[Aggregator] Downloaded image for imported item #51962

Во Скопје одржан третиот партнерски состанок на проектот Green B-LEAF

На 1 октомври 2026 година, во Скопје се одржа третиот партнерски состанок на проектот Green B-LEAF, на кој учествуваа претставници на проектните партнери, меѓу кои и Промо Идеа Струмица. Средбата беше посветена на разгледување на досегашниот напредок во реализацијата на проектот и координација на претстојните активности.

Во текот на состанокот беа презентирани резултатите од развојот на методологијата за зелено партиципативно буџетирање, алатките за следење на зелените буџетски расходи, како и плановите за спроведување на локалните пилот-активности. Посебно внимание беше посветено на претстојните активности “Green Your City Labs”, преку кои ќе се поттикнува вклучувањето на локалните заедници во планирањето и изборот на зелени решенија.

Партнерите дискутираа и за понатамошното тестирање и практична примена на развиените алатки, размената на искуства и комуникациските активности. Како дел од следните чекори, Промо Идеа ќе ги разгледа можностите за интегрирање на вештачката интелигенција во алатката за зелено буџетирање и ќе учествува во координацијата на следните активности на Заедницата на практики.

Проектот Green B-LEAF е кофинансиран од Европската Унија преку програмата Interreg Euro-MED 2021–2027.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение Центар за развој и промоција Промо идеа Струмица

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор