IZVOR Kratovo informativna sredba na tema migracii

Информативна средба за проблемот со миграциите

IZVOR Kratovo informativna sredba na tema migraciiМиграцијата на населението од Североисточниот регион, особено на младата популација беше тема на информативната средба што ја организираше Неформалната мрежа на граѓански организации, а се одржа на 12 април 2016 година во хотелот Кратис во Кратово.

IZVOR Kratovo informativna sredba na tema migracii

Дваесет и пет претставници на граѓанскиот и бизнис секторот, локалната самоуправа, меѓу кои и градоначалниците на Ранковце и Старо Нагоричане разговараа за факторите кои влијаат на миграциите, потребите и можностите за справување со овој проблем.

Присутните констатираа недостаток на релевантни статистички податоци за миграцијата, отсуство на законска регулатива и мерки за прифаќање на мигрантите повратници. Тие го истакнаа влијанието на партиската припадност во вработувањето и проблемот со потценување на квалитетните кадри како и маргинализирањето по етничка припадност. Во дискусијата беше свртено внимание на недостатокот на анализа за потребите на младите кадри. Дел од присутните истакнаа дека постојат предрасуди за одредени професии, дека се мали месечните приходи во бизнис секторот и дека младите се најмногу заинтересирани да работат во државна администрација. Покрај тоа, има потреба од дообука, односно преквалификација. Што се однесува до мерките на програмата на Владата за самовработување, беше истакнато дека износите за отпочнување сопствен бизнис се мали. Дискутантите се пожалија на миграцијата село-град. Причините за тоа ги гледаат во нискиот квалитет на живеење во руралните средини и ниските цени за откуп на земјоделските производи. Сметаат дека треба подобро да се искористат потенцијалите за туризам и земјоделство во руралните места, во кои би се вклучиле и младите луѓе.

Присутните се договорија дека треба повеќе да се работи на измени на законската регулатива, на подобрување на условите за вработување, на сузбивање на политизираноста во сите сфери на живеење, на создавање можности за меѓуетничка соработка и едукација и на подигање на свеста кај младите во образовните институции.

Информативната средба е дел од пректот „Нова надеж-нови перспективи“ финансиран со мал акциски грант на програмата Цивика мобилитас.

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор