Slika5

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА РОДОВАТА ПРЕСПЕКТИВА ВО ЛОКАЛНИТЕ КОМУНАЛНИ ПОЛИТИКИ И ЈАВНИ УСЛУГИ

На 16 ноември 2026 година, во понеделник, во салата на Општина Кавадарци се одржа настан посветен на јавното застапување за вклучување на родовата перспектива во политиките и програмите на јавните комунални услуги.

На настанот присуствуваа претставници на општината и граѓани, кои преку дискусија и размена на мислења разговараа за различните потреби на жените и мажите во однос на јавните комунални услуги, како и за можностите за нивно подобрување и унапредување.

Во рамки на дискусијата беа отворени прашања поврзани со достапноста, квалитетот и пристапноста на комуналните услуги, како и со потребата тие да се планираат и спроведуваат согласно реалните потреби на граѓаните. Посебно внимание беше посветено на значењето на вклучувањето на родовата перспектива во локалните политики, програми и буџети, со цел да се обезбедат еднакви можности за жените и мажите.

Преку размена на искуства и предлози, учесниците имаа можност да ги истакнат предизвиците со кои се соочуваат во секојдневното користење на јавните комунални услуги и да дискутираат за можни решенија кои ќе придонесат кон поефикасни, поинклузивни и поквалитетни услуги.

Им благодариме на сите присутни за учеството, споделените мислења и конструктивниот придонес во дискусијата.

Организиравме во рамките на партнерскиот проект „Гласот и учеството на жените и младите во: Креирање јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество“, што се спроведува од „Женска граѓанска иницијатива АНТИКО“ – Скопје, во соработка со проектните партнери „СЕКОГАШ СОЖИВОТ“ – с. Канатларци – Прилеп и „ЗОК АДРИОН“ – Желино, а со поддршка од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.

Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат МЦМС,НИРАС и ФЦГ. Мислењата кои се изразени овде се на Здружението “Секогаш Соживот не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение за мултикултурна афирмација и едукација на жените и младите во руралните средини СЕКОГАШ СОЖИВОТ с.Канатларци, Прилеп

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор