[Aggregator] Downloaded image for imported item #46963

Национална кампања – Cyber Ready Challenge

IMPETUS – Центар за интернет, развој и добро владеење ја лансира националната кампања Cyber Ready Challenge, со цел да ги поттикне учениците и училиштата да се вклучат во учење и промоција на сајбер безбедноста и дигиталните вештини.

Кампањата ја промовира платформата:

🌐 www.cyber-ready.mk

која нуди информации за:

  • сајбер безбедност
  • кариерни можности во ИТ
  • дигитални вештини
  • менторство и обуки

Кампањата е наменета за средношколци, наставници и државни средни училишта во Северна Македонија.

УЧЕСТВО ВО ТРИ РАЗЛИЧНИ КАТЕГОРИИ:

1. УЧЕНИЧКА КАТЕГОРИЈА – Cyber Ready Scholars

Учениците кои креирале нај-ангажирана содржина на социјалните мрежи со која ја промовираат платформата cyber-ready.mk, ќе добијат:

🏆 11 стипендии за обука по сајбер безбедност во СЕМОС Едукација

2. УЧИЛИШНА КАТЕГОРИЈА –Cyber Ready School Badge

Училиштето со најголем број пријавени ученици ќе добие признание за учество во националната иницијатива за сајбер образование:

🏅 Нај – Школо – Cyber Ready School Badge

3. НАСТАВНИЧКА КАТЕГОРИЈА – Cyber Ready Teacher

Наставникот кој ќе мотивира најмногу ученици да се пријават од тоа училиште ќе добие:

🎓 сертификат за Cyber Ready Teacher

ВРЕМЕТРАЕЊЕ

📅 Кампања: 15 дена

Ден 1 – лансирање 15.04.2026

Ден 15 – затворање 29.04.2026

Ден  16  – објава на победници 30.04.2026

КАКО СЕ УЧЕСТВУВА

  1. Право на учество имаат ученици од државни средни училишта во Северна Македонија.
  2. Учениците треба да објават пост – содржина (постер, видео, инфографик, итн) на социјални мрежи (Instagram или Facebook) поврзан со платформата www.cyber-ready.mk;
  3. Постот мора да биде јавен (public).
  4. Користи хаштаг #CyberReadyMK
  5. Тагни ги ФБ страниците на ИМПЕТУС и British Embassy in Skopje
  6. Секој ученик мора да го пријави својот пост преку онлајн форма.
  7. Организаторот ќе направи финална селекција на 11 победници.
  8. Училиштето со најголем број учесници ќе добие Cyber Ready School Badge.
  9. Наставникот кој ќе мотивира најмногу ученици ќе добие Cyber Ready Teacher сертификат
  10. Организаторот има право да дисквалификува содржина што не ги почитува правилата.

НАЧИН НА ИЗБОР НА ПОБЕДНИЦИ

Изборот на победниците ќе се врши врз основа на остварениот engagement на објавата, според следната методологија:

👍 Like = 1 поен

💬 Comment = 2 поени

🔁 Share = 3 поени

Со оваа кампања, IMPETUS има за цел да поттикне поголем интерес кај младите за сајбер безбедноста и дигиталните професии, како и да ја зајакне улогата на училиштата и наставниците во насочувањето на учениците кон современи знаења и можности.

This post was originally published on this site.

Продолжи со читање

  • Елаборат за четириесетите – XL Средби на извидници Велес 2026

    Почитувани извидници, извидничкиот одред “Димитар Влахов” од Велес одбележувајќи ја седмата деценија на постоење на извидништвото во Велес и Денот на Државноста на Македонија, Ве поканува на традиционалните XL Средби на извидници 2026. Во периодот од 1975 до 2026 година, успевaме да организираме четириесет Средби на извидници од кои последните…

  • Ново регионално партнерство: Здружението започнува проект поддржан од Western Balkans Fund и Европската Унија

     Со голема чест и задоволство споделуваме дека Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености е добитник на грант од Фондот за Западен Балкан (Western Balkans Fund), кофинансиран од Европската Унија! На 24 и 25 јуни 2026 година во Тирана, Албанија, присуствувавме на дводневната партнерска работилница и свечената церемонија…

  • Успешно реализирана XXVI Вардарска регата “Гемиџии 2026“

    Иако регатата се одвива по 26-ти пат, ова е трета година во која пловидбата заврши во Солун, идентично како онаа на велешките трговци во минатото. Чамците растоварени, пловењето успешно завршено, се сумираат впечатоците од Вардарска регата „Гемиџии“ која по 26-ти пат ја оживеа традицијата и патшествието на велешките трговци во…

  • Од отпад до производ: Како био-отпадот станува дел од нашето секојдневие

    Био-отпадот претставува органски отпад кој потекнува од домаќинствата, пазарите, градините и прехранбената индустрија. Во оваа категорија спаѓаат остатоци од овошје и зеленчук, талог од кафе, лушпи од јајца, лисја и трева.
    Иако најчесто се третира како отпад, био-отпадот претставува вреден ресурс. Во контекст на циркуларната економија, тој се користи како суровина за создавање нови материјали, енергија и производи што повторно се враќаат во економскиот циклус.

    https://unsplash.com/photos/person-holding-eco-not-ego-signage-_kB9NKpErH4
    Во традиционалниот модел, био-отпадот најчесто завршува на депонии, каде што при разградување без кислород се создава метан – силен стакленички гас кој придонесува за климатските промени. Во циркуларниот пристап, истиот отпад се третира како ресурс и се трансформира во компост, биоматеријали, природни ѓубрива и иновативни производи. На овој начин се намалува количината на отпад, се намалуваат емисиите и се поттикнува развој на зелени технологии и локални бизниси.
    Овој пристап е тесно поврзан со пораката „Eco, not ego“, која потсетува дека одржливите избори ја ставаат еколошката одговорност пред краткорочната индивидуална удобност. Со тоа, био-отпадот се гледа не како проблем, туку како почеток на нов циклус на вредност, обновување и одржлив развој.

    Примери на продукти изработени од био-отпад

    Биопластика и дизајн-предмети од талог од кафе – Coffeefrom (Италија): Италијанскиот стартап Coffeefrom го претвора искористениот талог од кафе во биопластика и композитни материјали кои се користат за дизајнерски производи, пакување и индустриска примена, покажувајќи дека дури и секојдневниот отпад може да добие нова вредност.

    (Извор: EU-Startups, август 2025 – eu-startups.com | Renewable Matter – renewablematter.eu)

    Биоразградливо пакување од мицелиум и земјоделски отпад – Grown.bio (Холандија): Компанијата Grown.bio користи мицелиум и земјоделски отпад за производство на целосно биоразградливи пакувања и изолациски материјали кои нудат одржлива алтернатива на пластиката и стиропорот.

    (Извор: European Circular Economy Stakeholder Platform – circulareconomy.europa.eu | Saladplate, октомври 2025 – saladplate.com)

    Еко-кожа од манго отпад – Fruitleather Rotterdam (Холандија): Fruitleather Rotterdam го рециклира отпадот од манго што не ги исполнува пазарните стандарди и го претвора во издржлив вегански материјал кој се користи за изработка на чанти, паричници и други модни производи.

    (Извор: Plant Based News, мај 2025 – plantbasednews.org | Nature Biotechnology, 2025 – nature.com)

    Фото:https://unsplash.com/photos/a-pile-of-garbage-sitting-on-top-of-a-grass-covered-field-pprCuLQopHw
    Овие примери покажуваат дека отпадот не мора да биде проблем кој треба да се отстрани. Со соодветна креативност, технологија и визија, тој може да стане вреден ресурс кој создава нови производи, нови работни места и помало влијание врз природата.
    Циркуларната економија нè учи дека секој материјал има потенцијал за нов живот. Наместо да гледаме на био-отпадот како нешто без вредност, можеме да го препознаеме како можност за иновации и одржлив развој. Токму во оваа промена на перспективата лежи клучот кон поодржлива иднина.
     
    Оваа статија е подготвена во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
    Содржината на оваа статија е единствена одговорност на Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.
    Автори: Јасмина Петровска, Еко Логик и Ана Серафимова, Еко Логик

  • Успешно заврши тркалезната маса за зелена транзиција и CBAM

    На тркалезната маса „Зајакнување на конкурентноста: Енергетската транзиција, CBAM и иднината на македонската индустрија“, Finance Think ја промовираше студијата „Подготвеност за CBAM и зелената индустриска транзиција во Северна Македонија“. Студијата покажува дека подготвеноста за CBAM ќе биде клучен фактор за одржување на конкурентноста на домашните производители на пазарот на Европската Унија. Во 2025 година, извозот […]
    The post Успешно заврши тркалезната маса за зелена транзиција и CBAM first appeared on Finance Think.
    The post Успешно заврши тркалезната маса за зелена транзиција и CBAM appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор