Повик за новинарски истражувања за Локал Актив

Повик за избор на новинарски теми кои ќе бидат спроведувани од локалните новинари ангажирани во медиумот на заедницата во рамки на иницијативата Локал Актив

Во рамки на проектот „Медиуми на заедницата за посилно граѓанско општество“, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) под програмата Цивика Мобилитас, Институтот РЕСИС заедно со Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) работат на ширење на иницијативата Локал Актив низ седум плански региони во Македонија. Во текот на последниве пет години, медиуми на заедницата беа основани во Источниот, Вардарскиот и Пелагонискиот регион. Во следниот период такви медиуми ќе бидат создадени и во Југоисточниот, Полошкиот, Северозападниот и Североисточниот регион.

Целта на иницијативата Локал Актив e: (1) да се зајакне капацитетот на постоечките и да се воспостават нови медиуми на заедницата во Македонија кои ќе се ангажираат во аналитичко и истражувачко новинарство за заедницата, во промоција на демократијата, човековите права, животната средина и социјалната правда, (2) да се поддржат активистите на локалните граѓански организации кои се дел од медиумите на заедницата да го прошират и продлабочат нивниот притисок за задоволување на локалните граѓански барања.

Овој повик е наменет за локалните новинари кои се дел од работните листи на новинари (ростер) на иницијативата Локал Актив и кои ќе предложат координирани регионални медиумски истражувања што ќе се однесуваат на две теми (i) корупција и (ii) екологија – на локално ниво. Дополнително, за подготовка на истражувачки стории кои ќе бидат објавени на постоечките платформи на медиумите на заедницата, на секој од новинарите ќе му биде назначен асистент од регрутираните млади активисти/новинари на медиумите на заедницата.

Услов за учество на повикот е апликантите да се наоѓаат на листата новинари на инцијативата Локал Актив во кој било од планските региони во Македонија. Заинтересираните кандидати за овој ангажман треба да достават пополнета апликација со која што изразуваат заинтересираност за спроведување медиумско истражување и во која ќе го опишат подетално  аналитичкиот пристап при истражувањето и подготовката на темата што ја предлагаат.

Апликацијата треба да се достави во електронски формат на следната мејл-адреса: office@resis.mk, најдоцна до петок 31 јули 2026.

Документите поврзани со овој повик можат да се симнат на следниве линкови:

*Проектот „Медиуми на заедницата за посилно граѓанско општество” е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас

**Содржината на повикот е единствена одговорност на Институтот РЕСИС и СЕММ и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или на организациите што ја спроведуваат.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на РЕСИС институт

Продолжи со читање

  • Јавен повик за избор на експерт(к)и за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на животната средина

    Македонското здружение на млади правници (МЗМП) објавува јавен повик за избор на двајца/две експерт(к)и за изработка на Извештај за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на правата од областа на животната средина во рамки на проектот „Зајакнато граѓанско учество во заштита на животната […]
    The post Јавен повик за избор на експерт(к)и за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на животната средина appeared first on Myla.

  • Повик за нови членови на Управниор одбор на МОФ

    Врз основа на член 19 и 27 од Статутот на Младинскиот образовен форум, како и врз основа на одлука на Претседателот на Младински образовен форум донесена на 01.10.2026 година, на 01.10.2026 се распишува ПОВИК за нови членови на Управниот одбор Повикот се распишува за избор на нов состав на Управниот одбор на Младински образовен форум […]
    The post Повик за нови членови на Управниор одбор на МОФ appeared first on МОФ.

  • Повик за учество во иницијативата за проценка на деловен интегритет: Станете дел од Белата книга за деловен интегритет!

    Дали вашата компанија негува високи етички стандарди, транспарентност и политики за заштита од корупција?
    Ги покануваме сите одговорни и визионерски компании во Република Северна Македонија да се пријават и да бидат дел од процесот на мапирање и проценка на деловниот интегритет.

  • Youth Climate Diplomacy Forum – Skopje Local Point: Повик за млади за климатска акција и дипломатија

    Младите се важен дел од разговорот за климатските промени и иднината на животната средина. Тие не се само идни носители на промени, туку и активни учесници во процесите што се одвиваат денес. Токму затоа, Eco Logic – Скопје, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го организира презентацискиот и промотивниот настан за YCDF Skopje […]

  • Отворен повик за учесници: Обука за млади граѓански двигатели

    RISE Balkans Зајакнување на гласот на младите: одговорност, интегритет, солидарност и граѓанско ангажирање на Балканот Отворен повик за учесници: Обука за млади граѓански двигатели Регионалниот проект RISE Balkans бара мотивирани и ангажирани млади луѓе кои ќе се приклучат на возбудлива програма за лидерство меѓу врсници – Млади граѓански двигатели. Избраните учесници ќе бидат обучени како фасилитатори на Клиниките за добро владеење – интерактивни, тематски работилници кои се дизајнирани да го доближат владеењето до граѓаните и…

  • [ПОВИК] Advocacy Lab: Од проблем до застапувачка акција

    Мобилизација заснована на податоци и консултации со граѓаните Пријави се за дводневната онлајн програма на 28 и 29 септември, од 15:00 до 19:00 часот, и запознај се со практични алатки за застапување, вклучување на граѓаните и поттикнување општествени промени. Како да го препознаеме проблемот што сакаме да го решиме? Како да ги разбереме искуствата на […]
    The post [ПОВИК] Advocacy Lab: Од проблем до застапувачка акција appeared first on МОФ.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор