CoP B leaf 2 1536x865

Во Скопје одржана втората средба на мрежата во рамките на проектот Green B-LEAF

На 30 септември 2026 година, во Скопје се одржа втората средба на меѓународната мрежа (Community of Practice) на проектот Green B-LEAF, со учество на 32 претставници на проектните партнери, општините, експерти и други засегнати страни.

На средбата беа презентирани досегашните активности на проектот, како и практични искуства од примената на партиципативното буџетирање во Северна Македонија. Посебен акцент беше ставен на методологијата на Форумите во заедницата и алатката за означување и следење на зелените буџетски расходи (Green Budget Tagging and Tracking Tool). Преку практични работилници, учесниците имаа можност да се запознаат со нивната примена во процесите на локално планирање и буџетирање.

Средбата овозможи размена на искуства и дискусија за можностите за примена на презентираните пристапи во општините, со цел поголемо учество на граѓаните во донесувањето одлуки и подобро интегрирање на еколошките приоритети во локалните буџети.

Проектот Green B-LEAF е кофинансиран од Европската Унија преку програмата Interreg Euro-MED 2021–2027.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение Центар за развој и промоција Промо идеа Струмица

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор