Да се биде трудница во Македонија

Teкстот е на Соња Стојадиновиќ (https://www.facebook.com/sonja.stojadinovic) и е oригинално објавен на respublica.edu.mk

Третманот на мајката во перидот на бременоста, заедно со пораѓањето се лице на степенот на развиеноста на едно општество. Нашето според сликата во македонското здравство, најверојатно датира помеѓу постмрачниот век и ренесансата.

Жените од Македонија во половина општини немаат пристап до лекар кој ќе се грижи за нивното репродуктивно здравје. Од друга страна, пак, бројките од Фондот за здравство покажуваат дека една третина од жените во земјава кои се во репродуктивен период немаат одбрано матичен гинеколог кој ќе се грижи за нивното репродуктивно здравје. Ваквата ситуација, односно последицата од ваквата ситуација, многу невладини организации ја поврзуваат со темната слика на македонското здравство – растот на починати бебиња при раѓање.

Морничавите бројки на починати бебиња и родилки во последните две години беа факти кои го следеа и ќе го следат македонското општество со децении. Бројката од мртвородени 193 бебиња и 270 доенчиња кои не преживеале до првата година е факт кој вреска и ѝ вели на секоја жена да не помислува да стане мајка. Ако не сака да биде само статистика дека починале, таа со нејзиното бебе или само бебето, а таа да носи отворена рана до крајот на животот, нека не се обидува да донесе нов свет, нов универзум сам по себе. Слика за оваа повеќе од црна статистика дадоа новинарите кои го покриваат здравството, упорно следени од, се надеваме, бившите пропагандни медиуми кои ги негираа нивните истражувања. Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) се трудеше само да демантира, тврдејќи дека смртните случаи не се последица од бактерии добиени од нехигиенските услови во клиниката. Очигледно дека парите за кампањите за трето дете се одразија најмногу на оние кои требаше да го донесат тоа трето дете на свет – на родилките. Кампањата ги изеде парите за нормални и сигурни услови за породување и постродилен период не само на родилките на трето дете, туку и на првородките.

Но, породувањето и постродилниот третман не се единствената заштита и услуга која ѝ е потребна на една трудница да донесе на свет здрав пород. Редовните гинеколошки прегледи и пристапноста до матичен гинеколог се предуслов за здрави мајка и дете.

Неодамна се појави нова страница која се вика Мој матичен гинеколог, која преку мапирање на македонските општини и податоци за постоење или непостоење на матичен гинеколог во општините, дава многу јасна слика колку километри една идна мајка треба да помине за на свет да донесе здраво дете, а и таа да го преживее породувањето без последици опасни за нејзиниот живот. Македонија е поделена на 80 општини, но во повеќе од половина нема матичен гинеколог, поточно во 46 општини. Од 144 регистрирани матични гинеколози, 43 работат во Скопје, a недостасуваат уште 150 гинеколози. Малиот број гинеколози не е доволен да ги задоволи потребите за здравствени услуги на жените во репродуктивниот период во дури една четвртина од македонските општини. Според бројките од Државниот завод за статистика, на пример, во Гостивар, бројот на женското население изнесува 40.535, што значи дека петте гинеколози кои работат како матични би требало да опслужат по најмалку 7 илјади жени во репродуктивен период.

Веб страницата Мој матичен гинеколог нуди и симулација на патешествие на една родилка во зависност од нејзиното место на живеење, пристапност до гинеколог, одлука да се оди или да не се оди на прв, втор и понатамошен гинеколошки преглед во случај на бременост, се` до крајниот исход, абортус или породување. Мора да се напомене дека ова се однесува исклучиво на услугите на државните здравствени установи.

 

Патуваме и сонуваме за нормално породување

Да почнеме од една од најоддалечените општини во источна Македонија – Делчево. Оваа општина има 17.505 жители, 8.528 жени и два гинеколога. За првиот преглед на кој треба да се направат соодветните биохемиски истражувања, иако општината има матичен гинеколог, мора да одите до Кочани, кој е оддалечен 50 километри, или до Струмица, кој е оддалечен 90 километри. За прегледот и за резултатите треба да одите двапати и веќе сте поминале 165 километри од вашиот прв преглед.

Креаторите на страницата ги наведуваат и законските обврски на гинеколозите, односно што треба да направат при првиот гинеколошки преглед на трудницата: да отворат мајчина книшка, да дадат упат за анализа на крв и урина која се прави во биохемиска лабораторија, да го измерат крвниот притисок на трудницата, тежината и да препорачаат витаминска терапија. Многу жени ова не го знаат. Понатаму, симулацијата нуди да се закаже втор преглед или да се прескокне. Со прескокнување на вториот преглед опасноста за спонтан абортус или носење на плод со аномалии кој би ги загрозил животите на мајката и плодот се зголемува. Ако се избере да се закаже втор преглед, симулацијата дава опции во зависност од резултатите на крв и урина, односно да се закажат прегледи, да се продолжи со бременост без прегледи или да се одлучи на абортус. Редовните прегледи и анализи носат патувања и трошоци за родилката поради неопременост на лабораториите на најблискиот здравствен дом. Во случај резултатот да покаже дека плодот е со аномалии, родилката е насочена да побара дозвола за абортус која ја носи лекарска комисија во Скопје. Амниоцинтезата и останатите анализи кои потврдуваат или исклучуваат аномалии на плодот ги покрива Фондот за здравствено осигурување исклучиво ако се направени во МАНУ или ГАК. Со одење и враќање за редовни контроли се` до породување, една родилка, во зависност во која општина живее, може да пропатува над илјада километри.

Уште еден пример на патување на родилка со надеж за среќен исход е следниот. Претпоставена идна мајка од општина Маврово, со сите поминати редовни прегледи, тестирања и ехо прегледи до породувањето во болницата во Гостивар, бидејќи нема поблиску, поминала 1.169 километри.

Абортусот – некогаш право, сега инквизиција

Комисијата која одлучува за прекин на бременоста се состанува еднаш неделно. Задолжителното чекање три дена пред да се прекине бременоста, воведено со  измените на законот за прекин на бременост во 2013 година, уште повеќе го зголемува стресот кај жените и опасноста од компликации кои може да се животозагрозувачки за мајката, особено ако плодот е мртов. Уште поужасувачки се случаите кога плодот бил со тешки малформации, а првостепените и второстепените комисии одлучувале негативно за барањето на абортус. Сведочењата на жените кои поминале низ бирократската тортура на овој закон се ретки, главно добиени од новинарите кои работеле на оваа проблематика.

Прашањето е колку жени се соочиле со „инквизицискиот“ третман на овој закон, а се` уште молчат за траумите кои ги преживеале. Правото кое жените го уживале 40 години, да  одлучат дали ќе родат или ќе извршат абортус, е крвнички одземено со ставањето на жените во положба на играње помеѓу животот и смртта. Третманот на жената во ова ситуација соодвествува со третман на граѓани од втор ред, кои немаат баш право да одлучуваат самите за себе, па за секој случај во законот им се остава три дена да се премислат, како да се зема предвид ставот дека жената не може од прва да донесе вистинска одлука. Па затоа е направена комисија т.е. некој друг да одлучува за нив дали тие сакаат дете или не, односно дали треба да го родат бебето или не, без разлика дали е емотивно, психолошки или финансиски подготвена да го изгледа.

(Не)заштитени мајка и дете

Непристапноста до матичен гинеколог, отежнатото редовно следење на бременоста, изложувањето на мајката на непотребни патувања за здравствени услуги, како и нивното наплаќање (кои патем според законот за бремените жените треба да се бесплатни, па поради тоа многу жени се откажуваат од редовно следење на бременоста), водат до висока смртност, пад на наталитетот и незаконски абортуси. Третманот на мајката во периодот на бременоста, заедно со пораѓањето се „лицето и опачината“ на степенот на развиеноста на едно општество. Нашето најверојатно датира од периодот на постмрачниот век и пред ренесансата. А ретко кој проговорил за постродилната депресија и нејзиното лечење, која не е ретка кај родилките во Македонија.

Здрава трудница, со здрав плод, сигурна бременост, висок степен на професионален пристап, грижа и хигиена во текот на породувањето и постпородилниот период се неопходни ако сакаме да имаме здрава популација. Ниските стандарди во здравството на кои се навикнавме последниве 11 години треба да ни бидат репер како не треба да биде во иднина. Потребна е, пред се`, квалитетна здравствена анализа за тоа како да се подобрат здравствените услуги кои го опфаќаат репродуктивното здравје на жените. Претходната влада во една од нејзините стратегии запишала дека во Македонија се потребни 250 матични гинеколози за да бидат опфатени сите региони. Може да се почне и од таа бројка, зашто дел од сегашните лекари кои работат како матични гинеколози наскоро ќе заминат во пензија, па проблемот само ќе се продлабочи. Втората работа на која треба да се посветат новите здравствени власти е подобрување на состојбите на родилиштата низ Македонија. Да не ја забораваме најбитната анализа која треба да го даде одговорот на прашањето зошто бројот на смртност на новороденчиња и доенчиња е толку голем.

The post Да се биде трудница во Македонија appeared first on Солидарност.

Продолжи со читање

  • Погледнете го нашето ново промотивно видео и откријте како органскиот отпад може да стане вредна суровина!

    Преку силен фокус на циркуларната економија и еколошката едукација, сакаме да ги поттикнеме граѓаните на итна акција за правилно сортирање на отпадот — клуч чекор кон здрава животна средина и ублажување на климатските промени. Главни ѕвезди во видеото се наставниците и учениците од основните училишта каде што ги одржавме нашите едукативни работилници. Тие јасно порачуваат: со менување на секојдневните навики и активен граѓански ангажман, секој од нас има моќ да донесе позитивни промени во општеството!
    Ова видео е дел од промотивнтаа дигитална кампања со едукативно-информативни содржини за придобивките и начините за искористувањето на потенцијалот на органскиот отпад.
    Оваа видео е подготвено во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Resource Environmental Center – REC North Macedonia Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Eco – Logic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија, со поддршка од Владата на Швајцарија и Embassy of Switzerland in North Macedonia преку програмата Цивика мобилитас #CivicaMobilitas.
     
    Содржината на оваа видео е единствена одговорност на партнерите во проектот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија #CHinMK, Цивика мобилитас #CivicaMobilitas, или организациите што ја спроведуваат.

  • Европски младински камп во Михелштат: Заедно растеме и создаваме лидери

    Програми Европски младински камп во Михелштат: Заедно растеме и создаваме лидери Кампот Михелштат во Германија беше домаќин на Европскиот младински камп, кој собра 135 учесници од 15 земји. По долго патување, а за некои и пристигнување во Михелштат низ серија на предизвикувачки услови, младите и нивните лидери се обединија околу заедничката тема: “Growing together – rooted in values – rising as leaders“, односно „Растеме заедно – вкоренети во вредностите – се издигнуваме како лидери“. Кампот понуди динамична програма исполнета со различни курсеви, интерактивни работилници и можности за размена на знаења и искуства. Курсевите беа задолжителниот дел и опфаќаа повеќе теми поврзани со менталното здравје, лидерството, активности на отворено поврзани со изградба на куќарки на дрва, обработка на темата “Do no harm” како методологија против било каков вид на насилство, односи со јавност, техники за раскажување приказни, театарски пристап во работата со млади и дигитално образование. Младите учесници и младинските работници активно придонесуваа со сопствените идеи, практики и перспективи, создавајќи простор во кој сите можеа да учат едни од други. Во фокусот беше заедничкото учење за иднината на младинската работа, како и развивањето лидерски способности засновани на вредности, соработка и меѓународно разбирање. Покрај едукативниот дел, програмата беше збогатена со многу креативни и забавни активности. Учесниците имаа можност да бидат дел од интернационален музички бенд, да создаваат уметност низ различни работилници за рачни изработки, цртање и сликање, работилници за дизајнирање восочни свеќи како и склопување и дизајнирање на куќарки за мали птици, да учествуваат во работилници за пеење (ten sing), да посетуваат сесии за релаксација и да учествуваат во спортски активности на терените на кампот во Михелштат. Дури и високите температури не ги спречија учесниците да учествуваат на сите овие настани, но и да уживаат во посетата на локалниот базен. За учесниците, покрај овие обврски, вклучена беше и прошетка до адреналински парк и возење на мал, планински ролеркостер, како и патување со брод по реката Мајна до блискиот град Милтенберг. Од Македонија имаше вкупно 7 претставници. Во изминатите четири години, овој камп прерасна во важно место за средба на европското ИМКА движење. Тој не претставува само меѓународен собир, туку простор каде што младите градат пријателства, споделуваат искуства и се инспирираат стекнатото знаење да го пренесат во своите земји и локални организации. Овој камп служи за сплотување на младинските работници низ камповите во Европа и е особено значаен за нашата земја од аспект на тоа што нуди споделување на искуства поврзани со камп културата која што ИМКА во Битола и во Македонија неуморно се труди да ја издигне на едно повисоко и препознатливо ниво за сите наши локални учесници, волонтери и поширока публика. * Пред да дојдам на кампот во Михелштат немав некои преголеми очекувања. Се надевав дека ќе запознаам нови луѓе, ќе стекнам пријатели и ќе разменам мислења со млади од различни земји. На крајот, сето тоа се исполни, па дури и ги надмина моите очекувања. Најинтересен и највпечатлив дел за мене беше курсот за лидерски вештини. Таму научив многу корисни работи за комуникацијата, тимската работа и начинот на кој еден лидер може позитивно да влијае на другите. Сигурно ќе ги применам овие знаења и во мојата заедница. За време на кампот стекнав поголема самодоверба во споделувањето на моите мислења и научив како подобро да ги разбирам и почитувам луѓето околу мене. Ова искуство ми помогна да пораснам како личност и да станам поотворен кон нови идеи и перспективи. Дефинитивно би го препорачал Михелштат кампот на секој млад човек кој сака да стекне нови искуства, да создаде меѓународни пријателства и да научи нешто корисно и вредно за својата иднина. Никола Гелов Кога првпат слушнав за кампот во Михелштат, сè ми дојде многу неочекувано. Бев пресреќна кога дознав дека и моите другарки добија можност да учествуваат, бидејќи знаев дека заедно ќе доживееме едно незаборавно искуство. Секој ден на кампот ми беше интересен на свој начин. Имав можност да научам многу нови работи и да запознаам луѓе од различни средини. Особено ми се допадна курсот по пеење. Таму научив дека не треба да се плашиме да пробаме нешто ново. Ако никогаш не се обидеме, нема да знаеме што можеме да постигнеме. Секој човек има свој талент и свој начин на изразување, а токму тоа нè прави посебни. Едно од највозбудливите искуства за мене беше активноста во Tree House. Искрено, пред да дојдам на кампот мислев дека тоа не е нешто што би го направила во мојот град. Но, овде решив да излезам од мојата зона на удобност и да пробам нешто ново. На крајот, многу се забавував и бев горда на себе што се осмелив да учествувам. Од курсот по пеење научив и една важна животна лекција: дека не треба да ги осудуваме другите. Секој може да направи нешто на свој начин и тоа не го прави помалку вреден. Наместо да критикуваме, треба да ги прифатиме и почитуваме разликите меѓу луѓето. Кампот ме научи да се дружам со сите, да бидам поотворена и да не донесувам брзи заклучоци за другите. Сфатив дека секој човек има своја приказна и дека сите заслужуваат почит, разбирање и поддршка. Најважната порака што ќе ја понесам со себе е дека треба да бидеме храбри и да не се плашиме од нови предизвици. Нема глупави прашања и нема неуспеси кога учиме нешто ново. Секое искуство е можност да пораснеме и да станеме подобра верзија од себе. Дефинитивно би им го препорачала Михелштат кампот на сите млади кои имаат можност да учествуваат. Пријателствата, чувството дека сте дел од едно големо семејство, новите искуства и сè што се учи таму се нешта што тешко можат да се доживеат на друго место. Тоа е искуство кое засекогаш останува во сеќавање. Јована Кирјаковска   Бидејќи и претходно имав учествувано на два меѓународни кампа надвор од Македонија, дојдов во Михелштат со високи очекувања и чувство на возбуда. Од моите претходни искуства знаев дека ме очекува нешто посебно, а кампот ги надмина сите мои очекувања. Она што најмногу ми се допадна беше разновидноста на курсевите и работилниците. Тие создадоа можност сите учесници да се запознаат подобро, да се дружат и да учат едни од други.

  • ENSURE истакнат како значајна иницијатива за идната подготвеност на првите одговорни служби

    ENSURE истакнат како значајна иницијатива за идната подготвеност на првите одговорни служби На 27 јуни 2026 година, Кирил Михајлов, командир на Доброволното противпожарно друштво Свети Николе, учествуваше на панел-дискусија во Скопје посветена на противпожарната заштита и подготвеноста за вонредни состојби. Во рамки на дискусијата беа разгледани дел од клучните предизвици со кои се соочуваат противпожарните…

  • Реални искуства од шумските пожари во функција на подобра подготвеност преку ENSURE

    Реални искуства од шумските пожари во функција на подобра подготвеност преку ENSURE Доброволното противпожарно друштво Свети Николе продолжува да придонесува кон целите на проектот ENSURE преку своето директно учество во сложени интервенции на шумски пожари во Северна Македонија. За време на големиот пожар во Општина Македонски Брод, тимот на ДПД Свети Николе беше ангажиран како…

  • Заедно учиме англиски – нова активност во нашата организација

    Започнуваме со изучување на англискиот јазик! Првиот час помина во пријатна атмосфера, со учење на нови зборови и изрази, разговор и многу позитивна енергија. Преку овие часови создаваме можности за учење, стекнување нови знаења и развивање нови вештини. The post Заедно учиме англиски – нова активност во нашата организација appeared…

  • Школа за водачи Голозинци 2026 во организација на СИМ

    Во периодот од 13.08 до 19.08.2026 година, во Извидничкиот центар “Голозинци“, се одржа првиот дел од Школата за Водачи ’26. На школата учествуваа членови од повеќе извиднички одреди: ИПО “Јадран’’ , ИПО “Крсте Јон’’ , Прв Скопски Извиднички Одред, ИО ,“Гоце Делчев“ , ИО “Методиј Митевски-Брицо“ ИО “Мирко Милевски“ ,…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор