Прирачник за медиумски активизам
Медиумите и комуникациите денес претставуваат клучно поле на современите политички борби. Влијанието врз уредувачката политика, концентрацијата на медиумската сопственост, безбедноста на информациите, квалитетот на информациите, како и улогата на медиумските платформи во јавниот дискурс, станаа централни теми на јавната дебата. Демократските медиуми не се само канали за комуникација, туку и предуслов за демократијата. Во репресивните режими, независното новинарство функционира под притисок или целосно исчезнува. Медиумската криза е глобален феномен, при што медиумите често се ставени под контрола на корпоративни и политички интереси.
Глобалните трендови на поларизација, војните во Украина и на Блискиот Исток, технолошките промени и доминацијата на големите технолошки платформи дополнително го загрозуваат независното и квалитетно новинарство. Затоа, медиумскиот активизам станува суштински важен за заштита и унапредување на вредностите на јавниот интерес во медиумите и комуникациите.
Целта на овој прирачник е да ги мапира добрите практики на медиумскиот активизам и да послужи како инспирација за активности насочени кон заштита на јавниот интерес во медиумите и комуникациите, вклучително и промовирањето на медиумската и информатичката писменост.

Ко-финансирано од Европската Унија
Регионалната програма „Нашите медиуми: Акција на граѓанското општество за поттикнување на медиумска писменост и активизам, спротивставување на поларизацијата и промовирање на дијалог“ се спроведува од страна на партнерските организации: СЕЕНПМ, Медиацентар од Сараево, Албанскиот медиумски институт, Црногорскиот медиумски институт, Советот за етика во медиумите на Косово, Македонскиот институт за медиуми, Новосадската школа за новинарство, Мировниот институт од Љубљана и Бианет (Турција), со финансиска поддршка од Европската Унија.
Овој текст е подготвен со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината на текстот е единствена одговорност на СЕЕНПМ и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија.
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски институт за медиуми



![[Aggregator] Downloaded image for imported item #49710](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/07/7a146d70-c3b6-4991-b67e-ca64248f1321-1024x768-1-768x576.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #49673](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/07/20191210_132550_platforma_bpk.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #49547](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/07/vese-e1785224023138-768x374.jpg)


![[Aggregator] Downloaded image for imported item #49452](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/07/Analiza-Sudski-trosoci-2026_001-768x1087.jpg)