[Aggregator] Downloaded image for imported item #46550

ЗНМ и ССНМ: Затворањето на РСЕ е загуба за јавниот интерес, потребна е поддршка за независните медиуми

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразуваат жалење поради престанокот на работата на македонскиот сервис на Радио Слободна Европа. Ова е уште еден тежок удар врз критичкото, професионално и јавно одговорно новинарство, не само во Македонија, туку и пошироко во регионот и на глобално ниво, во време кога на јавноста ѝ е потребно повеќе проверено информирање, а не помалку.

Радио Слободна Европа со децении беше препознатлив медиумски глас на слободата, одговорноста и јавниот интерес. Македонскиот сервис постоеше од 2001 година и со отворањето важни општествени теми и одржувањето на високите професионални стандарди остави длабока трага во информирањето на граѓаните. До колешките и колегите кои ја загубија работата упатуваме искрена солидарност, почит и охрабрување. Нивниот труд, интегритет и придонес за јавниот интерес не смеат да бидат занемарени, ниту третирани како обична колатерална штета на политички и буџетски одлуки.

Овој развој уште еднаш покажува дека без стабилни, фер и транспарентни механизми за поддршка, плуралистичкото новинарство останува ранливо. Затоа, ЗНМ и ССНМ уште еднаш потсетуваат дека воспоставувањето на Фонд за медиумски плурализам не е прашање на добра волја, туку демократска потреба и предуслов за поттикнување квалитетно, разновидно и новинарство ориентирано кон јавноста. Советот на Европа со години повикува државите да развиваат стратегии и механизми за одржливост на разновиден медиумски екосистем и за создавање поволна средина за квалитетно новинарство како јавно добро.

Потсетуваме и дека во Македонија ова прашање не е ново. Во рамки на медиумската реформска агенда поддржана од Европската Унија во 2023 година беше подготвен нацрт на нов Закон за медиуми, кој предвидува одредби за создавање на ваков фонд. Дополнително, извештаите на ЗНМ укажуваат дека претходно подготвените нацрт-закони веќе предвидуваат воспоставување на Фонд за медиумски плурализам и разновидност, и истите беа доставени до надлежните министерства, но без понатамошен напредок. Тоа значи дека решенија постојат и истите треба да се претворат во пракса.

ЗНМ и ССНМ затоа бараат од Владата и од сите надлежни институции без понатамошно одлагање да го обноват процесот за воспоставување на Фонд за медиумски плурализам, како независен, праведен и транспарентен механизам што ќе го штити јавниот интерес, ќе ја зајакне разновидноста на уредувачките позиции и ќе придонесе за подобри услови за работа на новинарите и медиумските работници. Ова е од исклучителна важност и за охрабрување на локалното новинарство и локалните медиуми, како и за поттикнување на теми од локален јавен интерес.

Во спротивно, ќе продолжиме да сведочиме на слабеење на критичките гласови, гасење на редакции и натамошно осиромашување на медиумскиот простор, како на централно, а уште повеќе и на локално ниво.

Денес, кога згаснува еден важен медиумски глас, пораката мора да биде јасна: одбраната на медиумскиот плурализам не смее да остане декларативна, затоа се потребни конкретни политики и институционална одговорност.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на новинари на Македонија (ЗНМ)

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор