[Aggregator] Downloaded image for imported item #47409

Доделени годишните награди на СЕММ за новинарски стории

Советот за етика во медиумите на Македонија денеска ги додели годишните награди за најдобра новинарска сторија на тема „Факти и дезинформации за климатските промени“.

Првата награда ја доби новинарот Михајло Милошески, од „360 степени“, за текстот со наслов „Како Македонија ќе го напушти јагленот без да ја загуби енергетската стабилност?“ ( https://360stepeni.mk/kako-makedonija-ke-go-napushti…/ )
Втората награда ја понесоа новинарите Александар Методијев и Сузана Мицева, за видео сторијата „Нелегалните патишта на отпадот“ ( https://nota.mk/nelegalnite-patista-na-otpadot/ ) објавена на интернет порталот Нота.мк.

Третата награда, пак, и беше врачена на новинарката Валентина Вурмо, за текстот со наслов „Дали освен сопственото, нè труе и странско ѓубре?“ објавен на страниците на публикацијата „Лице в лице“ ( https://licevlice.mk/dekada-na-gjubre-ugostivme-2-2…/ ).

На церемонијата што се одржа во Европската Куќа, во просториите на Делегацијата на ЕУ во Скопје, беа врачени и пофалници за исклучителни новинарски прилози и тоа на: Иван Кузмановски, Фисник Џелили и Александар Манасиев.

Годишните награди на СЕММ се дел од активностите на организацијата во проектот „Градење доверба во медиумите на Југоисточна Европа, поддршка за новинарството како општо добро“, поддржан од Унеско, а финансиран од Европската Унија, кој охрабрува слободни, независни и плуралистички медиуми, го дефинира новинарството како јавно добро и се залага за разобличување на дезинформациите.

Претставникот на ЕУ, Штефен Худолин, шеф на одделот за соработка, честитајќи им на сите наградени новинари, нагласи дека тие со својата работа и помагаат на публиката да разбере многу сложени структури и да прави разлика меѓу фактите и измислиците:
SEMM novinarski nagradi vo Euro House 16 bg

„На тој начин вие придонесувате за поголема доверба во информациите, доверба во институциите и во можноста за информирана јавна дебата. Со наградувањето на овие постигања ние истовремено им упатуваме признание на новинарите кои се држат до вистината, до независното и етичко новинарство, и кои овозможуваат точните информации да им бидат достапни на граѓаните.“

Од своја страна, регионалниот координатор на УНЕСКО, Џошуа Масаренти, истакна заложбата на СЕММ, трета година по ред да охрабрува квалитетни новинарски стории поврзани со човековата околина и климатските промени е значајна:

SEMM novinarski nagradi vo Euro House 14 bg
„Климатските промени не се само еколошко прашање. Тие се и прашање од јавен интерес, човекови права и развој. Тие влијаат врз здравјето на луѓето, средствата за живот, пристапот до вода, безбедноста на храната, локалните економии и квалитетот на животот на сите во Северна Македонија и регионот. Во таков контекст, новинарството игра суштинска улога…
Масаренти додаде дека сега етичкото известување е важно и заради други предизвици:

„ Сега кога известувањето за животната средина сè повеќе се одвива во дигитална информативна средина, фактите можат да бидат манипулирани, научните докази изопачени, а јавната дебата поларизирана. Овие закани се засилени со растечката употреба на генеративна вештачка интелигенција, која не само што може да го загрози интегритетот на информациите и одржливоста на медиумите – темелите на демократските општества – туку има и значително глобално влијание врз животната средина.“

Претседателката и извршната директорка на СЕММ, Леунора Калиќи и Билјана Георгиевска, честитајќи им на наградените новинари но и на сите што учествуваа на конкурсот, сугерираа дека со повеќе професионални содржини во медиумите поврзани со човековата околина и со институционалниот одговор за проблемите што со децении се одразуваат на квалитетот на живот на сите во земјата, медиумите имаат можност да помогнат и за наоѓање решенија и намалување на последиците од загадувањето на воздухот, водите и почвата.

СЕММ преку својата работа ќе продолжи да промовира високи професионални и етички стандарди во новинарството во Северна Македонија, разобличување на дезинформации и манипулации, спречување на говор на омраза поврзан со медиумските содржини, особено онлајн, и етичко користење на вештачката интелигенција во новинарството.

#TrustInMediaSEE #FreedomOfExpression #Eu

Source

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Совет за етика во медиумите на Македонија (СЕММ)

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор