Ергос и Цивика Мобилитас објавуваат Јавен Повик за учество на Млади во Акција

Невладината организација Ергос, спонзорирана од Цивика Мобилитас објавува јавен повик за учество во проектот “Млади во Акција”. Целта на проектот е да се променат границите и да се зближат различностите. Во проектот учество заземаат македонскиот и албанскиот етникум. Младите учесници ќе имаат можност да ја презентираат својата култура, храна, фолклор и да се зближат меѓу себе! Целта на презентациите е да се покаже дека има меѓусебно разбирање и почитување, и дека колку и да сме различни – заедно сме посилни!

Презентацијата треба да трае 15 минути и во целата презентација да се сублимираат – што е можно повеќе информации за вашата храна, фолклор традиција. Кои се вашите традиционални јадења? Кое е вашата традиционално оро? Каква е вашата музика? Колку се слични и колку различни! (одбери за што ќе направиш презентација во која ќе преовладува заедништво)

Сите заинтересирани кандидати кои сакаат да ја презентираат својата култура и начин на живеење нека ја испратат  презентацијата на nvo.ergos@gmail.com.

За најсреќните кандидати следува и парична награда!

Ве очекуваме!

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор