Procenka na vlijanie na regulativa1

Обука на тема “Проценка на влијание на регулативата (ПВР)”

Procenka na vlijanie na regulativa1Втората обука на тема „Проценка на влијание на регулативата (ПВР)“ во рамките на проект насловен “Поголема партиципација – подобри политики и регулативи”, финансиран од програмата ЦИВИКА Мобилитас, се спроведе на 11 и 12 февруари , 2016 година во просториите на ЦУП.

Обуката беше насочена кон развивање на свеста за можноста за засилено влијание на граѓанските организации (ГО) во процесот на оценка (евалуација) на јавните политики и донесување на одлуки, притоа применувајќи ја алатката за „Проценка на влијание на регулативата (ПВР)“, воспоставена во администрацијата на Република Македонија. На обуката се говореше за важноста на процесите и нивна примена при носењето на закони и оценката на придобивките и влијанието од тие закони врз граѓаните.

Procenka na vlijanie na regulativa1

Понатаму, се говореше и за важноста на ПВР за подобро законодавство, вклучително и меѓународните практики на реформа на регулативата, вклучувајќи и примери од други држави, посебно пристапот на ЕУ и насоките на ОЕЦД. Во фокусот на дискусијата беа и разликите помеѓу процесот на проценка на влијанието на регулативата и постоечките процедури во РМ за креирање на политиките, но и за важноста на граѓанските организации и нивно поактивно учество во подготовка, следење и оценка на регулативите преку единствениот електронскиот регистер на прописи ЕНЕР (www.ener.gov.mk).

За време на обуката учесниците практично ги опфатија сите фази од ПВР и тоа: дефинирање на проблемот, поставување на цели, идентификување и анализа на широк опсег на опции, како и можните економски, социјални, родови и други влијанија врз разни групи на граѓани. Беше посочена важноста од собирање на податоци како основа на секоја веродостојна анализа и консултациите со релевантните учесници во процесот кој треба да обезбедат посветеност во имплементација на регулативите.

Procenka na vlijanie na regulativa2

Обуката ја водеа Неда Малеска Сачмароска и Наталија Шикова од Центарот за управување со промени.

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор