Повик за изразување интерес за приклучување кон Националниот консултативен механизам за Реформската агенда 2024-2027 (НКМ-РА) на Северна Македонија
Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ) како координатор на регионалниот проект „Следење реформи и раст во Западен Балкан“ кој се спроведува во партнерство со партнерите од мрежата „Мисли за Европа“ (Think for Europe Network (TEN)), ги повикува сите заинтересирани граѓански организации (ГО), стопански комори, социјални партнери, академската заедница и други засегнати чинители во Северна Македонија да го изразат својот интерес за учество во Националниот консултативен механизам за Реформската агенда 2024-2027 (НКМ-РА).
НКМ-РА е национална консултативна плаформа што овозможува структуриран, инклузивен дијалог заснован врз докази помеѓу јавните институции, ГО, стопанските комори, академската заедница, и други засегнати чинители, за спроведувањето и следењето на Реформската агенда 2024-2027 во Северна Македонија во рамки на Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан на Еврпската Унија. За да се приклучите на платформата пополнете го формуларот достапен на следниот линк: https://forms.gle/
*Во случај на голем интерес, предност ќе се даде на организации со најмалку три години искуство во темите од областите на Планот за раст.
The post Повик за изразување интерес за приклучување кон Националниот консултативен механизам за Реформската агенда 2024-2027 (НКМ-РА) на Северна Македонија appeared first on EPI.
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Институт за европска политика (ЕПИ)





![[Aggregator] Downloaded image for imported item #52336](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/10/Sorabotka_-_pixabay-768x512.png)

