Untitled Design (8)

Јавен повик за набавка на брзи орални тестови за ХИВ самотестирање

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува јавен повик за доставување понуди за набавка на брзи орални тестови за самотестирање за ХИВ.

Набавката се спроведува во рамки на два проекти имплементирани од ХЕРА, насочени кон подобрување на пристапот до услуги за превенција и рано откривање на ХИВ кај ранливи и клучни популации.

  1. Предмет на набавка

Предмет на набавката е испорака на брзи орални тестови за ХИВ самотестирање.

Вкупна количина: 1.700 тестови.

Набавката се финансира од два проекти:

  • 300 тестови – во рамки на проектот „Здравје во движење“, поддржан од Charity Aid Foundation, со времетраење до јуни 2027 година;
  • 400 тестови – во рамки на проектот „РЕСЕТ: Обнова на еднаквоста и заложбата за ХИВ во РСМ“, поддржан од Фондацијата за СИДА на Елтон Џон, со времетраење до јуни 2028 година.
  1. Технички спецификации

Понудениот производ треба да ги исполнува следните минимални технички карактеристики:

  • Брз тест за ХИВ самотестирање
  • Примерок: орална течност (oral fluid)
  • Време за добивање резултат: до 30 минути
  • Наменет за употреба од страна на корисник (self-test)
  • Индивидуално пакување
  • Тестот треба да ги исполнува минималните стандарди препорачани од Светската здравствена организација за брзи тестови за ХИВ;
  • Чувствителност ≥ 99 %;
  • Специфичност ≥ 98 %;
  • Тестот треба да има CE ознака и/или да биде преквалификуван од Светската здравствена организација (WHO Prequalification).
  1. Рок на употреба

При испорака, тестовите мора да имаат минимален преостанат рок на употреба од најмалку 12 месеци.

  1. Динамика и услови за испорака

Испораката на тестовите ќе се реализира во три одделни испораки, во периодот 2026–2028 година.

Планирана распределба:

  • I испорака: 800 тестови
  • II испорака: 500 тестови
  • III испорака: 400 тестови

Точниот рок на секоја испорака ќе биде договорен со избраниот добавувач.

Испораката ќе се врши врз основа на писмено барање од ХЕРА, доставено најмалку 30 дена однапред.

  1. Финансиски услови

Плаќањето ќе се врши врз основа на доставена фактура, по извршена испорака на тестовите.

Со оглед дека набавката се финансира од два различни проекта, плаќањето може да се врши преку одделни фактури согласно буџетските линии на проектите.

  1. Документација што треба да се достави

Понудувачите треба да достават:

  1. финансиска понуда (цена по тест и вкупна цена)
  2. техничка спецификација на производот
  3. информации за производителот
  4. регулаторни сертификати или одобренија за производот, како што се:
  • CE ознака за in-vitro дијагностички медицински уреди (IVD), и/или
  • WHO Prequalification (WHO PQ), или
  • друго меѓународно признато регулаторно одобрение.
    Како доказ, понудувачот треба да достави копија од сертификатот и/или линк до официјалната страница на релевантното тело.
  1. контакт податоци на понудувачот

 

  1. Критериуми за евалуација

Евалуацијата на понудите ќе се врши во две фази:

  1. Техничка евалуација

Ќе се проверува дали понудата:

  • ги исполнува техничките спецификации
  • ги содржи сите потребни сертификати

Само понудите кои ќе ги исполнат техничките услови ќе бидат разгледувани во финансиската евалуација.

  1. Финансиска евалуација

Договорот ќе биде доделен на понудувачот кој ќе понуди најниска цена, под услов понудата целосно да ги исполнува техничките барања.

  1. Начин на доставување на понуди

Понудите треба да се достават електронски, на следната e-mail адреса: hera@hera.org.mk

со назнака: „Понуда за набавка на брзи орални тестови за ХИВ самотестирање“

  1. Рок за доставување на понуди

Краен рок за доставување на понуди: 30.03.2026

Понудите доставени по истекот на рокот нема да бидат разгледувани.

  1. Дополнителни информации

ХЕРА го задржува правото:

  • да побара дополнителни појаснувања од понудувачите;
  • да не избере ниту една понуда доколку истите не ги исполнуваат условите од повикот;
  • да ја поништи постапката без обврска за избор на понудувач.
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА Скопје

Продолжи со читање

  • Јавен конкурс за извршни директори на МЦМС

    Извршните директори на МЦМС го сочинуваат Одборот на директори кој е орган на секојдневно управување  со работниот процес на МЦМС. Овој конкурс е отворен за избор на 2 извршни директори. МЦМС цели едната позиција да се пополни од редот на внатрешни кандидати (вработените), а другата од надворешни кандидати.  Кандидатите треба да имаат: Конкурсотеотворендо20јули 2026година. Пријавување на конкурсот се врши со електронска порака (е-меил),…

  • Обука за новата FATF препорака 8, 30.06.2026

    Почитувани, Меѓународно е проценето дека мерките за заштита од тероризам и перење пари се злоупотребуваат за намалување на граѓанскиот простор и против работата на НПО. Препораката 8 од FATF бара земјите да спроведат мерки засновани

  • Продолжување на рокот за Повик за учество на обука за обучувачи (ToT) за писменост за вештачка интелигенција во образованието на возрасни

    Рокот за пријавување на Повикот за учество на обука за обучувачи (ToT) за писменост за вештачка интелигенција во образованието на возрасни е продолжен до 7 јуни 2026 година, до крајот на денот. Повикот и сите детали се достапни на следниот линк.

  • ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ / Младински кампови за обука

    📢 ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ Проект: RISE Balkans – Зајакнување на гласот на младите: Одговорност, интегритет, солидарност и граѓанско ангажирање на Балканот (проект бр. 101253022) во рамките на програмата CERV на Европската Унија. Период за аплицирање: 1 јуни 2026 – 20 јуни 2026 Организациски партнер: Центар за граѓански комуникации 🎯 КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИ? Бараме мотивирани млади луѓе кои сакаат: Да се вклучат во граѓански активности и демократски процеси; Да развијат вештини во креирањето…

  • Повик за ангажман на правно лице за логистичка организација и спроведување на четири јавни трибини во Куманово, Свети Николе, Тетово и Прилеп

    „Посилен систем за поправедна здравствена заштита: Намалување на корупцијата“ Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и достапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или…

  • Повик за ангажман на правно или физичко лице за снимање, фотографирање, монтажа и промоција на јавни настани

    „Посилен систем за поправедна здравствена заштита: Намалување на корупцијата“ Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и достапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор