Mzmp

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМА ЗА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА

Македонско здружение на млади правници (МЗМП), во рамки на проектот “Јакнење на идните правни лидери за владеењето на правото во дигиталната ера” поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје објавува

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМА ЗА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА

1.За Македонското здружение на млади правници

    МЗМП е невладина организација формирана со цел зајакнување на придонесот на младите правници во унапредување на правничката професија, заштита на човековите права и слободи и промовирање на владеењето на правото во Република Северна Македонија. Една од стратешките цели на МЗМП е зголемување на влијанието на младите правници во остварување на владеењето на правото, дигиталните права и справување со ризиците од новите технологии преку практикантски програми, обуки, менторство и застапување за осовременување на правничкото образование.

    Од своето основање, МЗМП вложува во капацитетите на младите правници со цел создавање генерации кои ќе се залагаат за владеење на правото, човековите права и активно учество во процесите на одлучување. Преку практикантската програма, стручни настани, обуки и партнерства со правните факултети, младите правници стекнуваат практични вештини, развиваат критичко мислење и го тестираат правниот систем. Ова станува особено значајно во услови на брза дигитална трансформација, кога заканите за нарушување на дигиталните права и приватноста се зголемуваат, а правното образование ретко ги опфаќа овие теми. МЗМП работи и на едукација на граѓаните со пониско ниво на дигитална писменост, обезбедувајќи поддршка за ранливите категории да ги разберат и заштитат своите права во дигиталниот простор.

    На овој начин, МЗМП продолжува да придонесува кон создавање општество во кое правото ги следи современите предизвици, а човековите права се ефективно заштитени и во дигиталната сфера.

    2. Опис и цели на проектот

      Проектот има за цел да придонесе кон поотпорно и дигитално свесно општество во  Северна Македонија преку зајакнати правни лидери кои го унапредуваат владеењето на правото, интердисциплинарната соработка и застапувањето засновано на докази.

      Специфични цели на Проектот се: (1) Зголемен капацитет за застапување засновано на докази и дијалог за јавни политики за дигитални права, со цел поддршка на информирани иницијативи за унапредување на законодавството и правното образование; (2) Генерација на млади правни лидери зајакнати со експертиза во областа

      на дигитални права, кои соработуваат  со врсници од ИТ секторот за развој на иновативни решенија и поттикнување позитивно влијание во заедницата; (3) Зголемена јавна свест и разбирање на дигиталните права, безбедноста на интернет и одговорното користење на дигиталните алатки, особено кај ранливите групи.

      Проектот ќе се спроведува во период од март 2026 година до декември 2027 година.

      3.За Програмата за практикантска работа

        Целта на Програмата за практикантска работа (Програмата) е да придонесе кон континуирана едукација и градење на капацитетите на младите правници преку унапредување на нивните практични правни вештини и знаења во областа на човековите права, еднаквоста и дигиталните права.

        Здружението ја спроведува Програмата од 2015 година, при што истата успешно ја имаат завршено 693 млади правници.

        Преку Програмата, од една страна се овозможува практична работа со цел младите правници да стекнат практични правни вештини и да станат конкурентни на пазарот на трудот, а од друга страна обезбедува сет на обуки кои ќе им помогнат на младите правници да стекнат дополнителни знаења и вештини.  Програмата има за цел да придонесе кон создавање нова генерација правници оспособени за ефективна заштита на човековите права и одговор на современите правни предизвици во дигиталната ера.

        Во рамки на Програмата, секој млад правник реализира тримесечна практикантска работа во една институција, проследена со учество во структурирани обуки.

        4.Услови за учество, времетраење и надоместок

          Секој кандидат треба да ги исполнува следните услови:

          • Завршени три години правни студии (стекнати 180 кредити);
          • Интерес во областа на заштита на човековите права и дигиталните права;
          • Основно познавање на англиски јазик.

          Од практикантите се бара подготвеност да се обврзат на учество во текот на целокупното траeње на практикантската работа во циклусот од три месеци во период од 13ти април до 13ти јули 2026 година.  

          За практикантите кои ќе бидат селектирани за учество во Програмата е предвиден фиксен месечен надоместок во согласност со Законот за практикантство.

          Бројот на практиканти кој ќе ги опфати Програмата е ограничен.

          5.Градови и институции во кои ќе се спроведува Програмата за практикантска работа

            Градови во кои ќе се спроведува Програмата во периодот април-јули 2026 година се следните:  Скопје, Битола, Прилеп, Куманово и Тетово.

            Програмата се спроведува во соработка со адвокатски канцеларии, приватен сектор, основните судови во РСМ, Уставен суд на РСМ, Управен суд на РСМ, Народниот правобранител, граѓански организации, Агенција за заштита на лични податоци, Агенција за електронски комуникации, Комисија за спречување и заштита од дискриминација и Министерство за дигитална трансформација. Воспоставувањето и продолжувањето на партнерства е во тек и се очекува да биде финализирано пред почетокот на рограмата.

            6.Обуки во рамки на Програмата за практикантска работа

              Во рамки на Програмата покрај тримесечна практична работа, практикантите посетуваат дводневна обука која ќе се фокусира:

              Присуството на обуките е задолжително за успешно завршување на Програмата.

              7.Начин на аплицирање и селекција

                МЗМП ги повикува сите заинтересирани млади правници (вклучувајќи ги и студентите на постдипломски студии по право) да испратат свое резиме/CV и да испратат пополнет формулар за пријавување на електронската адреса ashumkoska@myla.org.mk или на ул. Донбас бр.14 1/6, 1000 Скопје, најдоцна до 05.04.2026година.

                Изборот наинституцијата во која практикантите ќе ја спроведуваат практичната работа го определува Комисија за избор на практиканти формирана од Управен одбор на Македонското здружение на млади правници. Поради расположливите капацитети и бројот на пријавени кандидати, не може секогаш да се гарантира распределба во посакуваната институција, при што се зема предвид и интересот на пријавениот кандидат.

                Сите избрани кандидати кои што ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани.

                Лице за контакт: Ангела Силјаноска Шумкоска

                Е-пошта: ashumkoska@myla.org.mk

                Тел.: 072 223 963

                The post ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМА ЗА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА appeared first on Myla.

                Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонско здружение на млади правници

                Продолжи со читање

                • Јавен повик за изработка на документ за јавни политики

                  Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА), во рамки на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан“, финансиски поддржан од Европската Унија, објавува јавен повик за ангажирање на еден експерт за изработка на документ за јавни политики на тема „Правни и институционални предизвици во областа на шумите и нелегалната сеча“. […]

                • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА 1 (ЕДЕН) УМЕТНИК ЗА ИЗРАБОТКА НА 3 (ТРИ) ЈАВНИ УМЕТНИЧКИ ИНСТАЛАЦИИ ОД РЕУПОТРЕБЕНИ МАТЕРИЈАЛИ

                  Центарот за климатски промени за потребите од спроведување на проектот ,, Младите и жените- двигатели на транзицијата кон одржливо управување со отпадот во руралните средини (WeLEADRural)“, финансиран од Француска агенција за развој (AFD) објавува: ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА  1 (ЕДЕН) УМЕТНИК ЗА ИЗРАБОТКА НА 3 (ТРИ) ЈАВНИ УМЕТНИЧКИ ИНСТАЛАЦИИ

                • Повик за ангажирање на правник за правно советување

                  Хуманитарно здружение „Мајка“ – Куманово објавува повик за ангажирање на дипломиран правник за обезбедување услуги на правно советување за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство во рамки на Советувалиштето. Повикот е отворен за кандидати кои ги исполнуваат предвидените услови, а пријавите се доставуваат електронски со потребната документација согласно објавениот повик најдоцна […]

                • Јавен повик за ангажирање на експерт/ка за ПР и стратешки комуникации

                  Младинската асоцијација „ИМКА Битола“, во соработка со здружение „Конект“ за потребите од спроведување на проектот „Промени за одржливост” поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика Мобилитас објавуваат ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на експерт за ПР

                • Јавен повик за ангажирање на експерт/ка за млади и ЕУ политики (Youth/EU Policy Expert)

                  Младински Совет Прилеп (МСП) објавува јавен повик за ангажирање на експерт/ка за млади и ЕУ политики, во рамки на проектот „Младите ЗА ЕУ“ („Youth for EU – Strengthening Youth Participation and Communication on the EU Integration Path“.) Опис на ангажманот Ангажираниот експерт ќе обезбеди стручна и методолошка поддршка за развој…

                • Повик за ангажирање графички дизајнер

                  Младински образовен форум (МОФ) објавува повик за ангажирање графички дизајнер/ка за креирање креативен концепт и визуелен идентитет за претставување на клубовите на МОФ. Ангажманот опфаќа изработка на: Генерален дизајн Посебни дизајни за клубовите: Дебата; Учиме право; Артивизам; Новинарство. Вкупниот надомест за ангажманот изнесува 60.000 денари бруто. Заинтересираните кандидати/ки треба да достават кратка биографија, портфолио со […]
                  The post Повик за ангажирање графички дизајнер appeared first on МОФ.

                Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

                Регистрирај се за информатор