Реакција на настаните поврзани со поставувањето на споменикот на двоглав орел во Топанско Поле и камен темелник на крст во Општина Бутел

Асоцијацијата за демократски иницијативи, како дел од проектот „Патоказ кон слободни и фер избори“, испраќа реакција по повод настаните и инцидентите поврзани со поставувањето на споменикот на двоглав орел во Топанско Поле и камен темелник на крст во Општина Бутел.

Како и во изминатите предизборни циклуси, така и во овој предизборен период кој по својата природа е специфичен по сериозната политичка криза во која е навлезена државата, забележуваме разнишување на меѓуетничките односи и појава на засилена националистичка реторика и делувања на политичките субјекти. Во тој контекст ги толкуваме и последните случувања околу поставувањата на спомен обележјата на територијата на Скопје кои се значајни симболи на идентификација на двете најголеми етнички заедници во Македонија.

Апелираме до сите надлежни институции за проактивен пристап и внимателност во разрешувањата на претходно наведените инциденти согласно законски доверените надлежности и овластувања.

Апелираме до сите политички субјекти да се воздигнат над ситуацијата, да не ја заоструваат и онака специфичната политичка атмосфера, да не ги злоупотребуваат националните и верски симболи за нивни партиски цели и за дефокусирање на вниманието на јавноста од сериозните политички и општествени процеси низ кои поминува земјата, а кои ја оддалечуваат од патот на евро-атлантските интеграции.
Веруваме дека граѓаните на Македонија ги надраснаа ваквите предизвици, веруваме во нивната граѓанска, политичка и општествена свесност и рационалност и ги повикуваме да не дозволат да бидат искористени во намерните и оркестрирани конструкции на политичките партии за предизвикување меѓуетнички тензии и во овој предизборен период.

На крај, сметаме дека е крајно време на граѓаните на Македонија да почнат да им се обезбедуваат симболи на обединување, наместо злоупотребување на истите.

Асоцијацијата за демократски иницијативи мониторингот на меѓуетничките односи го спроведува во рамките на проектот „Патоказ кон слободни и фер избори“ кој е поддржан од Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Амбасадата на Кралството Холандија Националниот демократски институт и Националниот фонд за демократија. Проектот се реализира во партнерство со Граѓанската асоцијација „МОСТ“, Центарот за економски анализи, Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ и Младинскиот културен центар – Битола.

Асоцијацијата за демократски иницијативи е корисник на институционален грант од програмата Цивика мобилитас.

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор