[Aggregator] Downloaded image for imported item #44319

Платформата за борба против корупција достави предлози за годишната програма за работа на Кабинетот на заменик претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење

Во духот на воспоставената соработка со Кабинетот на заменик претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Платформата достави предлог-мерки за Годишната програма за работа на Кабинетот за 2026 година.
Предложените мерки и активности произлегуваат од анализа на состојбите во областа на доброто владеење, превенцијата и борбата против корупцијата, како и од долгогодишното искуство и експертиза на граѓанскиот сектор. Нивната цел е унапредување на транспарентноста, отчетноста и ефикасноста на институциите и зајакнување на системските механизми за владеење на правото.
Предлог-мерките се однесуваат на унапредување на транспарентноста и отчетноста на Кабинетот, зајакнување на координацијата во борбата против корупцијата, следење на имплементацијата на националните стратегии, унапредување на законската рамка и продлабочување на дијалогот со граѓанскиот сектор.
Предлозите се доставени како конструктивен придонес во процесот на планирање и спроведување на јавните политики, во духот на партнерство и отворен дијалог.

Предлозите може да ги најдете тука.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Платформа на граѓански организации за борба против корупција

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор