Публикации димензии

Реформите и бизнисите: Приоритети, предизвици и следни чекори

Во рамките на проектот „Зајакнување на учеството на граѓаните и бизнисите во Берлинскиот процес и Реформската агенда на Северна Македонија“, Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје, со поддршка од Фондација Отворено општество – Западен Балкан, организираше втор информативен вебинар посветен на Реформската агенда и нејзиното значење за бизнис заедницата.

Вебинарот, реализиран во соработка со Бизнис конфедерацијата на Северна Македонија, се фокусираше на развојот на приватниот сектор и подобрувањето на деловното окружување. Воедно, беа презентирани заклучоците и препораките од конференцијата „Помалку бариери, повеќе можности: Реформи за ветер во грб на малите и средни бизниси“, одржана на 25 март 2026 година во Скопје, како и клучните приоритети и предизвици со кои се соочуваат малите и средни претпријатија во наредниот период.

На настанот учествуваа претставници на компании, мали и средни претпријатија, стопански организации, институции, како и експерти и практичари од областа на економскиот развој и јавните политики.

Целта на вебинарот беше да се зголеми информираноста и разбирањето на реформските процеси, како и да се поттикне поактивна вклученост на бизнис заедницата во нивното следење и имплементација.

Настанот е дел од пошироките активности на проектот, чија главна цел е подобрување на комуникацијата и зголемување на свесноста за опипливите придобивки од реформите што треба да придонесат кон унапредување на квалитетот на живот и деловното опкружување во нашата држава, со фокус на зајакнување на економската интеграција со Единствениот пазар на ЕУ и поттикнување на регионалната економска интеграција преку Заедничкиот регионален пазар.

The post Реформите и бизнисите: Приоритети, предизвици и следни чекори appeared first on IDSCS.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Институт за демократја ИДСЦС

Продолжи со читање

  • Европски зелен договор и Зелена агенда за Западен Балкан

    Како Европскиот зелен договор влијае врз нашата иднина? Што значи Зелената агенда за Западен Балкан за младите, бизнисите и заедниците? На настанот кој се одржа во соработка со СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци присуствуваа многу млади лица, претставници од општините, училиштата и институциите. Заедно имавме можност да дискутираме и да научиме нешто повеќе за Европскиот зелен договор и Зелената агенда за Западен Балкан. Без суштински реформи, јасна визија и политичка волја, Европскиот зелен договор за нас останува повеќе декларативна цел отколку реално достижен пат. Додека сè уште се бориме со основни системски слабости, зборуваме за Европскиот зелен договор како да сме подготвени за иднината, а не сме ги решиле проблемите на сегашноста. Зелената транзиција бара институции, инвестиции и одговорност – три столба што кај нас сè уште не се доволно цврсти за исполнување на европските стандарди. Зелена иднина започнува денес! Да бидеме дел од решението – не од проблемот. Фотографии:

  • Брифинг за медиуми: Македонија каска во превенцијата на рак на грло на матка

    На 28.04.2026 година ЕСЕ одржа брифинг за медиуми на кој беа презентирани наодите од мониторингот на спроведувањето на Програмата за скрининг на рак на грлото на матката. Анализата покажува дека Македонија е далеку од потребниот опфат на жени со скрининг, неопходен за навремено откривање и превенција на ова заболување. Во…

  • Соопштение за медиуми – Македонија каска во превенцијата на рак на грло на матка

    Македонија заостанува во борбата против рак на грло на матка и е далеку од исполнување на целта за опфат на 70% од жените со скрининг до 2030 година со цел целосно искоренување на смртноста од оваа болест, поставена од Светската здравствена организација. Главна причина за ваквата состојба е што Програмата…

  • Во Штип одржан јавен настан за ко-креирање на новиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028

    Во Штип денеска се одржа јавен настан во рамки на започнатиот процес на ко-креирање на новиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028 (НАП7). Настанот беше организиран од Министерството за јавна администрација во соработка со Фондација Метаморфозис и Центар за граѓански комуникации, со цел да се обезбеди активно вклучување на сите засегнати страни […]

  • Велешките извидници ги поправија сончевите колектори во ИЦО Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Владимир Ивановски и Трајче Перков во периодот од 25 до 26 април 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работеа волонтерски на поправка и санирање на соларните колектори кои се поставени на повеќе позиции во извидничкиот центар Охрид. Со превземените волонтерски…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор