Naslovna kreativa 1 26.09

СВЕТСКИ ДЕН НА КОНТРАЦЕПЦИЈА: „ИЗБОР БЕЗ БАРИЕРИ“ – НО ИЗБОРОТ НЕ Е РЕАЛНОСТ ЗА СИТЕ

Скопје, 26 септември 2026 – Контрацепцијата треба да биде прашање на информиран личен избор, а не на тоа колку некој може да си дозволи, каде живее или дали има пристап до навремени и точни информации.

По повод Светскиот ден на контрацепцијата, кој годинава се одбележува под мотото „Избор без бариери“, ХЕРА потсетува дека зад правото на избор мора да стои и функционален здравствен систем кој обезбедува достапна контрацепција, квалитетно советување и услуги за сексуално и репродуктивно здравје. Според последните достапни национални податоци од Истражувањето на повеќекратни индикатори (MICS) 2018–2019 на УНИЦЕФ, 43,9% од паровите на возраст од 15 до 49 години кои се во брак или заедница во Северна Македонија користат прекинат сексуален однос како метод за спречување бременост, додека современа контрацепција користат само 14%. Ова покажува дека традиционалните методи и понатаму имаат значително место во практиките за спречување бременост, додека употребата на современи методи останува ниска.

Состојбата е особено загрижувачка кај младите. Според податоците, околу 14% од младите жени на возраст од 20 до 24 години користат современ контрацептивен метод, додека 38,6% се потпираат на прекинат сексуален однос. Кондом користат 11% од младите жени во оваа возрасна група.

Ниската употреба на современа контрацепција не е само прашање на личен избор. Кога методите не се финансиски достапни или не се обезбедени преку здравствениот систем, изборот не е еднаков за сите.

Иако во 2026 година контрацептивните лекови се вклучени на Есенцијалната листа, тие и понатаму не се покриени од задолжителното здравствено осигурување. Затоа, следниот чекор е нивно вклучување на Позитивната листа на лекови, со што контрацепцијата ќе стане финансиски подостапна за граѓаните.

Мотото “Избор без бариери“ треба да стане реалност и во Северна Македонија. Не е доволно контрацепцијата формално да биде препознаена како потреба во здравствениот систем – таа мора да биде и финансиски достапна за граѓаните. Затоа, потребно е современите контрацептивни средства да се вклучат на Позитивната листа на лекови и да се обезбеди пристап до квалитетно советување и услуги за сите.

За да се намалат нееднаквостите и да се обезбеди вистински избор на контрацепција, ХЕРА повикува на:

  • вклучување на современите контрацептивни средства на Позитивната листа на лекови и нивно покривање преку задолжителното здравствено осигурување;
  • зголемување и одржливо финансирање на државните програми за контрацепција, со посебен фокус на младите и лицата кои се соочуваат со економски и други бариери;
  • обезбедување достапни, доверливи и научно засновани информации и советување за сексуалното и репродуктивното здравје, вклучително и за современите методи на контрацепција, преку сеопфатното сексуално образование, кое ќе им овозможи на младите да стекнат знаења и вештини за информирани и одговорни одлуки за нивното сексуално и репродуктивно здравје.

На Светскиот ден на контрацепцијата, пораката е едноставна: изборот е право, но за да биде вистински избор, мора да биде придружен со достапност. „Избор без бариери“ значи секој човек да има реална можност информирано да одлучува дали, кога и колку деца сака да има, без финансиски, географски или други бариери до контрацепција.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА Скопје

Продолжи со читање

  • Индекс на активна транспарентност 2026 година

    Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2026 година изнесува 82 % (од максимално можни 100 %), што е за два поена повеќе во однос на минатата година кога изнесуваше 80 %.

  • Едукативни работилници: Правата имаат вредност тогаш кога знаеме како да ги оствариме

    Информиран граѓанин е чекор поблиску до остварувањето на своите права. На 23 и 24 септември 2026 година одржавме две едукативни работилници посветени на правата на граѓаните и практичните административни процедури за нивно остварување. Работилниците беа насочени кон тоа учесниците да стекнат практични знаења и сигурност во постапувањето пред институциите. Преку конкретни примери и практични насоки,…

  • Правото на образование во ВПД Тетово – Волковија: постигнат напредок и предизвици за неговиот континуитет

    Во Воспитно-поправниот дом Тетово – Волковија започна втората по ред учебна година согласно измените на Законот за основното образование. Особено нè радува што оваа година наставата започна со физичко присуство. Се надеваме дека овој почеток ќе прерасне во траен континуитет во остварувањето на правото на […]
    The post Правото на образование во ВПД Тетово – Волковија: постигнат напредок и предизвици за неговиот континуитет appeared first on Myla.

  • Каква може да биде демократијата на Западен Балкан во 2040 година?

    Меѓународниот институт за демократија и изборна помош (International IDEA) ја објави публикацијата „Imagining Democratic Futures: The Western Balkans in 2040“, која разгледува како би можела да се развива демократијата во земјите од Западен Балкан во следните петнаесет години. Публикацијата тргнува од оценката дека регионот и понатаму се соочува со слаби…

  • Методологија и водич за Democracy Tracker

    Меѓународниот институт за демократија и изборна помош (International IDEA) ја објави третата верзија на публикацијата „Democracy Tracker Methodology and User Guide“, практичен водич што ја објаснува методологијата на Democracy Tracker – алатка за редовно следење на значајните случувања поврзани со демократијата во 173 земји. Democracy Tracker обезбедува месечни информации за…

  • Нова публикација на International IDEA: Глобалната состојба на демократијата 2026 – Демократија во време на конфликти

    Меѓународниот институт за демократија и изборна помош (International IDEA) го објави новиот глобален извештај „Глобалната состојба на демократијата 2026: Демократија во време на конфликти“ (The Global State of Democracy 2026: Democracy in an Age of Conflict), кој ги анализира најновите трендови во развојот и назадувањето на демократијата во светот. Извештајот…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор