[Aggregator] Downloaded image for imported item #47270

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ДИЗАЈН РАБОТИЛНИЦА ЗА РАЗВОЈ НА AI АЛАТКА

Сакаш да влијаеш на тоа како ќе изгледаат дигиталните алатки за млади? Вклучи се и креирај решение што ќе се користи во реалноста!

Центарот за интеркултурен дијалог (CID) ве поканува на дизајн работилница што ќе се одржи во MultiКулти во Куманово, во рамки на проектот „ Мојот глас во мојот град “, поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Што ќе правиме?
Преку ко-креативен процес, заедно ќе работиме на дизајн на дигитален интерфејс за AI алатка наменета за младите.

Кој може да се пријави?

  • Млади (15–30 години)
  • Младински координатори
  • Претставници на граѓански организации

Што добиваш?

  • Практично искуство во дизајн и ко-креација
  • Можност твоите идеи да станат дел од реална дигитална алатка
  • Работа во инспиративна и интерактивна средина

Каде / Кога?
MultiКулти, Куманово 07.05.2026

Број на учесници: 20 учесници

Како да се пријавиш?
Сите апликации треба да се испратат на info@cid.mk најдоцна до 29.04.2026

Не ја пропуштај шансата да бидеш дел од решение за подобра заедница!

Повик за работилница

Содржината на овој повик е единствена одговорност на Центар за интеркултурен дијалог и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Повик за прибирање на понуди за угостителски услуги за организирање на настан

    Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и достапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или индиректни барања за неформални плаќања, непотизам и дискриминација при…

  • Повик за доставување понуди за услуги за хотелско сместување

     
    Младински Совет Прилеп објавува повик за доставување понуди за набавка на услуги за хотелско сместување во рамки на проектот „Младите за ЕУ“ („Youth for EU – Strengthening Youth Participation and Communication on the EU Integration Path “.)

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗРАБОТКА НА 3 (ТРИ) ЈАВНИ УМЕТНИЧКИ ИНСТАЛАЦИИ ОД РЕУПОТРЕБЕНИ МАТЕРИЈАЛИ

    Центарот за климатски промени за потребите од спроведување на проектот ,, Младите и жените- двигатели на транзицијата кон одржливо управување со отпадот во руралните средини (WeLEADRural)“, финансиран од Француска агенција за развој (AFD) објавува: ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗРАБОТКА НА 3 (ТРИ) ЈАВНИ УМЕТНИЧКИ ИНСТАЛАЦИИ ОД РЕУПОТРЕБЕНИ МАТЕРИЈАЛИ 1.Информации за проектот

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ДВАЈЦА НАДВОРЕШНИ КОНСУЛТАНТИ ЗА ПОДДРШКА НА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ НА УЧИЛИШЕН КАДАР

    ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ДВАЈЦА НАДВОРЕШНИ КОНСУЛТАНТИ ЗА ПОДДРШКА НА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ НА УЧИЛИШЕН КАДАР Проект Зајакнување на инклузијата на децата со ПОП Македонски центар за граѓанско образование – МЦГО Скопје објавува јавен повик за избор на двајца надворешни консултанти со експертиза во областа на инклузивното образование, кои ќе подготват и спроведат долгорочна програма […]

  • Повик за практикант/ка преку АВРСМ

    Вклучи се Повик за практикант/ка преку АВРСМ Доколку сакаш да стекнеш практично искуство, да ги развиеш твоите вештини и да ги подобриш шансите за вработување, тогаш оваа можност е за тебе! Вклучи се во ИМКА и стекни практично искуство преку работа на реални проекти преку Мерка 4 – Практикантство на АВРСМ. Месечен надоместок: 12.000 ден.Период на практикантство: до 3 месециПозиција: Проектен асистентЛокација: ИМКА Македонија, Битола Кој може да аплицира? Невработени млади лица до 29 години кои:• се евидентирани во АВРСМ• имаат минимум завршено средно образование• немаат работно искуство Што ќе работиш? • Административна и логистичка поддршка на проекти и активности• Работа со документација и архива• Истражување, веб-пребарување и обработка на информации• Поддршка при подготовка на проектни апликации и извештаи• Поддршка при организација на настани и проектни активности Потребно е: познавање на Microsoft Office, е-пошта и Интернет, добро познавање на македонски и англиски јазик, организираност и желба за стекнување нови знаења. Како да аплицираш? Испрати го твоето CV на contact@ymca.mk со назнака ПРИЈАВА ЗА ПРАКТИКАНТ – ПРОЕКТЕН АСИСТЕНТ најдоцна до 17.08.2026 год. По селекцијата од страна на ИМКА, избраните кандидати ќе треба да поднесат пријава за учество во Мерка 4 – Практикантство во работниот клуб на Центарот за вработување. Рокот за пријавување во АВРСМ е 21.08.2026 год. или до исполнување на предвидениот опфат на корисници. Кандидатите кои ќе бидат селектирани за интервју ќе бидат контактирани.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор