Заедно да ги заштитиме шумите, животите и иднината од пожари
Донирајте и поддржете ја кампањата на ОПОП
ДПД Свети Николе започнува кампања за прибирање финансиски средства за набавка на специјализирано 4×4 противпожарно возило за шумски пожари и пожари на отворен простор.
Целта на кампањата е да се обезбедат 240.000 денари за возило кое ќе овозможи побрз и побезбеден пристап до шумски, рурални и тешко достапни локации, каде пожарите можат многу брзо да се прошират и да загрозат домови, земјоделски површини, шуми, животни и човечки животи.
ДПД Свети Николе е 91-годишна доброволна сила на заедницата. Друштвото брои над 50 членови, од кои 25 се доброволни пожарникари, а во изминатата година реализирани се повеќе од 50 интервенции. Новото возило ќе ја зголеми подготвеноста пред летната противпожарна сезона, ќе го скрати времето на реакција и ќе помогне во спречување поголеми штети по луѓето, имотите и природата.
Возилото ќе се користи при интервенции, превентивни патроли и поддршка на институциите, особено на терени каде пристапот е тежок со стандардни возила.
Зошто е важна поддршката?
- Побрза интервенција при шумски и пожари на отворен простор;
- Поголема безбедност за граѓаните, домовите и земјоделските површини;
- Подобра заштита на шумите и природата;
- Поддршка за 25 обучени доброволни пожарникари;
- Поголема подготвеност за повеќе од 50 интервенции годишно.
Доколку не се собере целосниот износ за возилото, донациите ќе бидат насочени кон набавка на неопходна противпожарна опрема: лична заштитна опрема за доброволци, моторни пили, црева, млазници, рачни алати и друга теренска опрема.
Кампањата трае до 30.07.2026 година.
Директна донација на жиро-сметка
Назив на примач:Доброволно противпожарно друштво Свети Николе
Банка: Стопанска банка АД Скопје Трансакциска сметка: 200000002169785
Даночен број: 4025986104485
Цел на уплата: Донација за набавка на противпожарно возило
Донации од странство / EUR
Назив на примач:Доброволно противпожарно друштво Свети Николе
Сметка: 200002878523298
IBAN: MK07200002878523298
SWIFT: STOBMK2X
Цел на уплата: Донација за набавка на противпожарно возило



Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на ДПД - Свети Николе



![[Aggregator] Downloaded image for imported item #48014](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/06/70856b52-768c-42e3-8674-1fefc836c0cd-576x1024-1.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #48018](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/06/27-godini-768x960.webp)

![[Aggregator] Downloaded image for imported item #48016](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/05/prilep_prvo-mesto-1024x768-1-768x576.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #47987](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/05/IMG_8532-768x512.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #47985](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/05/adsiz-tasarim-577x1024-1.png)