Извештај од мониторинг посета Јавна установа Специјален завод Демир Капија
Овој извештај беше изработен во рамки на проектот „Зајакнување на човековите права и услуги за децата и
ранливите лица во ризик во затворени институции“. Главна цел на проектот е да придонесе кон подобрување на
услугите за целните групи преку пристап заснован врз човекови права. Специфичните цели се насочени кон подобрување на условите и кон заштита на човековите права, зајакнување на капацитетите на персоналот и
поттикнување соработка меѓу локалните активисти, институции и заедницата. Во рамките на првиот дел од активностите во проектот – мониторинг и посета – беше извршена посета на Специјалниот завод во Демир Капија и на станбените единици.
За време на посетата беа остварени разговори со персоналот на установата, вклучително со в. д. директорката, која е истовремено и специјален едукатор, две социјални работнички, три координаторки на организациските единици, две медицински сестри, една лаборантка и повеќе од дванаесет негуватели/ки.
Посетата беше спроведена врз основа на претходно изготвена методологија, а целта на мониторингот беше да
се добие сеопфатна слика за тековните услови за живеење, здравствената грижа, кадровскиот капацитет, организациските практики и степенот на примена на процесот на деинституционализација во установата, со цел
изработка на препораки за унапредување на квалитетот на услугите и за заштита на правата на корисниците.
The post Извештај од мониторинг посета Јавна установа Специјален завод Демир Капија appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Хелсиншки комитет за човекови права


![[Aggregator] Downloaded image for imported item #52145](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/10/acrobat_5s3r4nemhz-e1792394016656.png)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #52197](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/10/Ico_vule_baze2-576x1024-1.jpg)


![[Aggregator] Downloaded image for imported item #52154](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/10/FD2A3439-scaled-1-768x512.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #52149](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/10/acrobat_0eala1htkb-e1792393675540.png)