Како да напишете CV кое ќе биде забележано

„Сум прашал повеќе луѓе да ми помогнат со моето CV, но добивам различни совети. Кој е најдобриот начин да се изврши максимално влијание?“ Џонатан, Манчестер.
Нема едноставен одговор!

Еден поглед на Амазон дава дузина книги за пишување CV, биографии и пропратни писма. Може да купите софтвер кој ќе го состави вашето CV или да платите компанија која се занимава со тоа. Дали има ‘правила’? Дали вашето CV треба да биде на една или две страници? Отпечатено на скапа хартија? Да го вклучува работното искуство од студентските денови?

Не е ни чудо што пишувањето CV за многумина е макотрпно. Нема еден начин, еден де факто образец. Од илјадниците CV-ја кои сум ги прочитал, еве неколку идеи кои сум открил дека функционираат.

Што е CV?

Curriculum vitae или биографија е маркетиншка алатка. Нејзината продажна вредност зависи од вашите вештини и искуство, достигнувања и успеси. Нејзината цел е да освоите на интервју за работа.

Прв чекор

Многу работни места привлекуваат голем број апликанти. Две, дури и три страници е во ред – но вашите вештини мора да бидат видливи со брз поглед на врвот од страницата. Тоа го нарекувам Тест од две секунди – дали можам да видам што нудите само со еден поглед? Клучните зборови треба да отскокнуваат, да избегнувате долги параграфи, да користите подредување со концизни впечатливи реченици на едноставен јазик и да внимавате да не користите жаргон и кратенки.
Неколку збора за дизајнот
Држете се до обичен портрет едностран А4 формат на бела хартија со црно мастило. Сум добил секакви CV-ја – на лакмусова хартија, на индиго, во боја, исечени во различни форми – и едно испечатено на розово перниче! Можеби е креативно и отскокнува, но работодавците и агенциите за вработување најчесто сакаат да го копираат или испратат CV-то по факс.

Веројатно CV-то ќе го испратите по мејл – користете го вообичаениот формат: MS Word, RTF или PDF (на интернет има бесплатни конвертори во PDF, како на пример  www.cutepdf.com). Sans serif фонтовите се најлесни за читање, но користете станарден фонт (Arial 11 добро функционира за телото на CV-то, чисти линии и соодвента димензија) – доколку користите специјален фонт, тој може да не е компатибилен на компјутерот на примателот. Избегнувајте да користите различни формати и големини. Користете задебелени букви за насловите, курзив кога е соодветно – белите празни места и маргините го олеснуваат читањето. Нумерирајте ги страниците и вклучете го вашето име во футерот.

Детали за контакт

Ставете си го името со големи букви на врвот од страницата (многу луѓе пишуваат ‘Curriculum Vitae’ на врвот – знаеме што е, треба да знаеме кои сте вие).

Олеснете ја можноста на потенцијалните работодавци да ве контактираат, па вклучете ја вашата адреса, е-мејл и мобилниот телефон. (Доколку го поставувате вашето CV на веб страница, тогаш не ја заборавајте основната интернет безбедност и наведете само е-мејл адреса). Сум оставал пораки на многу роднини – доколку го оставате домашниот телефонски број, наведете кој би можел да одговори на повикот. Внимавајте со телефонските броеви и е-мејлите од работа.
Не треба да наведувате лични податоци како датум на раѓање, брачен статус, хендикеп, здравствена состојба и детали за родители или деца. За такви детали може да има прашања во формуларот за следење на еднакви можности, но тоа е посебен процес од процесот на селекција. Нема потреба од фотографија доколку не се бара, или доколку е норма во вашата индустрија (како што е ТВ презентери или спикери).

Опис на мисијата

Воведниот параграф во кој ќе резимирате што имате да понудите и каде се гледате во иднина треба да биде краток и концизен. Може да напишете, на пример „Бизнис уредник со искуство во менаџерање на мултидисциплинарен тим во наградувана веб страница кој сака да стане дел од водечко списание“ или „дипломиран новинар со работно искуство во повеќе локални и регионални печатени, радио и тв медиуми, кој бара работа како телевизиски известувач“.

Добриот воведен параграф покажува фокус – и можете да го менувате во зависност од работната позиција и компанијата во која аплицирате.
Табела на вештини
Еве една идеја која навистина ми се допаѓа. Сумирајте ги сите ваши главни вештини на едно место. Ставете соодветни наслови и потточки и подредете ги по приоритет вашите јаки страни.

Ставете еден наслов за секоја главна вештина, на пример новинарство. Друг за дополнителните вештини, како управување со проекти. Трет наслов за софтверски или технички вештини, и друг за сè што не спаѓа во ниту една од тие категории.

Еве пример како тоа би можело да изгледа:

Новинарство

  • Известување
  • Истражување
  • Водење интервјуа
  • Редактирање
  • Лектура

Управување со проекти

  • Управување со луѓе
  • Регрутирање
  • Контрола на буџет
  • Пишување тендери и понуди

Софтвер

  • MS Word
  • MS Excel
  • Dreamweaver
  • MS FrontPage
  • Photoshop

Разно

  • Чиста возачка дозвола
  • Француски (флуентен)
  • Шпански (говорен)

 

Работодавците и агенциите за вработување може да го внесат вашето CV во база на податоци, или самите може да го поднесете во интернет пребарувачка машина како

Monster – тие функционираат така што бараат клучни зборови.

Работно искуство

По обратен хронолошки редослед наведете ги месеците, годините, името на компанијата и работното место:


Мај 2002 – до денес Bright Websites Limited
Уредник на веб
Накусо објаснете што работи компанијата. Сумирајте ја вашата улога, одговорностите и достигнувањата во концизни потточки. Избегнувќи ги зборовите „јас“ и „мене“, започнете ја секоја потточка со впечатлив збор:

  • Уредував водечки месечен академски журнал за храна и четири годишни додатоци
  • Управував со тим од четворица кој вклучување заменик уредник, двајца известувачи и администратор.
  • Постигнав заштета на буџет преку партнерство со сестрински публикации преку воведување на нов софтвер.

Ако не знаете од каде да почнете, побарајте ги клучните одговорности во описот на вашето работно место или документите за оценување. Јасно наведете го вашиот придонес.

Размислете за вашите достигнувања и успеси. Зошто било тоа корисно за компанијата? Размислете кога сте биле најдобар во вашата работа, и поткрепете ги вашите изјави со примери. Ако сте работеле на интернет, наведете ги URLs.
Не треба да ги наведете причините зошто сте го напуштиле претходното работно место – но објаснете ги празнините во работното искуство (како поседување колеџ, пауза во кариерата, мајчинско отсуство или патување).

Дајте само кус опис на помалку релевантните и старите работни места. Работата за време на факултет наведете ја само ако демонстрира корисна вештина, но вклучете релевантно работно искуство, како работа на локален весник или болничко радио. Накусо наведете ги периодите на стажирање: „Јан-Дек 2004 хонорарна работа” – и потоа наведете детали за најрелевантните работни места и компании.

Бидете детални за статистиката и бројките кои се релевантни за вашиот тип на работа. На пример, вашата наплата и таргети ќе бидат релевантни за работа во продажба – „достигнував во просек 10% над таргетот“.

Еднаш прашав еден апликант, кој попатно имаше споменато „управување со тим“ во неговото CV, да ми каже повеќе. Ми кажа дека управувал со 300 вработени на повеќе локации. Тоа го стави во сосема друга лига за разлика од неговото CV. Меѓутоа, не наведувајте чувствителни информации за вашата компанија – тоа ќе му изгледа невнимателно и неодговорно на идниот работодавец

Обука

Неведете секаков вид професионална обука, како и членство во релевантни организации.

Образование

По обратен хронолошки редослед, наведете ги училиштата и квалфикациите. Оценките обично не се важни,особено доколку имате неколкугодишно работно искуство, освен доколку не го користите CV-то за да аплицирате за дополниен курс или додипломска програма за обука.

Накусо наведете ги релевантните детали за курсевите. На пример, доколку сте посетувале курс по новинарство, тогаш би било корисно да ги наведете професионалните вештини кои сте ги стекнале.

Не волонтирајте негативни информации – значи, без детали за курсеви кои сте ги започнале но не сте ги завршиле, како и испити кои не сте ги положиле (верувајте ми, некои го прават тоа!)

Хобија и интереси

Постојаните „читање и пливање“ на толки многу CV-ја го прават наведувањето на хобија непопуларно. Сепак, сметам дека тие додаваат боја и личност на еден прилично невозбудлив документ. Сум прочитал неколку CV-ја на новинари кои меѓу своите интереси набројале голтање оган или магионичарсво!

Изберете внимателно – дали може да оставите впечаток дека вашето хоби ќе ве попречува во вашата работа? Дали постојат можни конфликти на интереси? Добротворната работа и волонтерството може да демонстрираат релевантни и преносни вештини.
Пепораки

„Достапни на барање“ е најчесто доволно. Тоа да ви дава можност да ги изберете најсоодветните пораки откако ќе ви биде понудена работата. Доколку сепак сакате да ги наведете, тогаш наведете две лица, нивните позиции и компаниите во кои работат.

Доколку само што се излегле од колеџ или факултет, наведете една не-академска препорака. Осигурајте се дека наведенето лице е согласно да даде препорака. Добра идеја е да им испратите копија од вашето CV.

Пропратно писмо

Кажете им зошто им пишувате – дали е одговор на оглас? Наведете каде сте го виделе огласот и напишете го референтниот бој и позицијата. Зошто сте заинтересирани? Што можете да направите за организацијата? Кои се вашите силни страни? Користете ја терминологијата која се користи во огласот и описот на работното место.

Опишете ги вашите најрелевантни вештини и искуства кои се наведени во CV-то. Покажете ентузијазам за компанијата и за работното место – истражете така што ќе ја погледнете нивната веб страница и дознајте колку што е можно повеќе (види Како да се подготвите за тоа клучно интервју). Покажете дека имате знање за нивниот производ, програма или публикација. Писмото нека не биде подолго од една А4 страница.
Никогаш, никогаш не оставајте впечаток дека истото писмо го испраќате на повеќе компании. Ако немате податоци, проверете ја интернет страницата на компанијата за да најдете соодветен контакт кому ќе го адресирате писмото, или едноставно јавете се и прашајте. Сум примил многу CV-ја со повеќе различни имиња во полето „До“, како и исечени и лепени писма каде заборавиле да го сменат моето име по „Почитуван ….“ – изгледа трапаво и нефокусирано.

Конечно…

Неколку основни работи да го извадите максимумот од вашето CV:

  • Отпечатете го и погрижете се да изгледа добро.
  • Проверете дали има печатни грешки.
  • Побарајте мислење – покажете го на пријатели и колеги. Прашајте консултанти за регрутитање во агенции за вработување менаџери за човекови ресурси во компаниите во кои аплицирате. Запомнете, ќе имаат различни идеи, но комбинација од повеќе мислења ќе ви помогне да одлучите што е најрелевантно и што функционира најдобро за вас.
  • Фокусирајте се на постигнувања и успех, но не паѓајте во искушение да ја извртите вистината – сè треба да биде точно, искрено и фактичко. Проверете ги уште еднаш датумите и деталите. За секој детал од вашето CV може да бидет прашани на интервјуто, а некои компании користат агенции кои ги проверуваат квалификациите и други детали.
  • Вашето CV нека биде живо. Повеќето луѓе го ажурираат само кога бараат нова работа, додаваат само неколу детали и исто толку ажурираат. Постојано развивајте го. Тоа треба да се однесува на вашата иднина и каде се гледате себеси во неа.

За одлично CV е потребно време и напор. Тоа е фокусирано на иднината и адаптирано со многу фитбек.

An excellent CV requires effort, time, is focused on the future and is adapted through getting lots of feedback.

Даниел Морисеј води компанија за CV и интервјуа во Лондон.

The post Како да напишете CV кое ќе биде забележано appeared first on ССНМ.

Продолжи со читање

  • ENSURE истакнат како значајна иницијатива за идната подготвеност на првите одговорни служби

    ENSURE истакнат како значајна иницијатива за идната подготвеност на првите одговорни служби На 27 јуни 2026 година, Кирил Михајлов, командир на Доброволното противпожарно друштво Свети Николе, учествуваше на панел-дискусија во Скопје посветена на противпожарната заштита и подготвеноста за вонредни состојби. Во рамки на дискусијата беа разгледани дел од клучните предизвици со кои се соочуваат противпожарните…

  • Реални искуства од шумските пожари во функција на подобра подготвеност преку ENSURE

    Реални искуства од шумските пожари во функција на подобра подготвеност преку ENSURE Доброволното противпожарно друштво Свети Николе продолжува да придонесува кон целите на проектот ENSURE преку своето директно учество во сложени интервенции на шумски пожари во Северна Македонија. За време на големиот пожар во Општина Македонски Брод, тимот на ДПД Свети Николе беше ангажиран како…

  • Заедно учиме англиски – нова активност во нашата организација

    Започнуваме со изучување на англискиот јазик! Првиот час помина во пријатна атмосфера, со учење на нови зборови и изрази, разговор и многу позитивна енергија. Преку овие часови создаваме можности за учење, стекнување нови знаења и развивање нови вештини. The post Заедно учиме англиски – нова активност во нашата организација appeared…

  • Школа за водачи Голозинци 2026 во организација на СИМ

    Во периодот од 13.08 до 19.08.2026 година, во Извидничкиот центар “Голозинци“, се одржа првиот дел од Школата за Водачи ’26. На школата учествуваа членови од повеќе извиднички одреди: ИПО “Јадран’’ , ИПО “Крсте Јон’’ , Прв Скопски Извиднички Одред, ИО ,“Гоце Делчев“ , ИО “Методиј Митевски-Брицо“ ИО “Мирко Милевски“ ,…

  • Менторска и коучинг поддршка за корисниците на 𝑩𝒖𝒔𝒊𝒏𝒆𝒔𝒔 𝑯𝒖𝒃

    Во рамки на проектот „Заедно сме посилни 2“, кој го имплементираме со поддршка од Фондација Kvinna Till Kvinna, се реализираа активности за обезбедување менторска и коучинг поддршка за корисниците на Business Hub. Менторската и коучинг поддршка претставува индивидуализиран процес преку кој корисниците добиваат насоки, совети и практична поддршка во согласност…

  • YMLP 2026 – лидерство, самодоверба и незаборавни искуства

    Последни новости YMLP 2026 – лидерство, самодоверба и незаборавни искуства Од 8 до 11 јули 2026 година, група средношколци од различни градови низ Македонија се собраа во Битола на кампот YMLP 2026 (Young Men’s Leadership Project) – лидерско и авантуристичко искуство организирано од ИМКА Македонија во партнерство со волонтерите на Мировниот корпус, алумни и локални волонтери. Иако со помал број учесници, YMLP Кампот овозможи секој млад човек да добие индивидуално внимание, да изгради искрени пријателства и да се предизвика себеси преку активности насочени кон развој на лидерски способности, самодоверба и личен раст. Во текот на четирите дена, учесниците работеа на теми поврзани со столбовите на ИМКА – личен развој, лидерство, заштита на животната средина, граѓанска одговорност и кариерен развој. Преку интерактивни работилници, тимски предизвици и практично учење, тие ги препознаваа своите силни страни, ги развиваа комуникациските вештини, учеа да решаваат проблеми во тим и размислуваа како можат позитивно да придонесат во своите училишта и локални заедници. Едукативниот дел беше надополнет со бројни рекреативни и активности на отворено. Учесниците уживаа во куглање, флег-фудбал, олимписки игри, водени предизвици и креативни активности кои поттикнуваа тимска работа и здрав натпреварувачки дух. Еден од најнезаборавните моменти беше кампувањето во Националниот парк Пелистер. Момчињата ноќеваа во шатори, се дружеа околу логорски оган со традиционалните s’mores, го поминаа адреналинскиот парк, пешачеа низ шумските патеки и заеднички решаваа симулација на авионска несреќа, активност која ги стави на тест нивните комуникациски вештини, лидерски способности и носење одлуки под притисок. За самите учесници, најголемата вредност на кампот беа пријателствата и чувството на заедништво. Еден учесник сподели: Спортските активности, огромната количина смеа меѓу нас и запознавањето нови луѓе. Друг учесник го сумираше своето искуство: Активностите беа одлични, луѓето, персоналот – сè беше одлично. Други како највпечатлив дел го издвоија престојот во природа: Кампувањето во шатори, s’mores и стекнувањето нови пријателства. Кампот на Пелистер. Влијанието на YMLP кампот продолжи и по враќањето дома, а родителите забележаа значајни позитивни промени кај своите синови. Еден родител сподели особено емотивно искуство: Мојот син не сака многу да зборува. Најчесто одговара само со ‘да’ или ‘не’ и ретко раскажува што му се случувало во текот на денот. Откако се врати од кампот, стана многу поотворен. Почна да зборува за своите планови, да бара совет и помош, а покажа и поголем интерес за локални прашања како загадувањето, отпадот, планинарските и велосипедските патеки. Почна да ми раскажува како му поминал денот и што правел со пријателите. За мене како родител, тоа е огромна позитивна промена. И други родители забележаа охрабрувачки промени: Подобрени комуникациски вештини. Порасположен, посамоуверен и полн со позитивни впечатоци. YMLP кампот е многу повеќе од четиридневно летно искуство – тој претставува почеток на подолг лидерски пат. Следната година, учесниците ќе имаат можност да аплицираат за програмата Counselors-in-Training (CiT). Оваа програма е дел од целогодишната Leaders-in-Training (LIT) програма на ИМКА Македонија, преку која младите стекнуваат лидерски, менторски, комуникациски и волонтерски вештини, подготвувајќи се да станат идни советници на камповите и лидери во своите заедници. Преку кампот YMLP, ИМКА Македонија продолжува да инвестира во младите, помагајќи им да изградат самодоверба, цврст карактер и практични лидерски вештини што ќе им овозможат позитивно да придонесуваат во своите семејства, училишта и локални заедници.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор