Промовиран е брифинг за политики за ефикасно и одговорно управување со водите
Здружението на граѓани ФЛОРОЗОН – Центар за еколошка демократија објави нов бриф за политиките подготвен во рамките на проектот „Граѓански мониторинг за одговорно управување со водите“.
Документот е развиен со цел да придонесе кон подобрување на системот за мониторинг, превенција и институционален одговор во случаи на загадување и ризици што влијаат врз водните ресурси. Ги анализира клучните предизвици поврзани со мониторингот на водите, координацијата меѓу надлежните институции, навременото дејствување на терен, како и потребата од појасни процедури и одговорности.
Документот е базиран на истражувања засновани на докази и теренски набљудувања од неколку различни локации во сливот на реката Вардар и нуди конкретни препораки насочени кон:
- воспоставување појасни критериуми за идентификување на критичните точки на следење;
- подобрување на протоколите за одговор во случаи на еколошки инциденти;
- зајакнување на меѓуинституционалната координација;
- поместување на фокусот од повремени интервенции кон систематска превенција и санација на изворите на загадување;
- обезбедување поголема вклученост на локалните заедници и граѓанското општество во мониторингот и заштитата на водните ресурси.
Подготовката на овој документ е дел од пошироките напори на FLOROZON за промовирање на транспарентно, одговорно и одржливо управување со природните ресурси, во согласност со принципите на еколошката демократија.
Документот е достапен на следниов линк: МК верзија ; АНГ верзија
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на граѓани ФЛОРОЗОН-Центар за еколошка демократија Скопје



![[Aggregator] Downloaded image for imported item #47259](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/04/IMG_20260417_171358-768x1024-1.jpg)

![[Aggregator] Downloaded image for imported item #47263](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/04/1_2-768x512.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #47255](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/04/1f3861a3-84a5-4df1-97e1-d45eb634511e-1024x768-1-768x576.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #47257](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/04/svetski-den-planeta-zemja-1024x819-1-768x614.png)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #47174](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/04/2-1024x768-1-768x576.jpg)