20180420 Sfront vest

Пријави се за учество во Младински клуб

Тимот на Субверзивен фронт објавува повик за учество во младински клуб кој ќе почне со работа од април 2018 и ќе заврши во октомври 2018 година.

Истиот ќе работи на следните темите: сеопфатно сексуално образование (ССО), род, говор на омраза – наративи, контранаративи, алтернативни наративи, и ментално здравје. Во делот на ССО ќе се работи според програмата на ХЕРА предвидена за ССО едукации, а останатите работилници ќе бидат работени по програмски материјали од Советот на Европа. Во склоп на овој клуб ќе се одржат од 10-15 работилници во текот на годината од април до октомври – истите во однос на терминот(ите) ќе бидат договорени на првата работилница. Првата, како и останатите работилници, ќе бидат од времетраење на 2 до 2.5 часа.

Првата работилница ќе се одржи на 23.04.2018 (понеделник) од 16:00 часот. Просторот на работилницата ќе биде дополнително доставен до пријавените учесници по мејл, најдоцна до 22.04.2018 (недела).

Пријавувањето ќе трае до 21.04.2018 година и можете да се пријавите на следниот линк.

*ПРИЈАВЕНИТЕ МОРА ДА БИДАТ НА ВОЗРАСТ ОД 18 ДО 30 ГОДИНИ.

За повеќе информации можете да не’ контактирате на spetrovski@s-front.org.mk и aivanova@s-front.org.mk.

Младиснкиот клуб ќе функционира во склоп на проектот „Градење на капацитети на младински работници во областа на младинска работа со ЛГБТИ луѓе“ спроведен од Grupa IZAĐI од Србија, во партнерство со Субверзивен фронт, финансиран од Еразмус+ програмата.

Субверзивен фронт е корисник на институционален грант од Цивика мобилитас.

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор