Повик за избор на новинарски теми кои ќе бидат спроведувани од локалните новинари ангажирани во медиумот на заедницата во рамки на иницијативата Локал Актив
Во рамки на проектот „Медиуми на заедницата за посилно граѓанско општество“, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) под програмата Цивика Мобилитас, Институтот РЕСИС заедно со Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) работат на ширење на иницијативата Локал Актив низ седум плански региони во Македонија. Во текот на последниве пет години, медиуми на заедницата беа основани во Источниот, Вардарскиот и Пелагонискиот регион. Во следниот период такви медиуми ќе бидат создадени и во Југоисточниот, Полошкиот, Северозападниот и Североисточниот регион.
Целта на иницијативата Локал Актив e: (1) да се зајакне капацитетот на постоечките и да се воспостават нови медиуми на заедницата во Македонија кои ќе се ангажираат во аналитичко и истражувачко новинарство за заедницата, во промоција на демократијата, човековите права, животната средина и социјалната правда, (2) да се поддржат активистите на локалните граѓански организации кои се дел од медиумите на заедницата да го прошират и продлабочат нивниот притисок за задоволување на локалните граѓански барања.
Овој повик е наменет за локалните новинари кои се дел од работните листи на новинари (ростер) на иницијативата Локал Актив и кои ќе предложат координирани регионални медиумски истражувања што ќе се однесуваат на две теми (i) корупција и (ii) екологија – на локално ниво. Дополнително, за подготовка на истражувачки стории кои ќе бидат објавени на постоечките платформи на медиумите на заедницата, на секој од новинарите ќе му биде назначен асистент од регрутираните млади активисти/новинари на медиумите на заедницата.
Услов за учество на повикот е апликантите да се наоѓаат на листата новинари на инцијативата Локал Актив во кој било од планските региони во Македонија. Заинтересираните кандидати за овој ангажман треба да достават пополнета апликација со која што изразуваат заинтересираност за спроведување медиумско истражување и во која ќе го опишат подетално аналитичкиот пристап при истражувањето и подготовката на темата што ја предлагаат.
Апликацијата треба да се достави во електронски формат на следната мејл-адреса: office@resis.mk, најдоцна до петок 31 јули 2026.
Документите поврзани со овој повик можат да се симнат на следниве линкови:
*Проектот „Медиуми на заедницата за посилно граѓанско општество” е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас
**Содржината на повикот е единствена одговорност на Институтот РЕСИС и СЕММ и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или на организациите што ја спроведуваат.
This post was originally published on this site



![[Aggregator] Downloaded image for imported item #49655](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/07/povik-web-page-768x432.webp)
![[aggregator] downloaded image for imported item #39879](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/09/add-a-heading-fotor.jpg)

![[Aggregator] Downloaded image for imported item #49333](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/07/website-featured-image1-7-e1784702733936-768x367.jpg)
