Untitled Design(5)

ЈАВЕН ПОВИК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

ФЛОРОЗОН – Центар за еколошка демократија објавува јавен повик за ангажирање на 2 новинари / истражувачки новинари за подготовка на медиумски стории за заштита на животната средина, во рамки на проектот „Enhanced civic engagement for environmental protection“.

Клучни информации
• Број на ангажирани лица : 2
• Вкупен број на производи: 5 медиумски / истражувачки стории
• Период на реализација: месец 4 – месец 8 од проектната имплементација
• Минимален очекуван досег: 5.000 лица

Кој може да аплицира?
• физички и правни лица од областа на медиумите, новинарството и маркетингот кои поседуваат релевантно професионално искуство;
• лица со докажано портфолио во аналитичко, истражувачко или јавно-политичко известување;
• кандидати со искуство во теми поврзани со животна средина, транспарентност, јавна отчетност, локално управување, право и човекови права.

Што треба да се достави?
• CV-ја;
• мотивациско писмо;
• портфолио со најмалку 3 релевантни објави;
• краток концепт-нацрт со предлог теми / пристап;
• докази за претходни обуки од областа на животната средина, доколку постојат.

Начин и рок на поднесување
Апликациите треба да се достават електронски, со назнака „Апликација за новинар / истражувачки новинар – A1.6“, на е-адреса: project@florozon.org.mk или физички на следната адреса: ул.Никола Парапунов бр41, Макотекс , лок 102, 1000 Скопје,  најдоцна до 24.04.2026 . Нецелосните и ненавремено доставени апликации нема да бидат разгледувани.

Описот на работната задача може да го добиете на следниот линк.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на граѓани ФЛОРОЗОН-Центар за еколошка демократија Скопје

Продолжи со читање

  • Јавен повик за ангажирање тројца експерти за напредни обуки за еколошка правда

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) објавува јавен повик за ангажирање тројца експерти за подготовка и спроведување тематски сесии во рамки на три еднодневни напредни обуки за еколошка правда, организирани во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители. Се предвидува ангажирање по еден експерт за следните позиции: Експерт за практиката на Европскиот суд […]

  • Повик за ангажирање млади активисти за соработка со Локал Актив

    Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и Институтот РЕСИС имаат потреба од ангажирање млади активисти од сите региони на земјава, кои би сакале да учествуваат во создавање истражувачки и аналитички стории што ќе се објават н… Повеќе… “Повик за ангажирање млади активисти за соработка со Локал Актив”
    Source

  • ПОВИК за ангажирање млади активисти во рамки на иницијативата Локал Актив

    Институтот РЕСИС и Советот за етика во медиумите на Македонија имаат потреба од ангажирање млади активисти од сите региони на земјава, кои би сакале да учествуваат во создавање истражувачки и аналитички стории што ќе се објават на онлајн медиумите на заедницата Локал Актив Исток, Локал Актив Вардар и Локал Актив…

  • ЈАВЕН ПОВИК: Поставување на онлајн платформа за креирање на профили на локални занаетчии

    Назив на проектот: Дигитално оживување на занаетчиството: Оспособување на младите од руралните средини преку технолошки поттикнати модели на социјални претпријатија Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива – ИЕП го спроведува проектот „Дигитално оживување на занаетчиството: Оспособување на младите од руралните средини преку технолошки поттикнати модели на социјални претпријатија” , кој е дел од програмата BOOST […]

  • Јавен повик за ангажирање на експерти/експертки за имплементација на родово сензитивна менторска програма во правосудството

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА), во рамки на проектот „Менторство во правосудството и младинско учество за родова еднаквост“, објавува Јавен повик за ангажирање на експерти за имплементација на родово сензитивната менторска програма во правосудството. Со јавниот повик се предвидува ангажирање на: Позиција 1 – Експерт/ка – правник/правничка Позиција 2 – Експерт/ка – родов […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор