 185 илјади евра – сите со една иста фирма. На 81 % од тендерите за украсување немало конкуренција, односно учествувала само по една фирма. Една иста фирма, Линк Медиа…

  • За новогодишно украсување општините потрошиле 785 илјади евра, 78 % од вредноста е концентрирана кај една фирма

    Денес, 14 јануари 2026 година, Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за трошоците на единиците на локална самоуправа за новогодишно украсување. Истражувањето покажува дека: Тендери за новогодишно украсување имале 36 општини; Најмногу пари потрошила Општина Штип, 81 илјада евра; Градот Скопје и пет други скопски општини заедно потрошиле 285 илјади евра – сите со една иста фирма; Штип потрошил за украсување 111 денари по жител, а Скопје 8 денари; На…

  • Клучни „играчи“ и конкуренција во јавните набавки во здравството

    Истражувањето може да го превземете на македонски, албански и англиски јазик Истражувањето покажа дека во последната декада вредноста на јавните набавки во здравството е повеќе од двојно зголемена, додека бројот на фирми што добиле тендер пораснал за само 12 %, што укажува на концентрација на средствата кај ограничен број добавувачи. Со растот на вредноста на тендерите, уделот на десетте најголеми носители на договорите за јавни набавки се намалил од 62% во 2015 на 49% во…

  • Клучни „играчи“ и конкуренција во јавните набавки во здравството

    Истражувањето може да го превземете на македонски, албански и англиски јазик Денес, 23 декември 2025 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето Клучни „играчи“ и конкуренција во јавните набавки во здравството во периодот од 2015 до 2024 година. Истражувањето покажа дека: Во последната декада вредноста на јавните набавки во здравството е повеќе од двојно зголемена, додека бројот на фирми што добиле тендер пораснал за само 12 %, што укажува на концентрација на средствата кај…

  • Консултативна средба за јавни набавки

    Денеска се одржа консултативна средба со претставници на надлежните и релевантните институции за наодите од нашето истражување: „Клучни играчи и конкуренција во јавните набавки во здравството 2015-2024“. Присутните се запознаа со сознанијата од истражувањето и преку дисусијата и размената на мислења придонесоа за  негова финализација. Здравствениот систем се соочува со постојан притисок да обезбеди квалитетни услуги во услови на ограничени ресурси, растечки трошоци и зголемени очекувања на населението. Затоа, од суштинско значење е не само…

  • Милионски загуби, долгови и блокирани сметки – финансиски биланси на локалните јавни претпријатија

    Денес, 11 декември 2025 година, Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за финансиските резултати на локалните јавни претпријатија во земјава. Истражувањето открива дека: Загуба оствариле повеќе од половина од локалните јавни претпријатија во земјава, односно 71 од 128-те претпријатија. Вкупниот износ на загубите изнесува 17 милиони евра. На првите три места според загубите се скопски, а на третото и четвртото место се битолски јавни претпријатија. Во последните години растат и…

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор