GreenLead започна нова фаза: Пилот програма за МСП
Со задоволство го споделуваме Билтен бр. 3 на GreenLead, каде ги претставуваме најновите резултати и активности на проектот.
Од април 2026, GreenLead ја започна пилот фазата во партнерските земји, со цел да поддржи мали и средни претпријатија (МСП) во зелената транзиција преку обуки, дигитални алатки и практични решенија.
Во рамки на проектот е развиена програма за обука со:
- 6 модули
- 5 јазици
- зелени и дигитални вештини
- содржина усогласена со ЕУ стандарди
Дополнително, достапна е и GreenLead е-платформа за учење, со бесплатен пристап, онлајн курсеви и можност за сертифицирање.
GreenLead им помага на компаниите да станат поконкурентни, поодржливи и подготвени за идните европски барања.
📩 Контакт: ecologic.mk@gmail.com
🌐 Повеќе информации: www.greenlead-project.eu
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на граѓани за заштита и унапредување на животната средина "ECO - LOGIC"


![[Aggregator] Downloaded image for imported item #47018](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/04/1.png)





