Полскиот министер за одбрана да ја повлече тужбата против новинар

Европската федерација на новинари (ЕФЈ), Репортери без граници (RSF), Европското здружение на списанија (EMMA), Европското здружение на новински издавачи (ENPA), Европскиот центар за печат и слобода на медиумите (ECPMF), Фридом хаус, Глобалната мрежа на уредници (GEN), Индекс на цензура, Меѓународниот институт за печат (IPI) и Медиумската организација на Југоисточна Европа (SEEMO) упатија писмо да полскиот министер за одбрана Антони Мацеревич во кое бараат да ја повлече кривичната тужба против Томаш Пиатек, автор на новата книга за наводната мрежа на министерот на сомнителни руски контакти.

Истражувачкиот новинари за независниот весник Gazeta Wyborcza, Пиатек се соочува со потенцијална казна затвор од три години во предмет на кој работат воени обвинители и кој може да биде изнесен пред воен суд.

Военото биро на полското главно обвинителство изјави на 11 јули дека примило тужба од Мацеревич во која Пиатек се товари за „користење сила или закани против јавен функционер„ и „јавни навреди или понижување на уставно тело“ во врска со книгата објавена кон крајот на јуни.

Во заедничко писмо до министерот за одбрана на 18 јули 2017 година (види подолу), ЕФЈ и други организации го повикуваат итно да ја повлече тужбата против Пиатек.

Резултатите од 18-месечното истражување, книгата, со наслов „Мацеревич и неговите тајни“, ги опишува наводните политички и финансиски врски Мацеревич министерот со лица блиски до Кремљ, руските разузнавачки служби и руски криминални организации.

Тужбата на министерот се заснова на три одредби од кривичниот законик: член 244, според која „користењето сила или закани против јавен функционер“ е казниво со до три години затвор; член 266, според кој „јавни навреди или понижување на уставно тело“ се казнува со до две години затвор, и член 231, според кој јавните функционери се заштитени во однос на нивните службени функции и нивниот приватен живот.

Во статија во Gazeta Wyborcza, Пиатек ги отфрли сите обвиненија содржани во тужбата, истакнувајќи дека министерот не го обвинил за лаги или клевета, и не негирал ништо од она што се тврди во книгата. Тој исто така рече дека би било апсурдно цивилно лице да се изнесе пред воен суд.

ЕФЈ се приклучи кон повикот за слобода на медиумите поднесен од IPI до Платформата за заштита на новинарството на Советот на Европа во врска со овој случај.

The post Полскиот министер за одбрана да ја повлече тужбата против новинар appeared first on ССНМ.

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор