Уметничка герила акција: Џиновска пастрмка во Скопје

Граѓанската иницијатива „Урбани умернички акции“ во центарот на Скопје денеска ја постави скулптурата „Охридската пастрмка“ со цел да се алармира за нејзиното исчезнување пред нашите очи.

Охридската пастрма (Salmo letnica, Karaman, 1924), нејзините подвидови како и автохтоната македонска пастрмка (Salmo macedonikus, Кaraman 1924) стануваат се позагрозени и лесно може да се случи да исчезнат од водите во Македонија во нашиот животен век.

Се поголемите гастрономски барања за овие исклучително квалитетни риби го разгоруваат криволовот и рибократството. Популациите на дива пастрмка во македонските води (Охридско Езеро, река Радика и нејзините притоки,  реката Треска, езерата Маврово, Козјак и Шпиље) во последните години се десеткувани. Во Охрид се поретко се ловат полово зрели единки, а рибокрадците и концесионерите на пазарот пласираат полово незрели единки кои никогаш не се измрестиле. Состојбата е уште позагрижувачка бидејќи концесионерите (кои имаат дозволи за стопански риболов) ловат масивно над пропишаните квоти. Порибувањето на подмладок од мрестилиштата за пастрмка за жал во најголем број случаи е сведено на трговија со фактури, а Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство никогаш не водело сериозна контрола дали количините на риба кои концестионерите ги прикажуваат дека се порибени се реални и вистински или само се водат на хартија, односно постојат само на лажирани фактури.

Со ваков однос кон пастрмката голема е веројатноста и овие врсти на пастрмка да исчезнат во скоро време. Колку за потсетување некогаш бројната врста на пастрмка наречена Главатица (Salmo marmoratus  Cuvier, 1829) која до пред 40-тина години ги населувала долните теченија на Дрим, Дебарското Езеро и долниот тек на Радика денес е потполно исчезната.

Затоа секогаш размислете пред да купите дива пастрмка. Со купувањето диви пастрмки директно ги подржувате рибокрадците и ги уништувате нејзините шанси за преживување! Размислете дека можеби токму вие ќе ја изедете и последната дива пастрмка. Вреди ли? – прашуваат од иницијативата.

Продолжи со читање

  • Национален младински форум „Тука сме за да останеме!“: Време е младите да добијат реална моќ во одлучувањето

    Денес се одржа Националниот младински форум „Тука сме за да останеме!“, кој создаде простор за директен дијалог меѓу млади луѓе од целата држава и претставници […]

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ/ТИМ ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН И МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРОДУКЦИЈА

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) објавува јавен повик за ангажирање експерт или тим за подготовка на визуелни и мултимедијални содржини во рамки на кампања за животна средина, јавна партиципација и пристап до правда. Ангажманот опфаќа развој на креативен концепт и подготовка на најмалку 10 содржини за социјални медиуми, вклучително инфографици, кратки анимации и […]

  • Како да се слушне гласот на граѓаните? РЕСИС организираше работилница и дебата во Велес

    Како граѓанските барања и проблеми да бидат повидливи и слушнати од локалната власт? Токму ова прашање беше во срцето на работилницата и јавната дебата што Институтот РЕСИС ја одржа во Велес со граѓани и со претставници на општините од Вардарскиот Регион.

  • Етичка рамка за колумни

    Колумната, како уникатен новинарски жанр, ги надминува традиционалните правила на новинарството и во медиумската теорија се смета за една од најслободните и „најживи“ форми, во која доминираат авторскиот став и интерпретацијата. За разлика од класичниот коментар или уредничкиот текст, колумната често остава простор за личен тон, анегдота, полемика, намерна провокација или потсмев. Во неа не […]

  • Изборите се ранлив момент кога граѓаните се изложени на манипулации и надворешни влијанија

    На 19 мај, во Скопје, Фондацијата Метаморфозис во соработка со International IDEA го организираше настанот „Зајакнување на отпорноста кон изборни манипулации со информации“, посветен на справувањето со странското мешање и манипулациите со информации (ФИМИ), дезинформациите и заканите по изборниот интегритет. Настанот се реализираше во рамки на проектот „Справување со изборно поврзани манипулации со информации и […]

  • Дојди на донаторски кружок

    Почитувани, Седмиот донаторски кружок на Конект ќе се одржи на 04.06.2026 г. во просториите на Македонски Телеком (Кеј 13-ти Ноември“ бр. 6, Скопје) со почеток од 19 часот. Приемот на гостите започнува во 18.30 часот.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор