[Aggregator] Downloaded image for imported item #48088

Кристина Ампева дел од меѓународна конференција на тема „Психолошки стрес и траума во полициската работа: превенција, интервенција и рехабилитација

Од 29 до 31 мај 2026 година, во Игало, Црна Гора, се одржа Третата меѓународна конференција на полициски синдикати на тема „Психолошки стрес и траума во полициската работа: превенција, интервенција и рехабилитација“.

На конференцијата учествуваа претставници на полициски синдикати и организации од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Македонија и Црна Гора, а наш претставник беше Кристина Ампева, претседателка на Гласен Синдикат, претседателка на Гласен Текстилец и генерална секретарка на Сојузот на синдикати „5-та Сила“.

Конференцијата отвори исклучително важна тема која не се однесува само на полициските службеници, туку и на функционирањето на институциите и безбедноста на граѓаните. Учесниците заклучија дека психолошката поддршка мора да стане составен дел од професионалната подготвеност на полициските службеници, а не тема за која се молчи или која се доживува како слабост.
Беше истакната потребата од:
  • намалување на стигмата поврзана со барањето стручна помош;
  • рано препознавање на стресот и професионалното согорување;
  • развивање доверливи и достапни системи за психолошка поддршка;
  • едукација на раководниот кадар и програми за меѓусебна поддршка;
  • институционални механизми за интервенција и рехабилитација по трауматски настани.
Како претставници на синдикалното движење, ја поддржуваме пораката дека силни институции не се градат само со опрема и овластувања, туку пред сè со луѓе кои имаат достоинствени услови за работа, соодветна поддршка и заштита на нивното физичко и ментално здравје.

Посебно беше нагласено дека грижата за менталното здравје на вработените не е трошок, туку инвестиција во подобри институции, поквалитетни јавни услуги и побезбедно општество.

Му благодариме на Независниот синдикат на полицијата на Црна Гора за поканата, организацијата и можноста за размена на искуства и добри практики со синдикални претставници од регионот.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“

Продолжи со читање

  • Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество на средба со организациите во Куманово

    На 1 октомври 2026 година претставници на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество се сретнаа со граѓанските организации и активистите од Североисточниот регион. Средбата беше посветена на улогата, работата и соработката со Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како значаен механизам за унапредување на дијалогот меѓу институциите и граѓанските организации.

  • OТВОРЕНО ПИСМО | Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус?

    Мрежа за заштита од дискриминација испраќа отворено писмо до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод нејзината неодамнешна средба со претставнички на здружението „Јас сум жена“. Со […]

  • Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина

    Од 5 до 7 октомври, во Приштина се одржа Civil Society & Think Tank Forum 2026, официјалната платформа на граѓанското општество во рамки на Берлинскиот процес, на кој учествуваше и Finance Think. Во текот на трите дена, низ повеќе тематски дискусии, претставниците на граѓанските организации и тинк-тенковите од Западен Балкан имаа можност да дадат свои […]
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина first appeared on Finance Think.
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина appeared first on Finance Think.

  • Граѓанското општество од Западен Балкан го даде својот придонес во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес

    Овогодишниот Форум на граѓанското општество и тинк-тенк организации (CSF 2026) се одржа во Приштина од 5 до 7 октомври. Форумот, како официјална платформа на граѓанскиот сектор во рамките на Берлинскиот процес, уште еднаш ја потврди незаменливата улога на граѓанскиот сектор како мост меѓу граѓаните, експертската заедница и донесувачите на одлуки.

  • Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе

    Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе На 4 и 5 октомври 2026 година, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Свети Николе, се одржа базична обука за прва помош, организирана со поддршка на Operation Florian од Велика Британија. На обуката учество земаа членови од три доброволни противпожарни друштва: ДПД Свети Николе, ДПД…

  • ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ

    Вчера (7.10.2026 година) на Пленарна седница на Собранието на Република Северна Македонија, на прво читање беа разгледани предлог измени и дополнувања на Законот за животната средина. Веќе за 13.10.2026 година е закажана седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на […]
    The post ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор