Aspekti rabotilnica 1

За „говорот на омраза“ и „говорот на почитување“

Aspekti rabotilnica 1На 7 април 2016 година во просториите на Советот на општина Куманово, стручниот тим на Гешталт центарот Младен Костиќ – Аспекти одржа работилница на тема „Влијанието на позитивната комуникација и користењето на говорот на почитување врз чувствата и меѓусебната комуникација.

Aspekti rabotilnica 1

На работилницата учествуваа 27 младинци од општина Куманово кои имаа можност да се запознаат меѓусебе, да ги увидат разликите и сличностите и да учат како да ги почитуваат. Преку вежби, учесниците имаа можност непосредно да го почувствуваат влијанието на позитивната комуникација, а потоа преку арт-експресија, да ги изразат своите доживувања и согледувања.

Aspekti rabotilnica 2

На крајот од работилницата, младите направија разлика во однос на тоа кои внатрешни доживувања се поттикнуваат со користењето на „говорот на омраза“, од една страна, а кои доживувања се јавуваат со користењето на „говорот на почитување“. Тие заклучија дека со користењето на „говорот на омраза“ се негираат и сопствените, но и туѓите човекови права при што комуникацијата се затвара, додека со користењето на „говорот на почитување“ се создаваат услови за отворена и позитивна комуникација.

Aspekti rabotilnica 3

Младите го изразија влијанието на „говорот на почитување“ и преку цртеж, а потоа по пат на дискусија го образложија своето доживување. Според нив, работилницата им помогнала да ја зголемат свесноста за сопствениот пристап во комуникацијата, за потребата од прифаќање и почитување на различните ставови и вредности во зависност од националната и етничка припадност, за позитивното влијание на „говорот на почитување“ врз однесувањето итн. Во текот на април, учениците со своите ментори одржаа работилници на кои пишуваа состави, есеи, афоризми за влијанието на говорот на омразата.

Aspekti rabotilnica 4

Работилницата е дел од проектот „Младите помеѓу политичката дихотомија во надминување на ригидноста и говорот на омраза“ што го спроведува Гешталт центарот Младен Костиќ – Аспекти, а финансиски е го поддржа Цивика мобилитас.

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор