[Aggregator] Downloaded image for imported item #44829

Оглас за финансиски менаџер/финансиска менаџерка

Назив на работно место: Финансиски менаџер/финансиска менаџерка

Краен рок за пријавување: 26 февруари 2026 година (четврток), 23:59 часот

Електронска адреса за поднесување на апликацијата: helkom@mhc.org.mk

Почеток на ангажманот: што е можно поскоро

Месечна нето плата: почетна 50.000,00 денари

Апликациите задолжително гласат на име „Оглас за финансиски менаџер/финансиска менаџерка“ и сите документи се поднесуваат во pdf формат

Оглас за финансиски менаџер/финансиска менаџерка

Хелсиншкиот комитет за човекови права објавува оглас за вработување на финансиски менаџер/финансиска менаџерка.

Опис и работни задачи:

  • Подготовка и следење на буџетите и спроведувањето на добри финансиски практики;
  • Подготовка на исплатите поврзани со пректите финансирани од Европската Унија и други донатори;
  • Собирање и евиденција на комплетната финансиска документација;
  • Евиденција на трошоци по буџетски ставки;
  • Подготовка на периодични и финансиски извештаи;
  • Комуникација и координација со надворешното сметководство и подготовка на потребни документи;
  • Пресметки на данок на личен доход за исплатите на трошоците кои подлежат на данок на личен доход
  • Подготовка на пресметки, буџети и поддршка во процес на јавни набавки;
  • Предвидување на проблеми и ризици во спроведувањето на проектите;
  • Следење на македонското сметководство и меѓународните сметководствени стандарди;
  • Организација и поддршка во спроведување на ревизии во Хелсиншкиот комитет за човекови права;
  • Организирање на логистика за проектни активност
  • Учество во креирање на методи за fundraising;
  • Поддршка во тековното работење на одделението за финансии на Хелсиншкиот комитет за човекови права, и
  • Други активности поврзани со секојдневното управување со финансиите на организацијата кои не се погоре споменати.

Услови што се бараат за вршење на работата / потребни квалификации:

  • Да поседува диплома за завршено високо образование;
  • Најмалку пет години работно искуство во областа на финансии, од кои најмалку три во граѓанскиот сектор;
  • Познавање на процедури за работење на проекти финансирани од меѓународни донатори (ИПА проекти, Европска Унија, Европската Комисија итн.);
  • Напредно познавање на информатичка технологија, особено познавање на програмата Excel;
  • Напредно познавање и користење на устен и пишан работен англиски јазик;
  • Напредни организациски и комуникациски вештини.

Работен ангажман:

Работното време ќе изнесува 40 часа неделно.

Со избраниот кандидат/ка Хелсиншкиот комитет ќе склучи договор за вработување на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на договорот.

Месечната нето плата е 50.000,00 денари. По истекот на 6 месеци, со можност за зголемување на месечната нето плата и склучување договор на неопределно време.

Работното место е во седиштето на Хелсиншкиот комитет за човекови права на ул. „Наум Наумовски Борче“ бр. 83 во Скопје.

Почеток на ангажманот: што е можно поскоро.

Рок и потребни документи за аплицирање:

Заинтересираните кандидати за работната позиција потребно е да достават кратка биографија (CV) на македонски јазик со наведени проекти на кои кандидатот/кандидатката има работено и мотивациско писмо. Во кратката биографијa потребно е да бидат наведени референци и контакт податоци од две лица од претходни работни места.

Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: helkom@mhc.org.mk  најдоцна до 26 февруари 2026 година (четврток), 23:59 часот, со назнака „Оглас за финансиски менаџер/финансиска менаџерка“.

Постапка за избор на кандидат/ка:

Комисијата за избор на кандидат/ка ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремените и нецелосните апликации нема да бидат земени предвид. Комисијата ќе изработи ранг листа од примените апликации во зависност од степенот на исполнување на квалификациите опишани во овој оглас. Најдоцна до 3 март 2026 година, одбраните кандидат/ки ќе бидат известени дека ги исполнуваат условите за влез во втората фаза на изборот – интервју. Во зависност од резултатите од интервјуто ќе биде избран кандидат/ка кому ќе му/и биде понудена работната позиција.

The post Оглас за финансиски менаџер/финансиска менаџерка appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Хелсиншки комитет за човекови права

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор