[Aggregator] Downloaded image for imported item #49448

Мобилен правен ден – Ропотово

Јулското сонце не е пречка кога целта е правдата да биде поблиску до луѓето.


На 06 јули го спроведовме првиот Мобилен правен ден во с. Ропотово, Општина Долнени, каде граѓаните добија советување, информации и поддршка за остварување на своите социјални и други права. Теренската работа не е само административна поддршка, таа значи да се биде присутен во заедницата, да се слушнат човечките приказни и да се помогне таму каде што помошта е најпотребна.

Веруваме дека пристапот до правда започнува тогаш кога услугите ќе стигнат до луѓето, а не кога луѓето ќе мора да ги бараат далеку од својата заедница.

Ова е првиот од четирите мобилни правни денови што ќе ги реализираме во Пелагонискиот регион, со цел правната поддршка да биде достапна за секој граѓанин.


*Активноста се спроведува во рамки на проектот „Правна поддршка и едукација за социјални права на ранливи граѓани во Пелагонискиот регион“, кој е финансиран од програмата за грантови на проектот „Иницијатива за административна социјална правда“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Институт за човекови права ИЧП / Institute for Human Rights IHR .

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор