Повик

Повик за локални новинари и медиумски работници за учество на обука за локален инспекциски надзор

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје и Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје го спроведуваат проектот „Локалните инспектори под лупа: Унапредување на законитоста и одговорноста на локалната инспекција“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Проектот има за цел да придонесе кон унапредување на законитоста, отчетноста и интегритетот во работата на локалните инспекциски служби. Преку истражување на состојбите, надлежностите и ризиците од корупција во локалниот инспекциски надзор, проектот настојува да придонесе за поголема транспарентност и одговорност на институциите, како и за подобра информираност на граѓаните.

На 26 и 27 ноември 2026 година, на Велешко Езеро, организираме дводневна обука за новинари и медиумски работници од локалните медиуми.  На обуката, учесниците ќе се запознаат со функционирањето на локалниот инспекциски надзор и ќе добијат пристап до нови податоци што можат да им послужат како основа за истражување и подготовка на новинарски стории важни за локалните заедници.

На обуката, учесниците ќе можат:

  • Да се запознаат со правната рамка, надлежностите и функционирањето на локалните инспекциски служби;
  • Да добијат пристап до податоци за локалниот инспекциски надзор собрани од 78 општини, вклучително и информации за организацијата, капацитетите и работата на инспекциските служби;
  • Да развијат конкретни идеи за новинарски стории врз основа на достапните податоци, со фокус на прашања важни за локалните заедници.

По обуката, учесниците ќе можат да аплицираат за финансиска поддршка за подготовка и објавување на новинарски стории поврзани со локалниот инспекциски надзор. Бројот на стории што ќе добијат финансиска поддршка е ограничен, а изборот ќе се врши врз основа на квалитетот и релевантноста на доставените предлог-концепти. Избраните стории треба да се објават во текот на декември 2026 година.

Сите трошоци за учество на обуката, вклучително и сместување, превоз, храна и освежување, се покриени од организаторите.

Услови за пријавување

Право на учество имаат новинари и медиумски работници кои се професионално или волонтерски ангажирани во локални медиуми во Северна Македонија.

Во случај на поголем број пријавени кандидати од расположливите места, организаторите ќе ги изберат учесниците според географската застапеност, за да се опфатат што поголем број општини и локални заедници.

Од учесниците се очекува да присуствуваат на завршната проектна конференција која ќе се одржи во декември, а за која ќе бидат покриени патни трошоци од организаторот.

Пријавувањето се врши преку следниот линк, најдоцна до 16.11.2026:

За дополнителни информации и прашања можете да се обратите на gvasilev@idscs.org.mk.

Содржината на овој повик е единствена одговорност на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје и Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или на организациите што ја спроведуваат.

The post Повик за локални новинари и медиумски работници за учество на обука за локален инспекциски надзор appeared first on IDSCS.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Институт за демократја ИДСЦС

Продолжи со читање

  • Младите од Струга во улога на новинари на работилница за медиумите на заедницата

    Средношколци од Струга учеа за медиумите на заедницата, разговараа за етиката во новинарството и за момент влегоа во улога на новинари. Тие предлагаа теми, анализираа како да ја обработат приказната и дискутираа колку е важно да се зборува јавно за проблемите на локалните заедници и да се бараат решенија.

  • Отворен повик за аплицирање за стипендии за професионално усовршување во рамките на програмата „Заедници со интегритет“

    Oтворен е повик за аплицирање за стипендии за професионално усовршување, наменети за вработените во општините и институциите опфатени со програмата „Заедници со интегритет“, кои имаат интерес за професионален развој преку учество на обуки, тренинзи, курсеви и сертифицирани програми. Право на аплицирање имаат вработените во општините Град Скопје, Битола, Боговиње, Гази Баба, Куманово, Македонска Каменица, Неготино, […]
    The post Отворен повик за аплицирање за стипендии за професионално усовршување во рамките на програмата „Заедници со интегритет“ appeared first on IDSCS.

  • Повик за изразување интерес за приклучување кон Националниот консултативен механизам за Реформската агенда 2024-2027 (НКМ-РА) на Северна Македонија

    Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ) како координатор на регионалниот проект „Следење реформи и раст во Западен Балкан“ кој се спроведува во партнерство со партнерите од мрежата „Мисли за Европа“ (Think for Europe Network (TEN)),  ги повикува сите заинтересирани граѓански организации (ГО), стопански комори, социјални партнери, академската заедница и други засегнати чинители во Северна […]
    The post Повик за изразување интерес за приклучување кон Националниот консултативен механизам за Реформската агенда 2024-2027 (НКМ-РА) на Северна Македонија appeared first on EPI.

  • ОТВОРЕН ПОВИК за избор на позната личност (инфлуенсер/ка) за промоција на кампања против родово базирано насилство

    Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ Прилеп во рамки на проектот „Интегрирана поддршка и јакнење на жените жртви на насилство за посилен глас и безбедна иднина“, објавува: ОТВОРЕН ПОВИК за избор на позната личност (инфлуенсер/ка) за промоција на кампања против родово базирано насилство Овој повик има за цел избор на позната личност (инфлуенсер/ка)…

  • Повик за ангажман на експерт/експертка за евалуација на едукативни активности

    Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и пристапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или индиректни барања за неформални плаќања, непотизам и дискриминација при…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор