Zelen institut

Јавен повик за ангажирање на два технички експерти – проектот ,,Нула биоотпад : Системски промени во партнерство со граѓаните”

Зелен институт Скопје, во партнерство со Националното здружение на сопственици на приватни шуми, со поддршка од Владата на Швајцарија  преку  Цивика мобилитас, во рамките на проектот ,, Нула биоотпад : Системски промени во партнерство со граѓаните”  објавува  јавен повик за ангажирање на два (2) технички експерти (во понатамошниот текст „експерти“), кои ќе обезбедат аналитичка, истражувачка и техничка поддршка во рамки на проект за утврдување и институционално прифаќање на решенија за управување со биоотпадот во следните региони и пилот – општини:

Јавен повик за ангажирање на два технички експерти

  • Експерт 1: Вардарски и Југоисточен плански регион (пилот-општини: Кавадарци и Радовиш)
  • Експерт 2: Источен и Североисточен плански регион (пилот-општини: Берово и Куманово)

Управувањето со биоотпад претставува значаен еколошки, економски и институционален предизвик за општините во Северна Македонија. Недостатокот на систематизирани податоци, ограничените технички капацитети и недоволната координација меѓу засегнатите страни го отежнуваат планирањето и воведувањето одржливи решенија.

Општата цел на проектот е да иницира долгорочна транзиција кон општини со „нула отпад“ преку системско подобрување на управувањето со биоотпадот. Ова подразбира воспоставување модели засновани на податоци, активно граѓанско учество и интерсекторска координација, кои ќе овозможат намалување на загадувањето, спречување на пожари и рационално користење на ресурсите.

Специфичните цели на проектот се: сеопфатна анализа на создавањето и постапувањето со биоотпад во четири пилот-општини (Радовиш, Куманово, Кавадарци, Берово), иентификација и развој на технолошки, финансиски и институционални модели за третман на биоотпад и поттикнување јавна дебата, медиумска видливост и институционална подготвеност за системско управување со биоотпад.

Преку јакнење на институционалните капацитети и мобилизација на засегнатите страни, проектот создава основа за циркуларна економија и одржлив развој. Интервенцијата ги поврзува општините, јавните претпријатија, индустријата, земјоделските, шумските стопанства и граѓанските организации во заеднички процес на анализа и избор на технолошки и регионални концепциски решенија, со цел нивна натамошна плементација и репликација на национално ниво. На тој начин, биоотпадот се трансформира од еколошки и финансиски товар во ресурс со вредност, а општините добиваат алатки за намалување на трошоците и подобрување на животната средина. Проектот придонесува кон системски промени и овозможувачка околина за граѓански ангажман.

Времетраење: Проектот се спроведува во период од 12 месеци.

Целни групи: проектот е насочен кон ангажирање на општини, јавни комунални претпријатија, земјоделци, шумски стопанства, индустриски капацитети и граѓански организации, вклучувајќи ги,исто така и  граѓаните во пилот-општините, со цел унапредување на системското управување со биоотпад.

Преземи го целосниот Опис на работни задачи

Кандидатите треба да  ги достават своите апликации (мотивациско писмо, финансиска понуда, биографија (CV) и предлог-методологија) најдоцна до 26 јануари 2026 година, 16 часот, на е- меил zeleninstitut@gmail.com. со назнака за позицијата за која аплицираат Експерт 1 или Експерт 2

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Зелен институт

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор