679138745 1448450160646797 8507373354150319290 n 600x600

Европски зелен договор и Зелена агенда за Западен Балкан

Како Европскиот зелен договор влијае врз нашата иднина?

Што значи Зелената агенда за Западен Балкан за младите, бизнисите и заедниците?

На настанот кој се одржа во соработка со СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци присуствуваа многу млади лица, претставници од општините, училиштата и институциите.

Заедно имавме можност да дискутираме и да научиме нешто повеќе за Европскиот зелен договор и Зелената агенда за Западен Балкан.

Без суштински реформи, јасна визија и политичка волја, Европскиот зелен договор за нас останува повеќе декларативна цел отколку реално достижен пат.

Додека сè уште се бориме со основни системски слабости, зборуваме за Европскиот зелен договор како да сме подготвени за иднината, а не сме ги решиле проблемите на сегашноста.

Зелената транзиција бара институции, инвестиции и одговорност – три столба што кај нас сè уште не се доволно цврсти за исполнување на европските стандарди.

Зелена иднина започнува денес! 🌱

Да бидеме дел од решението – не од проблемот.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение за заштита и унапредување на животната средина “Еко-Живот” Кавадарци

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор