Screenshot 2026 09 24

Гласот на жените во општинскиот буџет: граѓанските иницијативи во фокусот на завршниот настан во Виница

На 22 септември 2026 година, во хотел „Александар Парк“ во Виница, се одржа завршниот настан „Гласот на жените во општинскиот буџет“, посветен на промоција на граѓанското партнерство, граѓанскиот ангажман и родово одговорните локални политики. Настанот го организираше Здружението ИНИ-Виница, во партнерство со Гласен Текстилец-Штип и ЕХО Едукативно-хуманитарна организација од Штип.

Настанот претставуваше простор за презентирање на резултатите од проектните активности, но и можност за директна средба и дијалог меѓу граѓаните, граѓанските организации и претставниците на локалните институции од Источниот регион. Посебен акцент беше ставен на учеството на жените и девојките во процесите на локално одлучување, родово сензитивните проблеми во заедниците, како и на иницијативите и препораките развиени во рамките на проектот.

Настанот го модерираше Огнен Јанески, а со поздравни обраќања се вклучија Тодор Цонев, претседател на ИНИ-Виница, Кристина Ампева, претседателка на Гласен Текстилец -Штип, и Блинера Реџепи Ука, проектна менаџерка во програмата Цивика мобилитас, која ги запозна присутните со целите и поддршката што програмата ја обезбедува за граѓанското општество.

Благојче Дишоски и Тодор Цонев ги претставија клучните активности, резултати и постигнувања од проектот. Процесот опфати 545 жени и девојки од Штип, Виница и Делчево, чии потреби и приоритети беа документирани преку теренско истражување и понатамошни консултации. Врз основа на добиените наоди беа развиени 9 родово-буџетски иницијативи, по три за секоја општина, кои беа презентирани и доставени до локалните самоуправи.

Преку отворени денови, работилници и активности за застапување беа опфатени повеќе од 400 граѓанки и граѓани, додека на трите локални граѓански форуми учествуваа 114 лица, од кои 91 жена. Дополнително, на регионалниот настан учествуваа 51 лице, меѓу кои и претставници на институциите и носители на одлуки. Како еден од позначајните резултати беше истакнато воспоставувањето подиректен и структуриран дијалог меѓу граѓанките и локалните институции во трите општини.

Фотографија: Матеј Трајанов

Во продолжение се разговараше за граѓанското учество и родово одговорните локални политики, а преку презентацијата „Гласот на граѓаните“ беа претставени локалните родово-буџетски иницијативи развиени во рамките на проектот. Тие опфатија прашања поврзани со безбедноста, пристапноста, јавниот превоз, осветлувањето, родово базираното и семејното насилство, грижата во заедницата и јавната безбедност во Штип, Виница и Делчево.

Фотографија: Матеј Трајанов

Посебен дел од настанот беше отворената дискусија со носителите на одлуки, во која учествуваа Сунчица Ѓуфтевска од Општина Штип, Даниела Јаковлевска од Општина Виница и Трајче Здравков, директор на Центарот за развој на Источниот плански регион. Разговорот беше насочен кон тоа како граѓанските иницијативи да добијат конкретен институционален одговор и да станат дел од локалното планирање и буџетирање, како и кон можностите за поголема регионална соработка меѓу општините.

Сунчица Ѓуфтевска од Општина Штип истакна дека Општината ги поддржала трите иницијативи поднесени од ЕХО и дека дел од предложените мерки веќе се реализираат. За една од иницијативите, таа посочи дека се разгледува можноста таа да биде предвидена во Буџетот на Општина Штип за 2027 година, при што консултативниот процес за планирање на буџетот започнува во овој период.

Во дискусијата за Виница, Даниела Јаковлевска се осврна на прашањата поврзани со сообраќајот и безбедното движење низ градот. Таа посочи дека сообраќајниот план е во завршна фаза и дека неговата имплементација треба наскоро да започне, при што е предвидено ограничување на брзината во делови од градското подрачје, како и постепено уредување на сообраќајната сигнализација и обележувањето на пешачките премини.

 

Трајче Здравков го потенцираше значењето на регионалниот пристап кон проблемите што не можат да се решаваат само во рамките на една општина. Во фокусот беа грижата за старите лица, развојот на соодветна инфраструктура и потребата од регионални решенија. Тој информираше и за активностите поврзани со изградбата на старечки домови во Кочани и Штип, како и за можноста проблемот со бездомните животни да се третира регионално, врз основа на претходни анализи, физибилити-студија и проценка на потребните финансиски средства, инфраструктура и кадар.

Како заедничка порака од дискусијата се издвои потребата локалните и регионалните институции да воспостават појасни механизми за одговор на граѓанските иницијативи, со конкретни информации за следните чекори и суштинско вклучување на граѓаните во процесите на планирање и буџетирање.

Завршниот настан беше и можност да се разговара за следните чекори и продолжувањето на регионалната соработка меѓу граѓанските организации, активните граѓани и локалните власти. Целта е воспоставеното партнерство и механизмите за граѓанско учество да продолжат и по формалното завршување на проектот, со поголема вклученост на граѓаните во локалното планирање и носењето одлуки.

Завршниот настан е дел од проектот „Преку женски активизам и граѓански иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“, што го спроведуваат Гласен Текстилец, ЕХО  Едукативно-хуманитарна организација и Иницијатива на невработени интелектуалци (ИНИ), со финансиска поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“

Продолжи со читање

  • Изградба на демократска отпорност во Западен Балкан: Од заробена држава до дигитален суверенитет

    За да се одговори на новите значајни предизвици во борбата против корипција и заробеност на државите од регионот на Западен Балкан, детално анализирани во најновиот Регионален антикорупциски извештај, Мрежата за лидерство за развој и интегритет на Југоисточна Европа (СЕЛДИ) координирана од МЦМС, организираше Форум за политики на 15 септември 2026 година во Подгорица, Црна Гора.

  • Практичен водич за остварување права

    Знаеш ли кои права ти припаѓаат и каде да се обратиш за да ги оствариш? Пристапот до социјална и здравствена заштита, лична документација и статусни права е основа за достоинствен и сигурен живот. Сепак, процедурите, институциите, потребните документи и условите за остварување на одредено право често можат да бидат сложени и тешко разбирливи. Токму затоа…

  • МЗМП достави извештај до ГРЕВИО за спроведувањето на Истанбулската конвенција во Северна Македонија

    Македонското здружение на млади правници (МЗМП) достави извештај до Групата експерти за акција против насилството врз жените и семејното насилство – ГРЕВИО, како придонес кон следењето на спроведувањето на Истанбулската конвенција во Северна Македонија. Извештајот го опфаќа периодот од 2023 до 2026 година и се […]
    The post МЗМП достави извештај до ГРЕВИО за спроведувањето на Истанбулската конвенција во Северна Македонија appeared first on Myla.

  • Совети и упатување

    Совети и упатување Кога се соочуваш со насилство, закани, контрола или страв, сосема е разбирливо да не знаеш од каде да започнеш. Не мора сама да ги знаеш институциите, процедурите и своите права. Станица ПЕТ може да те сослуша, да ти помогне да ја разбереш ситуацијата и да ти даде информации за можностите за поддршка…

  • Како да побарам помош?

    💜 Не си сама. Побарај поддршка. Понекогаш најважниот чекор е да кажеш: „Ми треба помош.“ Доколку се соочуваш со семејно или родово базирано насилство, закани, контрола, заплашување, психичко, физичко, сексуално или економско насилство, не мораш сама да се справуваш со ситуацијата. Станица ПЕТ е тука да те слушне, информира и поддржи. Обраќањето до нас е…

  • Психолошка и психосоцијална поддршка

    Психосоцијална, психолошка и психотерапевтска поддршка Станица ПЕТ обезбедува психосоцијална, психолошка и психотерапевтска поддршка за жени и деца кои се соочуваат со семејно и родово базирано насилство, како и за лица кои се соочуваат со последици од насилство или други тешки животни ситуации. Нашата цел е да обезбедиме безбедно, доверливо и неосудувачко место каде што можеш…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор