[Aggregator] Downloaded image for imported item #48090

Девет иницијативи, три општини и една цел

Месец мај беше месец на граѓански активизам и поднесување родово буџетски иницијативи во Делчево, Штип и Виница!

Во рамките на проектот „Преку женски активизам и граѓански иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“, во текот на мај беа поднесени вкупно девет родово буџетски иницијативи до трите општини, кои произлегуваат од претходно спроведени истражувања, родови анализи, јавни работилници и консултации со жени од локалните заедници.

Во Штип беа предложени иницијативи за подобрување на безбедноста и пешачката инфраструктура, развој на локална услуга за помош и нега на стари и изнемоштени лица и лица со попреченост, како и хумано решавање на проблемот со бездомните кучиња.

Во Виница беа поднесени иницијативи за подобрување на пристапноста за лица со попреченост и мајки со деца, обезбедување и обележување паркинг места и подигнување на јавната свест за родово базирано и семејно насилство.

Во Делчево беа поднесени три иницијативи насочени кон решавање на локални предизвици и подобрување на условите за живот на граѓаните, особено на жените и девојчињата.

Овие иницијативи се доказ дека кога граѓаните се вклучени во процесите на донесување одлуки, се создаваат поквалитетни, поинклузивни и поодговорни локални политики.

Продолжуваме да го поттикнуваме учеството на жените и граѓаните во креирањето на локалните буџети и развојот на своите заедници.

 

#CHinMK #CivicaMobilitas
#ЧекорПоЧекорДоРодовоОдговоренБуџет
#ПравиченБуџет #ГраѓанскиАнгажман

„Поднесувањето на родово буџетски иницијативи во три општини претставува значаен чекор кон поинклузивно и одговорно локално управување. Пред нивното поднесување, во процесот беа вклучени над 60 жени од Штип, Делчево и Виница, од рурални и урбани средини, кои активно учествуваа во идентификувањето на локалните потреби и заедничкото креирање на иницијативите. На овој начин им се овозможува на жените од локалните заедници директно да придонесат во креирањето политики и донесувањето одлуки што влијаат врз квалитетот на живот во нивните средини. Граѓанскиот ангажман е клучен за унапредување на родовата еднаквост, транспарентноста и креирањето локални буџети што ги одразуваат потребите на сите граѓани.“

Проектот „Преку женски активизам и граѓански иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“, е спроведуван од Гласен Текстилец во партнерство со ЕХО едукативно-хуманитарна организација (EcHO Educational Humanitarian Organization) и Иницијатива на невработени интелектуалци (ИНИ-Виница).
Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија (Embassy of Switzerland in North Macedonia) преку Цивика мобилитас.
Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Гласен Текстилец, ЕХО едукативно-хуманитарна организација и Иницијатива на невработени интелектуалци, и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“

Продолжи со читање

  • Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество на средба со организациите во Куманово

    На 1 октомври 2026 година претставници на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество се сретнаа со граѓанските организации и активистите од Североисточниот регион. Средбата беше посветена на улогата, работата и соработката со Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како значаен механизам за унапредување на дијалогот меѓу институциите и граѓанските организации.

  • OТВОРЕНО ПИСМО | Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус?

    Мрежа за заштита од дискриминација испраќа отворено писмо до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод нејзината неодамнешна средба со претставнички на здружението „Јас сум жена“. Со […]

  • Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина

    Од 5 до 7 октомври, во Приштина се одржа Civil Society & Think Tank Forum 2026, официјалната платформа на граѓанското општество во рамки на Берлинскиот процес, на кој учествуваше и Finance Think. Во текот на трите дена, низ повеќе тематски дискусии, претставниците на граѓанските организации и тинк-тенковите од Западен Балкан имаа можност да дадат свои […]
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина first appeared on Finance Think.
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина appeared first on Finance Think.

  • Граѓанското општество од Западен Балкан го даде својот придонес во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес

    Овогодишниот Форум на граѓанското општество и тинк-тенк организации (CSF 2026) се одржа во Приштина од 5 до 7 октомври. Форумот, како официјална платформа на граѓанскиот сектор во рамките на Берлинскиот процес, уште еднаш ја потврди незаменливата улога на граѓанскиот сектор како мост меѓу граѓаните, експертската заедница и донесувачите на одлуки.

  • Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе

    Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе На 4 и 5 октомври 2026 година, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Свети Николе, се одржа базична обука за прва помош, организирана со поддршка на Operation Florian од Велика Британија. На обуката учество земаа членови од три доброволни противпожарни друштва: ДПД Свети Николе, ДПД…

  • ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ

    Вчера (7.10.2026 година) на Пленарна седница на Собранието на Република Северна Македонија, на прво читање беа разгледани предлог измени и дополнувања на Законот за животната средина. Веќе за 13.10.2026 година е закажана седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на […]
    The post ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор