[Aggregator] Downloaded image for imported item #50653

Од проблем до решение – млади во Гевгелија учеа како функционираат медиумите на заедницата

Работничкиот универзитет во Гевгелија вчера се претвори во импровизирана новинарска редакција каде над дваесет средношколци и студенти по новинарство учеа и тренираа како проблемите кои ги засегаат може да се преточат во сторија или тема за активизам преку кои ќе се подобрат нивните заедници.

На работилницата, организирана од СЕММ и Институтот РЕСИС преку проектот „Медиуми на заедницата за посилно граѓанско општество”, учествуваа гимназијалци од Гевгелија и Богданци, активни во училишни новинарски клубови, и студенти по медиумски студии од Универзитетот „Гоце Делчев” од Штип. Заедно учеа за медиумите на заедницата и медиумската етика, а преку практични примери вежбаа и разработуваа теми од јавен интерес.

Во првиот дел Снежана Трпевска, претседателката на РЕСИС, им го прикажа светот на медиумите на заедницата. Преку примери од светски и регионални искуства, Трпевска покажа како овие медиуми се придобивка на локалната демократија и го засилуваат гласот на заедниците кои недоволно се застапени во традиционалните медиуми.

Работилница со млади Гевгелија 1

Работилница со млади Гевгелија 4

Преку примерот на Локал Актив, каде новинари, активисти и млади од Македонија работат на откривање и решавање локални проблеми, Трпевска објасни како во пракса може да функционира една ваква симбиоза. Низ презентација на неколку конкретни теми и застапувања од редакциите на Локал Актив, младите можеа да видат како овој процес изгледа во пракса – од првичната идеја, преку истражувањето и застапувањето до конечниот позитивен исход –  решение на проблемот.

„Да, новинарството го доживувам како хоби повеќе, бидејќи обожувам да пишувам, но и затоа што гледам дека имам некаков придонес во заедницата околу мене и тоа ме прави баш среќна. Ваквите обуки ни помагаат за да стекнеме различни ставови, ни помагаат уште да подобро да ги пишуваме сите наредни проекти во училиште“, вели Ванеса Костадинова, ученичка во Средното општинско училиште „Богданци“.

Билјана Георгиевска, извршната директорка на СЕММ, фокусот го стави на етичките и професионалните стандарди во новинарството. Таа ги запозна младите со клучните начела од Етичкиот кодекс на новинарите, потенцирајќи дека вистинитоста, професионалноста и објективноста не се формалности, туку темел без кој ниту еден медиум не може да ја заслужи довербата на своите сограѓани.

Георгиевска исто така објасни како функционира механизмот за поплаки до СЕММ – практична информација која им дава на младите активисти конкретна алатка за реагирање кога ќе се сретнат со манипулативна, неетичка или злонамерна содржина, без разлика дали таа доаѓа од традиционален или социјален медиум.

Работилница со млади Гевгелија 3

Работилница со млади Гевгелија 6

Вториот дел од работилницата им припадна целосно на учесниците средношколците и студентите ги споделија своите досегашни искуства и идеи за идни новинарски приказни, работеа во групи и предлагаа конкретни локални проблеми кои, според нив, заслужуваат новинарска обработка. Тие добија фидбек од предавачите и нивните идеи се обликуваа во концепти за истражувачки стории, придружени со јасно дефинирани чекори како тие би можеле да се изработат и како во иднина би можеле да се застапуваат нивните општествени барања.

„Мислам дека ваквите обуки ни помагаат, за да го развиеме нашиот начин на размислување. Во иднина, во нашиот училишен новинарски клуб би се фокусирала на локалните проблеми и би пробала да го најдам наједноставното решение“, ни изјави Глорија Гешевиќ, средношколка од СОУ „Богданци“.

Работилница со млади Гевгелија 5

Работилница со млади Гевгелија 7

Обуката во Гевгелија не заврши само со размена на знаење. Таа отвори врата и за понатамошна соработка – младите добија увид во работењето на Локал Актив со можност во иднина да се приклучат во редакциите, да пишуваат стории и активно да се вклучат во застапувачки процеси за решавање проблеми во нивните заедници.

*Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Институтот РЕСИС и на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, „Цивика мобилитас“ или на организациите што ја спроведуваат.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор