Mzmp

ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ

Вчера (7.10.2026 година) на Пленарна седница на Собранието на Република Северна Македонија, на прво читање беа разгледани предлог измени и дополнувања на Законот за животната средина. Веќе за 13.10.2026 година е закажана седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на која Законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина  ќе биде ставен на дневен ред за второ читање.

Пред се, постапката за изработка на изменувањата на Законот беше целосно нетранспарентна поради тоа што Македонското здружение на млади правници никогаш не доби одговор на коментарите поднесени во март 2025 година, а Нацртот на Законот кој беше објавен на ЕНЕР се разликува од Предлогот на Законот кој беше поднесен во Собранието. Дотолку повеќе, измените и дополнувањата на Законот за животната средина не ги решаваат проблемите во заштитата на животната средина, напротив, креираат нови.

Во 2022 година беа воведени одредби за справување и ремедијација на контаминираните подрачја во државата. На овој начин се создаде системски одговор за екстремно загадените подрачја кои со години предизвикуваат штета по животната средина и здравјето и животот на луѓето. Планот за управување со отпад 2021-2031 година идентификува 7 вакви контаминирани подрачја.[1] Предлог измените на Законот за животната средина, кои сега се наоѓаат пред пратениците, предвидуваат бришење на членовите кои ја воспоставија правната рамка и одговорностите на институциите за ремедијација на овие контаминирани подрачја. Доколку се усвојат ваквите измени, наместо да се унапредува македонското законодавство, се креира правна празнина. Тоа значи дека во државата нема да има точно определено која институција има обврска да планира и спроведува активности за справување со штетните последици од овие контаминирани подрачја, во каква постапка треба сето тоа да се спроведува и како да се следи спроведувањето на мерките и активностите. Доколку се изгласаат измените на Законот за животната средина, обврската за ремедијација на контаминираните подрачја нема да биде задолжителна обврска во договорите за концесија со приватни инвеститори.

Ваквите состојби и предложените измени на Законот ја уназадуваат правната рамка за заштита на животната средина и се спротивни на темелните вредности на македонскиот правен поредок и правото на здрава животна средина, утврдени во Уставот. Истовремено ова во никој случај не значи усогласување со Директивата 2014/52/ЕУ, поради тоа што таа уредува сосема друга материја.

Предлог Законот не ги решава ниту проблемите кои произлегуваат од елаборатите за заштита на животната средина.

Сегашните законски одредби не предвидуваат никакво информирање на јавноста за проектите за кои се изработува елаборат за заштита на животната средина, не дозволуваат јавноста да даде коментари и забелешки на елаборатите ниту им овозможува истите да ги оспори пред правните механизми. Наспроти тоа, елаборатите се одобруваат во затворена постапка. Како за илустрација, елаборати за заштита на животната средина се изработуваат за мали хидроцентрали, за постројки за складирање и третман на отпад (како во случајот со Трубарево), а постои веројатност елаборати да се изработуваат и за најавените дата центри.

Македонското здружение на млади правници во 2021 година бараше за овие елаборати да се објавуваат јавни информации, јавноста да може да дава коментари и забелешки и да може да ги оспори пред правните механизми, но не доби никаков одговор. Иако државата во Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 ја презема обврската да ги унапреди елаборатите, тоа не се спроведе.

Наместо тоа, иако сегашните измени и дополнувања на Законот за животната средина воведуваат некои добри аспекти во однос на елаборатите, повторно не го решаваат клучниот проблем: јавноста повторно нема да има никакви информации за нив, ниту може да дава коментари и забелешки или да ги оспорува пред судовите!

МЗМП на 22 септември поднесе коментари до Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, а на 29 септември информации до координаторите на сите пратенички групи во Собранието во однос на проблемите кои би ги креирале предлог измените на Законот за животната средина доколку бидат изгласани. Имајќи предвид дека Уставот во членот 8 како темелна вредност на нашиот уставен поредок ја утврдува заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, а во членот 43 го уредува правото на здрава животна средина, ги повикуваме пратениците да дејствуваат во насока на соодветна реализација на овие уставни одредби. Исто така бараме од пратениците да ги искористат сите можности кои им ги обезбедува Деловникот на Собранието и да закажат јавна расправа на која заинтересираната јавност ќе има шанса да се произнесе по предложените измени и дополнувања на Законот за животната средина.

Лице за контакт:

Бојан Трпевски

074 601 004


[1] ОХИС Хлорно алкална постројка Постројка за линдан Депонија за HCH Депонија (локација со висок ризик во Скопје); Лојане поранешен рудник за хром, арсен и антимон (локација со висок ризик во Куманово); Макстил фабрика за железо и челик (локација со среден ризик во Скопје); РЕК Битола енергетска централа и рудник за јаглен (локација со среден ризик во Битола); Југохром депонија со шестовалентен хром во Јегуновце (локација со среден ризик во Тетово); МХК Злетово ѓубрива (локација со низок ризик во Велес); РЕК Осломеј енергетска централа и рудник за јаглен (локација со низок ризик во Кичево)

The post ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ appeared first on Myla.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонско здружение на млади правници

Продолжи со читање

  • Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество на средба со организациите во Куманово

    На 1 октомври 2026 година претставници на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество се сретнаа со граѓанските организации и активистите од Североисточниот регион. Средбата беше посветена на улогата, работата и соработката со Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како значаен механизам за унапредување на дијалогот меѓу институциите и граѓанските организации.

  • OТВОРЕНО ПИСМО | Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус?

    Мрежа за заштита од дискриминација испраќа отворено писмо до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод нејзината неодамнешна средба со претставнички на здружението „Јас сум жена“. Со […]

  • Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина

    Од 5 до 7 октомври, во Приштина се одржа Civil Society & Think Tank Forum 2026, официјалната платформа на граѓанското општество во рамки на Берлинскиот процес, на кој учествуваше и Finance Think. Во текот на трите дена, низ повеќе тематски дискусии, претставниците на граѓанските организации и тинк-тенковите од Западен Балкан имаа можност да дадат свои […]
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина first appeared on Finance Think.
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина appeared first on Finance Think.

  • Граѓанското општество од Западен Балкан го даде својот придонес во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес

    Овогодишниот Форум на граѓанското општество и тинк-тенк организации (CSF 2026) се одржа во Приштина од 5 до 7 октомври. Форумот, како официјална платформа на граѓанскиот сектор во рамките на Берлинскиот процес, уште еднаш ја потврди незаменливата улога на граѓанскиот сектор како мост меѓу граѓаните, експертската заедница и донесувачите на одлуки.

  • Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе

    Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе На 4 и 5 октомври 2026 година, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Свети Николе, се одржа базична обука за прва помош, организирана со поддршка на Operation Florian од Велика Британија. На обуката учество земаа членови од три доброволни противпожарни друштва: ДПД Свети Николе, ДПД…

  • ОД ДИЈАЛОГ ДО ПРОМЕНА: ЗАЕДНО ЗА ПОСИЛНИ И ПОАКТИВНИ ЖЕНИ ВО ЗАЕДНИЦАТА

    Заедно за промени: воспоставување дијалог за создавање овозможувачка средина за жените. Во Ресен се одржа настан посветен на воспоставување отворен и конструктивен дијалог меѓу жените и локалните чинители, со цел заеднички да се разговара за можностите, предизвиците и потребите на жените во локалната заедница. Настанот претставуваше простор каде што учесниците имаа можност слободно да ги…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор