Повик за новинарски истражувања за Локал Актив

Повик за избор на новинарски теми кои ќе бидат спроведувани од локалните новинари ангажирани во медиумот на заедницата во рамки на иницијативата Локал Актив

Во рамки на проектот „Медиуми на заедницата за посилно граѓанско општество“, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) под програмата Цивика Мобилитас, Институтот РЕСИС заедно со Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) работат на ширење на иницијативата Локал Актив низ седум плански региони во Македонија. Во текот на последниве пет години, медиуми на заедницата беа основани во Источниот, Вардарскиот и Пелагонискиот регион. Во следниот период такви медиуми ќе бидат создадени и во Југоисточниот, Полошкиот, Северозападниот и Североисточниот регион.

Целта на иницијативата Локал Актив e: (1) да се зајакне капацитетот на постоечките и да се воспостават нови медиуми на заедницата во Македонија кои ќе се ангажираат во аналитичко и истражувачко новинарство за заедницата, во промоција на демократијата, човековите права, животната средина и социјалната правда, (2) да се поддржат активистите на локалните граѓански организации кои се дел од медиумите на заедницата да го прошират и продлабочат нивниот притисок за задоволување на локалните граѓански барања.

Овој повик е наменет за локалните новинари кои се дел од работните листи на новинари (ростер) на иницијативата Локал Актив и кои ќе предложат координирани регионални медиумски истражувања што ќе се однесуваат на две теми (i) корупција и (ii) екологија – на локално ниво. Дополнително, за подготовка на истражувачки стории кои ќе бидат објавени на постоечките платформи на медиумите на заедницата, на секој од новинарите ќе му биде назначен асистент од регрутираните млади активисти/новинари на медиумите на заедницата.

Услов за учество на повикот е апликантите да се наоѓаат на листата новинари на инцијативата Локал Актив во кој било од планските региони во Македонија. Заинтересираните кандидати за овој ангажман треба да достават пополнета апликација со која што изразуваат заинтересираност за спроведување медиумско истражување и во која ќе го опишат подетално  аналитичкиот пристап при истражувањето и подготовката на темата што ја предлагаат.

Апликацијата треба да се достави во електронски формат на следната мејл-адреса: office@resis.mk, најдоцна до петок 31 јули 2026.

Документите поврзани со овој повик можат да се симнат на следниве линкови:

 

*Проектот „Медиуми на заедницата за посилно граѓанско општество е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас

**Содржината на повикот е единствена одговорност на Институтот РЕСИС и СЕММ и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или на организациите што ја спроведуваат.

 

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Повик за ангажирање графички дизајнер

    Младински образовен форум (МОФ) објавува повик за ангажирање графички дизајнер/ка за креирање креативен концепт и визуелен идентитет за претставување на клубовите на МОФ. Ангажманот опфаќа изработка на: Генерален дизајн Посебни дизајни за клубовите: Дебата; Учиме право; Артивизам; Новинарство. Вкупниот надомест за ангажманот изнесува 60.000 денари бруто. Заинтересираните кандидати/ки треба да достават кратка биографија, портфолио со […]
    The post Повик за ангажирање графички дизајнер appeared first on МОФ.

  • Јавен повик за ангажирање на правен советник/правна советничка (договор на дело)

    Назив на работен ангажман: Правен советник/советничка Краен рок за пријавување: најдоцна до 14 август 2026 година, 23:59 часот (GMT+1) Електронска адреса за поднесување на апликацијата: helkom@mhc.org.mk Апликациите задолжително гласат на име „ Јавен повик за правен советник/советничка“ и сите документи се поднесуваат во pdf. формат Хелсиншкиот комитет за човекови права објавува јавен повик за ангажирање на правен советник/советничка. […]
    Read More… from Јавен повик за ангажирање на правен советник/правна советничка (договор на дело)
    The post Јавен повик за ангажирање на правен советник/правна советничка (договор на дело) appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Повик за младински тренери во клубовите на МОФ 2026/2027 година

    Младински образовен форум отвора повик за младински тренери во клубовите за Дебата, Учиме право, Артивизам и Новинарство, кои се реализираат во рамки на Програмата за неформално образование на МОФ. Ако си ентузијаст/ка, сакаш да работиш со млади луѓе и да придонесеш кон нивниот личен, образовен и општествен развој – ова е одлична можност за тебе! […]
    The post Повик за младински тренери во клубовите на МОФ 2026/2027 година appeared first on МОФ.

  • ЈАВЕН ПОВИК за доставување понуди за креирање на дигитални содржини за воспоставување на дигитална изложба и онлајн профили на занаетчиите

    Назив на проектот: Дигитално оживување на занаетчиството: Оспособување на младите од руралните средини преку технолошки поттикнати модели на социјални претпријатија Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива – ИЕП го спроведува проектот „Дигитално оживување на занаетчиството: Оспособување на младите од руралните средини преку технолошки поттикнати модели на социјални претпријатија” , кој е дел од програмата BOOST […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор