Барање за понуда за креирање на видеа
Почитувани,
Центарот за граѓански комуникации во рамки на проектот „Фер трошење за фер избори: Следење на јавните набавки на општините во изборната година“ финансиран од Национална фондација за развој на граѓанското општество Граѓански ресурсен центар Скопје (ГРЦ), има потреба од креирање на две видеа за потребите на предвидената онлајн кампања за промовирање на наодите и препораките од извештаите за подостапно, полесно и поефектно разбирање на содржината од што е можно поширок круг на публика и заинтересирани страни.
За таа цел, бараме понуда со следната спецификација:
2 (две) информативни видеа – изработени врз основа на наодите и препораките од извештаите. Двете видеата треба да содржат нарација на македонски јазик од вокален артист, а титл на албански јазик. Максимална должина на видеата треба да биде до 2 минути. Видеата треба да бидат комбинација од автентични снимки, анимации и сток снимки во зависност од содржината.
Видеата треба да бидат соодветни, по содржина, изглед и формат за онлајн промовирање на социјалните медиуми. Истите ќе се објавуваат по претходно одобрување од нарачателот.
Предвидената вкупна максимална сума за изработката на видеата рамковно изнесува 53.850 денари без вклучен ДДВ (проектот е ослободен од плаќање ДДВ).
Ве молиме, вашите понуди да ни ги доставите најдоцна до 21.04.2026 година (вторник) до 16 часот. Понудата треба да ги содржи следните елементи:
- Податоци (со линкови) за последно изработени видеа и релевантно искуство врз чија основа ќе се изврши изборот;
- CV на тимот што ќе биде вклучен во изработката на видеата;
- Финансиска понуда – цени изразени без ДДВ.
- Рок на извршување на услугата.
Во изборот на најповолната понуда ќе бидат земени предвид сите елементи од понудата.
За евентуалните појаснувања или прашања ве молиме користете ги нашите електронски адреси: vtrajkovic@ccc.org.mk или center@ccc.org.mk.
Со почит,
Весна Трајковиќ 070 335 804
Центар за граѓански комуникации
(02) 3213 513, center@ccc.org.mk, www.ccc.org.mk
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Центар за граѓански комуникации ЦГК



![[Aggregator] Downloaded image for imported item #47072](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/04/website-featured-image1-6-768x432.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #47076](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/04/logo-1-768x171.jpg)


![[Aggregator] Downloaded image for imported item #44829](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/02/mhc-mk-default.webp)