Aleks dorohovich njdwuhmay8a unsplash 1024x687

Повик за доставување понуди за инсталација, конфигурација и прилагодување на платформа за онлајн учење

За потребите на проектот „Иницирање програми за учење за возрасни за вештачка интелигенција“ финансиран преку Erasmus+ програмата KA220-ADU – Партнерства за соработка во образованието за возрасни, од страна на Европската Унија, Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис објавува Повик за доставување понуди за инсталација, конфигурација и прилагодување на платформа за онлајн учење.

Предмет на овој повик е ангажирање на правно или физичко лице за инсталација, конфигурација и прилагодување на платформа за онлајн учење за потребите на проектот „Иницирање програми за учење за возрасни за вештачка интелигенција“.

Платформата ќе служи за дисеминација на релевантни содржини, ресурси и проектни резултати, вклучувајќи ги курикулумот и прирачникот за писменост во областа на вештачката интелигенција, онлајн курсот за e-учење и други материјали развиени во рамки на проектот. Истата ќе биде активно промовирана и лесно достапна за даватели на образование за возрасни, обучувачи и возрасни ученици ширум Европа, со цел да се поттикне и унапреди писменоста во областа на вештачката интелигенција.

Платформата ќе претставува образовен репозиториум преку кој сите заинтересирани страни ќе можат слободно да пристапуваат, преземаат, користат или интерактивно да ги следат и применуваат креираните проектни резултати и информации во својата работа и образовни активности.

Детален опис на предметот на повикот и задачите е даден во техничката спецификација која е составен дел на повикот.

Целосниот повик, заедно со сите детали, условите и начинот на пријавување, можете да го најдете во продолжение: ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ

Формуларот за финансиска понуда можете да го најдете на овој линк: ПРИЛОГ 1_ФИНАНСИСКА ПОНУДА

Изјавата со која понудувачот потврдува дека ги исполнува критериумите за утврдување на личната состојба (само за правни лица) можете да го најдете на овој линк: ПРИЛОГ 2_ИЗЈАВА

Сите барања за појаснувања на тендерската документација може да се испратат на е-пошта: nadica@metamorphosis.org.mk, најдоцна до 29 мај 2026 година.

Понудите се доставуваат по електронски пат на е-адресата: nadica@metamorphosis.org.mk најдоцна до 5 јуни 2026 година до крајот на денот, а насловот на пораката треба да биде: Понуда за платформа за онлајн учење.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Метаморфозис

Продолжи со читање

  • БАРАЊЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НA ПОНУДИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВЕН ФОРУМ

    Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот „Equitable Governance: Enhancing Gender Responsive Budgeting in North Macedonia“, поддржан од UN Women, објавува барање за доставување на понуди за изнајмување на конференциска сала и угостителски услуги за одржување на јавен форум на 17 ноември 2026 година во Штип за 35 лица. Опис на бараната набавка: […]
    Read More… from БАРАЊЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НA ПОНУДИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВЕН ФОРУМ
    The post БАРАЊЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НA ПОНУДИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВЕН ФОРУМ appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Отворен повик за аплицирање за стипендии за професионално усовршување во рамките на програмата „Заедници со интегритет“

    Oтворен е повик за аплицирање за стипендии за професионално усовршување, наменети за вработените во општините и институциите опфатени со програмата „Заедници со интегритет“, кои имаат интерес за професионален развој преку учество на обуки, тренинзи, курсеви и сертифицирани програми. Право на аплицирање имаат вработените во општините Град Скопје, Битола, Боговиње, Гази Баба, Куманово, Македонска Каменица, Неготино, […]
    The post Отворен повик за аплицирање за стипендии за професионално усовршување во рамките на програмата „Заедници со интегритет“ appeared first on IDSCS.

  • Повик за изразување интерес за приклучување кон Националниот консултативен механизам за Реформската агенда 2024-2027 (НКМ-РА) на Северна Македонија

    Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ) како координатор на регионалниот проект „Следење реформи и раст во Западен Балкан“ кој се спроведува во партнерство со партнерите од мрежата „Мисли за Европа“ (Think for Europe Network (TEN)),  ги повикува сите заинтересирани граѓански организации (ГО), стопански комори, социјални партнери, академската заедница и други засегнати чинители во Северна […]
    The post Повик за изразување интерес за приклучување кон Националниот консултативен механизам за Реформската агенда 2024-2027 (НКМ-РА) на Северна Македонија appeared first on EPI.

  • ОТВОРЕН ПОВИК за избор на позната личност (инфлуенсер/ка) за промоција на кампања против родово базирано насилство

    Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ Прилеп во рамки на проектот „Интегрирана поддршка и јакнење на жените жртви на насилство за посилен глас и безбедна иднина“, објавува: ОТВОРЕН ПОВИК за избор на позната личност (инфлуенсер/ка) за промоција на кампања против родово базирано насилство Овој повик има за цел избор на позната личност (инфлуенсер/ка)…

  • ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА УСЛУГИ ЗА ДИЗАЈН И ПЕЧАТЕЊЕ

    Во рамки на проектот „Унапредено граѓанско учество за заштита на животната средина“, кој има за цел кон унапредување на принципите на еколошка демократија, транспарентност, отчетност и учество на јавноста во процесите на донесување одлуки поврзани со животната средина, се објавува повик за услуги за дизајн и печатење…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор