Извештај за утврдени состојби, практики и препораки за подобро финансирање на судовите во РМ – втора анализа
Објавено: 30/09/2017
Здружението на финансиски работници Ве информира дека во електронска верзија го издаде: „Извештајот за утврдени состојби, практики и препораки за подобро финансирање на судовите во Република Македонија – втора анализа“.
Изработката на Извештајот е дел од активностите на проектот „Изворите на финансирање, висината на обезбедените средства и нивното влијание врз независноста на судската власт – втора анализа“, спроведуван од Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија, а финансиски поддржан од ПРОЕКТОТ „МРЕЖА 23+“ ИПА 2015/372-126, ФИНАНСИРАН ОД ЕВРОПСКАТА УНИЈА.
Проектот „Мрежа 23+“ го спроведуваат Институтот за европска политика – Скопје ЕПИ, како носител на проектот во партнерство со Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во рамките на Програмата на ЕК ИПА за поддршка на граѓанското општество.