[Aggregator] Downloaded image for imported item #48964

Третата обука од проектот „Граѓанска мрежа за чист воздух во Југозападен регион“ се одржа во Кичево

Вчера во Кичево успешно се реализираше третата обука во рамки на проектот „Граѓанска мрежа за чист воздух во Југозападен регион“, поддржан од Швајцарската Влада преку програмата Цивика мобилитас.

Настанот го отвори координаторот на проектот кој ги претстави целите, активностите и очекуваните резултати од проектот, притоа заблагодарувајќи им се на сите учесници за нивниот интерес и активно учество.

📘 Во продолжение експерт за подготовка на програмата и едукативниот прирачник за обуките, реализираше интерактивна сесија со присутните. Покрај презентацијата на едукативните содржини и дискусијата за загадувањето на воздухот, професорот ги запозна учесниците и со инструментот Климерко, кој се користи за мерење на квалитетот на воздухот и е поставен во пет општини од Југозападниот регион во рамки на проектот.

🌱 Обуката во Кичево претставува значаен чекор кон јакнење на јавната свест и поттикнување на активното учество на младите во заштитата на животната средина и подобрувањето на квалитетот на воздухот.

Заедно градиме информирана, активна и одговорна граѓанска мрежа за почист воздух и поздрава животна средина.

#CHinMK#CivicaMobilitas

Civica MobilitasEmbassy of Switzerland in North MacedoniaИзвиднички одред “Мирко Милески” / Scout group “Mirko Mileski”

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на еколози „Натура“

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор